Правила на платниот промет со странство за нерезиденти



Под платен промет со странство се подразбира безготовински трансфер на средства од Вашата сметка кон странство – Плаќања, како и прием на парични средства од странство – Приливи. Кај овие трансакции не постојат лимити на изностите кои се трансферираат.

 

Сметката можете да ја користите за Плаќања/Приливи и во Република Македонија и истите можат да се извршуваат во валута Македонски денар (MKD).

 

При извршувањето на Плаќањата/Приливте, потребно е да се придржувате кон следните правила:

 

Во случаи кога Плаќањата/Приливите се прават кон/од правно лице а го надминуваат износот од  50.000 ЕУР во противвредност на друга валута, задолжително е на Банката да ѝ доставите соодветен документ од кој недвосмислено може да се определи основот на Плаќањето/Приливот.

 

Во случаи кога Плаќањата/Приливите се до/од физички лица, а го надминуваат износот од 50.000 ЕУР во противвредност на друга валута, задолжително на Банката да ѝ доставите информација за основот на Плаќањето/Приливот. Во зависност од основот, Банката има законска обврска да Ви побара документ кој е соодветен на дадената информација за основот.

 

По потреба Банката им право да Ви побара дополнителна документација и за износи под 50.000 ЕУР.

 

Максимален износ за уплати во ефектива е 10.000 евра месечно, во противвредност на друга валута. Постои можност за уплата и на поголем износ од претходно наведениот, но истиот треба да биде пријавен кај нашите царински органи за кој треба да Ви издадаат Царинска декларација која важи 5 дена од датата на издавање и во кој период треба да извршите уплата на Вашата сметка.

 

Вадењето на ефектива од нерезидентната сметка е без ограничување на износот.

 

Доколу во текот на работењето со Вашата сметка се забележат одредени трансакции кои се спротивни на законската регулатива на РМ, Банката има право да не ги извршува истите и има право го прекине деловниот однос. 

Објаснување на правилата за наплата на провизиите кај меѓубанкарските плаќања и наплати со странство 

OUR - Испраќачот на средствата ги плаќа трошоците на сите банки вклучени во трансферот - Корисникот на средствата ќе го добие целиот износ;

SHA - Испраќачот на средствата ги плаќа трошоците на својата банка, а Kорисникот на средствата ги плаќа трошоците на сите останати банки вклучени во трансферот - Корисникот на средствата ќе добие намален износ.

BEN - Корисникот на средствата ги плаќа трошоците на сите банки вклучени во трансферот - Корисникот на средствата ќе добие намален износ.

За повеќе инфрмации, Ве молиме да се обратите на нашата контакт-адреса contact@kb.com.mk.