Денарско штедење по видување и орочено штедење
Денарското штедење по видување и ороченото денарско штедење на Комерцијална банка АД Скопје се флексибилен начин за заштеда и зголемување на износот на Вашите вложени пари. Преку изборот на периодот на орочување и соодветната каматна стапка, имате можност самите да го креирате штедниот производ кој најмногу ќе Ви одговара.
За Вашиот денарски штеден влог ќе Ви биде издадена штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта или пасош за домашни лица и пасош за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.
Каматни стапки
За денарските штедни влогови по видување и орочените влогови, Банката ја плаќа следната камата:
Орочени штедни влогови | Каматна стапка
Год./пром. | Начин на исплата на камата | Важи од: |
По видување
| 0.01 |
на крајот од календарската година
| 01.08.2015 |
на 1 месец
| 0.02 |
по истек на рок.
| 01.04.2017 |
на 15 дена
| 0.02 |
по истек на рок.
| 01.08.2015 |
на 2 месеци
| 0.02 |
по истек на рок.
| 01.04.2017 |
на 3 месеци
| 0.06 |
по истек на рок.
| 01.07.2018 |
на 6 месеци
| 0.20 |
по истек на рок.
| 01.10.2019 |
на 12 месеци
| 0.50 |
по истек на рок.
| 01.10.2019 |
на 24 месеци
| 1.25 |
по истек на рок.
| 01.10.2019 |
на 36 месеци
| 1.45 |
по истек на рок.
| 01.10.2019 |
Каматните стапки се на годишно ниво и се променливи. Каматата на орочените денарски штедни влогови на 3, 6, 12, 24 и 36 месеци, Банката ја плаќа:
- на денот на истекот на рокот на орочување или
- месечно, доколку орочениот штеден влог е со клаузула за месечно подигање на каматата.
За денарски влогови поголеми од 1.000.000,00 денари Банката нуди стимулативни каматни стапки, кои во зависност од рочноста и висината на влогот се движат од 0,17% - 3,05%.
Минималниот депозит за орочување со месечно подигање на камата изнесува 100.000,00 денари.
Вкупните депозити на депонентите во банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРСМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишана камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законско пропишаниот максимум, разликата во износот, имате право да ја побарувате од стечајната маса на Банката.