Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



10.04.2019 - Комерцијална банка АД Скопје се придружи на светското движење „Pay it Forward“


Комерцијална банка АД Скопје како општествено одговорна компанија се придружи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која е промотор на светското движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на движењето е да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки!

 

Вработени на Комерцијална банка АД Скопје на хепенингот на 14 април во Градскиот парк кај Школка со свои добри дела ќе го поддржат ова големо хуманитарно движење затоа што веруваат дека едно добро дело можеби не изгледа многу, но ако сите направиме нешто добро за другиот, а потоа циклусот на дарежливост и добрина се мултиплицира, може да предизвика да станеме подобри луѓе, а светот поубаво место за живеење. 

 

Дружењето ќе биде побогато и со настанот на Аутизам МК/Autism Awareness MK со кој се заокружува месец април како месец посветен на подигнување на свеста за аутизмот како една состојба која е различна, а сепак слична.

 

Pay It Forward! Продолжи понатаму!

 

KB_fb_post_pay_it_forward





19.07.2019 - Оглас за вработување во експозитура Ресен


 

Комерцијална банка АД Скопје објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на позиција: Помлад соработник (благајник) во Комерцијална банка АД Скопје - Експозитура Ресен на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

·         Завршен Економски факултет со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,

·         Без работно искуство,

·         Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,

·         Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Експозитурата, од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 19.200,00 денари.

Огласот трае заклучно со 26.07.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса  vrabotuvanje@kb.com.mkсо назнака: „Oглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје -Експозитура Ресен”.

 

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел: 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




17.07.2019 – Комерцијална банка ја реализираше првата трансакција со хартии од вредност во странство


Дирекцијата за вршење услуги со хартии од вредност, при Комерцијална банка АД Скопје, на 12.07.2019 успешно ја реализираше првата трансакција со хартии од вредност на странски пазар. Во рамките на предвидениот рок (Т+2) трансакцијата беше и успешно порамнета од страна на Дирекцијата за вршење старателски работи. 

 

Оваа трансакција беше извршена за постоечки клиент, за кој беше проследен и реализиран налог на германската берза Xetra за купување обични акции. Вкупната вредност на трансакцијата изнесуваше 30.110 евра. На 17.07.2019 е реализиран и налог на физичко лице за купување обични акции на Xetra во вкупна вредност од 4.678 евра.

 

Комерцијална банка со оваа трансакција потврди дека за краток период ги воспостави системските услови и законски предвидените процедури за тргување со хартии од вредност во странство по налог на домашни и на странски физички и правни лица. Брокерските и старателските услуги од Комерцијална банка се достапни за вршење трансакции на која било регистрирана берза во светот, при што за клиентите се обезбедени сите потребни информации за условите и трошоците за спроведување на бараната трансакција.

 

Сите дополнителни информации може да ги добиете на телефонските броеви: (02) 3247-431; (02) 3247-432 и (02) 3247-435 или на e-mail адресата kbbroker@kb.com.mk.




16.07.2019 – Комерцијална банка овозможи online аплицирање за потрошувачки кредити


За потрошувачките ненаменски кредити на Комерцијална банка АД Скопје отсега може да аплицирате и електронски (online). За сите физички лица, корисници на услугата електронска банка, кои имаат опција за плаќање, Комерцијална овозможи побрза и поедноставна постапка преку online аплицирањето.
 
Со оваа опција, заинтересираните клиенти може да аплицираат за следните кредити:
 
  • Потрошувачки кредит до 30.000 евра со ЕУР клаузула. Повеќе за условите на следниот линк.
  • Потрошувачки кредит до 600.000 денари без жиранти. Повеќе за условите на следниот линк.
  • Тип Топ Потрошувачки кредит. Повеќе за условите на следниот линк.
  • Кредит врз основа на меница без жирант. Повеќе околу условите на следниот линк.
  • Кредит за пензиoнери. Повеќе за условите на следниот линк.

 

Со најава на интернет банката, корисниците ќе може да ја одберат оваа опција во менито под називот „Online апликации“.
 

За да се пополнат и внесат барањето за кредит и потребните документи во наведениот формат, кредитобарателот треба да има важечка листа на кодови за плаќање. За статусот на поднесеното барање, кредитобарателот ќе може да се информира преку истата апликација.




12.07.2019 – Комерцијална банка спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“


 

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година е спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“, која традиционално се одржува околу верскиот празник Петровден. Годинава, во периодот од 12 до 14 јули, посетителите ќе можат одблиску да ги запознаат живописноста на Галичник и волшепството на изворното македонско културно наследство, чиј дел е и манифестацијата „Галичка свадба“.

 

Свекрвино оро, носење на невестата на вода, поставување на свадбениот бајрак, бричење на зетот, замесување леб ... се народни обичаи кои се дел од галичката традиција, обичаи кои се во неделива хармонија со раскошните носии и неповторливиот галички амбиент.

 

Сето ова придонесува манифестацијата да се доживува во својата единственост и неповторливост. Тоа налага нејзино континуирано негување и презентирање, како нешто драгоцено и свето, што исконски го изразува нашето паметење и постоење.




01.07.2019 – Комерцијална банка ги намали каматните стапки на дозволено пречекорување и на кредитни картички


Ве известуваме дека поради намалување на каматната стапка на благајничките записи, Комерцијална банка АД Скопје, почнувајќи од 01.07.2019 година, ќе изврши намалување на каматните стапки кај дозволеното пречекорување на трансакциските сметки за физички лица и кај дел од кредитните картички за правни и за физички лица.

Новите каматни стапки се подетално наведени на веб-страницата на Банката кај секој поединечен производ, а клиентите ќе добијат известување и преку изводот од сметката/картичката.







А Р Х И В А