Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



29.05.2019 - Финансиска училница на Комерцијална банка за стотина деца во Cineplexx


Комерцијална банка денеска во Cineplexx организираше Финансиска училница за 100 деца, одбележувајќи ги Деновите на финансиската писменост во земјава. Ученици од три основни училишта (Лазо Трповски, Петар Поп Арсов и Владо Тасевски) и од едно средно (Васил Антевски Дрен) на еден поразличен час од вообичаените, со голем интерес слушнаа за финансиските производи, нивните карактеристики, начинот за нивно користење и за избегнување на потенцијалните ризици.

 

Светот на финансиите нуди многу можности, но бара и многу знаење. Целта на Финансиската училница беше токму тоа, да им пренесе што повеќе финансиско знаење на децата за да можат подготвени да влезат во светот на финансиските услуги. Тие дознаа која е предноста да чуваат пари во банка наместо дома, зошто треба да создаваат навики за штедење, кога и за што треба да побараат кредит и како да ги искористат сите поволности што ги нудат електронското и мобилното банкарство.

 

Во контекст на својата докажана општествена одговорност, Комерцијална банка ќе ги одбележи Деновите на финансиската писменост и со други активности. Во филијали во шест градови во земјава (Струмица, Прилеп, Битола, Штип, Гостивар и Куманово) на отворен штанд ќе им ги обезбеди сите потребни информации на заинтересираните граѓани, а ќе има и организирани посети од деца.

 

slika

 

sli

 

slik





13.06.2019 - НАЈПОВОЛНИОТ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ СО ПРОДОЛЖЕН ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД!


Комерцијална банка АД Скопје нуди најповолни готовински кредити со ЕУР клаузула до 30.000 евра без жиранти, со фиксна годишна каматна стапка од 4,9% за првите две години.
 
Во промотивниот период до 30.09.2019, рокот на отплата на кредитот е до 120 месеци. Повеќе информации за кредитот се достапни на следниот линк.


17.06.2019 - Комерцијална банка АД Скопје банка чувар на имот на пензиските фондови Триглав


Пензиските фондови на Триглав Пензиско друштво АД Скопје се новите членови во семејството фондови на кои банка чувар на имот е Комерцијална банка АД Скопје. Во изминатиот период Комерцијална банка и Триглав Пензиско друштво успешно ги создадоа сите услови за редовно и тековно работење на новоотворените пензиски фондови Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и Триглав отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.  
 

Со ова продолжува традицијата на Банката на соработка и придонес во развојот на пензиските фондови, започната во 2009 година, кога Комерцијална банка за првпат стана чувар на имот на пензиски фондови регистрирани во државава. 

 

Како и досега, Банката во улога на чувар на имот на пензиски фондови, согласно своите законски и договорни обврски, ќе обезбеди широк опсег на услуги, како што се: чување на имот, отворање и водење сметки за хартии од вредност во Централниот депозитар за хартии од вредност и наменски парични сметки во Банката, порамнување трансакции поврзани со инвестирање на средствата на фондовите во земјата и во странство, реализација на други инструкции на друштвата за управување со фондови, проверка на пресметаната нето-вредност на имотот на фондовите, известување на друштвата за корпоративни настани и извршување инструкции кои произлегуваат од тие настани, наплата на приходи и други права во корист на фондовите...

 

Комерцијална банка АД Скопје е една од водечките банки во земјава во работењето со старателски услуги, а својата лидерска позиција ја засилува со постојаниот тренд на креирање нови финансиски производи и услуги во овој сегмент.




12.06.2019 - Оглас за вработување во Филијала Прилеп


На 2 (двајца) извршители на позиција: Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население (благајник) во Комерцијална банка АД Скопје - Филијала Прилеп на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата, од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 19.174,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 19.06.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Комерцијална Банка АД Скопје - Филијала Прилеп”.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел: 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




12.06.2019 - Оглас за вработување во Филијала Тетово


На 1 (еден) извршител на позиција: Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население (благајник) во Комерцијална банка АД Скопје - Филијала Тетово, на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата, од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 19.174,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 19.06.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Комерцијална Банка АД Скопје - Филијала Тетово”.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел: 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




12.06.2019 – Второ место за Комерцијална банка на Банкарските спортски игри


Комерцијална банка го освои второто место во генерален пласман на годинешните Банкарски спортски игри, со два бода заостанување зад првопласираниот. Банката имаше натпреварувачки екипи во сите категории, а успешниот пласман се должи на освоените:

 

  1. Прво место
    • Одбојка жени, Одбојка мажи, Пинг-понг жени, Стрелаштво мажи,
  2. Второ место
    • Куглање жени, Куглање мажи
  3. Трето место
    • Шах мажи. 

 

На годинешните, 21-ви по ред, Банкарски спортски игри, организирани од Синдикатот на финансиски организации на Македонија (СФОМ) во Охрид, учествуваа 13 финансиски институции.

 

KB

kb1

kb2




12.06.2019 - Д-р Маја Стевкова Штериева e нов претседател на Македонската банкарска асоцијација


Главниот финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, д-р Маја Стевкова Штериева е избрана за претседател на Македонската банкарска асоцијација. Штериева доаѓа на местото на Коста Митровски, кому, според статутот на Македонската банкарска асоцијација, поради престанок на неговата функција како член на управен одбор на банка, му заврши мандатот.

 

„Благодарам на довербата што ми ја укажавте да ја предводам оваа значајна асоцијација. Македонската банкарска асоцијација е важен чинител во банкарскиот сектор во државата и, иако дејствува како самостоен субјект релативно кратко време, во изминатиот период реализираше повеќе значајни активности. Во наредниот период ќе продолжиме со активностите и програмите кои МБА досега ги практикуваше, но ќе се обидеме да воведеме и некои нови програми и проекти кои ќе придонесат за зајакнување на банкарскиот сектор, негово унапредување и доближување кон сите засегнати страни. Впрочем, тоа е и една од основните улоги на МБА“, истакна Штериева по назначувањето на новата функција.

Д-р Маја Стевкова Штериева кариерата ја почнува во Комерцијална банка во 1993 година и до 2002 година работи во различни сегменти, почнувајќи од Секторот за односи со странство, Дирекцијата за средства и ликвидност и Службата за работа со хартии од вредност, што ѝ овозможува заокружување на искуството во банкарското работење. Во 2002 година е назначена за директор на Дирекцијата за управување со ризици, а во 2005 година за директор на Секторот за управување со ризици и планирање. Од 2008 година ја извршува функцијата Главен финансов директор и член на Управниот одбор. Образованието го има оформено на Економскиот фактултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, каде во 2012 година станува доктор на науки, со докторат на тема „Оперативен ризик и корпоративно управување во финансиски институции“. Учесник е на повеќе семинари, форуми, конеференции во земјата и во странство, меѓу кои е и тренинг-програмата за управување со ризици организирана од универзитетите Georgetown University Washington и UW, Wisconsin, USA. Член е на Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Д-р Штериева е и предавач на Економскиот факултет при Американ Колеџ Скопје, како и на Програмата за управување со ризици и на Програмата за управување со кредитен ризик на Академијата за банкарство и информатичка технологија.
 

Маја Штериева




10.06.2019 - Оглас за вработување


Комерцијална банка АД Скопје отвори оглас за вработување на Помлад соработник - CASHIER во Одделение за оперативно работење, Самостојна дирекција за управување со мрежата на филијали, Комерцијална банка АД Скопје, 2 (дваjца) извршители на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:
  • Завршен Економски факултет со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на експозитурата од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 21.360,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 13.06.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Самостојна дирекција за управување со мрежата на филијали“.

                                                                   

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел. 3-168-412

                                                                     

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.

 

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




08.06.2019 – Комерцијална банка во еко акција: „Чиста навикa“ за почист Градски парк


Над 150 вработени на Комерцијална банка денеска ги засукаа ракавите и заедно со извидниците од Првиот скопски извиднички одред го исчистија Градскиот парк во Скопје. Втората по ред еко акција на Комерцијална банка, под мотото „Чиста навика“, резултираше со собрани над 60 вреќи отпад.

 

Волонтерите од Комерцијална банка со оваа еко акција повторно ги покажаа своите здрави навики и придонесоа нашиот омилен простор, паркот и кејот на Вардар, да станат најдобро место за одмор и рекреација. И најчисто! Вработените со својот тимски дух потврдија дека е потребен мал труд, а голем ентузијазам за да имаме место за живеење со кое сите ќе се гордееме.

 

И годинава, еко акцијата на Комерцијална банка беше поддржана од Пакомак и од Град Скопје. „Чиста навика“, која е дел од стратегијата за општествена одговорност на Банката, има за цел да ја подигне свеста за потребата од здрава и чиста средина.
 
1
 
2
 
3
 
4



31.05.2019 - Комерцијална банка – Ексклузивен спонзор на концертот на Стинг


Комерцијална банка АД Скопје со задоволство ја објавува својата поддршка на еден извонреден настан кој ни претстои - концертот на Стинг, кој ќе се одржи на 2.06.2019 година во Арената Филип II, во рамки на европската турнеја „Моите песни“ (My songs)
 
Стинг, еден од најголемите рок-ѕвезди на светот на сите времиња, ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на The Police и од соло-кариерата. 
Специјалниот гостин на концерот Влатко Стефановски вели дека Стинг отсекогаш му претставувал инспирација, и со неговото ново трио со едночасовен настап, ќе се обиде да ја подготви публиката за концертот на британската мега ѕвезда.
 
Преку ексклузивно спонзорство на овој несекојдневен и по многу нешта единствен концерт, Комерцијална банка АД Скопје продолжува со поддршка на културата и на уникатните вредности и уште еднаш има чест да придонесе кон подигнување на нивото на културното живеење во нашето општество.


30.05.2019 – Годишен извештај на Комерцијална банка АД Скопје за 2018 година


Комерцијална банка АД Скопје го објави Годишниот извештај за своето работење во 2018 година на македонски и на англиски јазик.




28.05.2019 – Комерцијална банка со свој штанд на настанот „Едуцирај се, забавувај се“...


Комерцијална банка АД Скопје, како општествено одговорна компанија, со свој штанд учествуваше на настанот „Едуцирај се, забавувај се“, со кој се означи почетокот на третото издание на Деновите на финансиската писменост во земјава. На платото пред Министерството за финансии, штандот на Банката беше посетен од околу 200 деца.
 

Тие се запознаа со Финансиската училница на Комерцијална банка и со другите финансиски услуги што ги нуди Банката, како што се KomPaу апликацијата, Mastercard Wizz Аir картичката, бесконтактното плаќање... 


Деновите на финансиската писменост ќе се одржат од 29 до 31 мај, во организација на Народната банка и другите регулаторни финансиски институции. Целта на оваа манифестација е децата и останатите граѓани во директна комуникација со претставници на финансиските институции да добијат што повеќе информации и да ја зголемат својата финансиска писменост.
 
За таа цел, Комерцијална банка ќе организира и Финансиска училница на 29.05.2019, во 11 часот, во киното Cineplexx во трговскиот центар Сити мол, на која ќе присуствуваат околу 150 деца. Во филијалите на Банката, пак, во Струмица, Прилеп, Битола, Штип, Гостивар и Куманово ќе има отворен штанд, на кој граѓаните ќе може да ги добијат сите потребни информации за финансиските услуги на Банката, а ќе има и организирани посети од деца.
 
 

sl

 

sl2

 

sl3






А Р Х И В А