Правила на платниот промет со странство за резиденти



А) Правила за испраќање на пари


Физичко лице жител на Република Македонија - резидент може да испрати средства во странство на друго физичко лице жител на странска земја - нерезидент максимален износ од ЕУР 2.500 месечно.

Физичко лице жител на Република Македонија - резидент може да испрати средства во странство на правно лице со седиште во странска земја - нерезидент износ кој не е лимитиран, но за кој мора до Банката да достави соодветен документ од кој ќе се види основот на плаќањето: фактура, профактура, договор или друго.

Трансфери во странство на домашни физички лица - резиденти кои се однесуваат на семејни животни трошоци (престој во странство заради школување, лекување и други трошоци) како и за лични трансфери на средства во противвредност до ЕУР 2.500 месечно, може да се извршат и без презентација на соодветен документ, доволна е информација. За трансфери поголеми од ЕУР 2.500 задолжително се доставува документ врз основа на кој ќе се утврди основот на плаќање.

За трансфер од физичко лице резидент на сопствена сметка во странска банка, важат правилата според Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство и нејзините дополненија кои можат да се најдат на следниот линк https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-odluka-za-nacinot-i-uslovite-pod-koi-rezidentite-koisto-ne-se-ovlasteni-banki-mozat-da-otvoraat-i-da-imaat-smetki-vo-stranstvo.nspx

Согласно Законот за девизно работење и Упатството за начинот за вршење на платниот промет со странство Сл. весник 141/16; 154/16 и 41/19, за резидентите на Р.Македонија постои забрана за трансфер на средства во странство по основ на купување недвижност, животно и кредитно осигурување и купување сопственички и должнички хартии од вредност.

Банката е должна налогот за плаќање 1450 да го изврши со датум на валута најдоцна третиот ден од денот на прифаќање на налогот, освен ако со налогодавачот не е поинаку договорено.


Б) Горенаведените правила важат и за издавање на Банкарски чек.



В) Правила за добивање на парични средства:



Физичко лице жител на Република Македонија - резидент може да прими средства од странство од друго физичко лице жител на странска земја - нерезидент неограничен износ на средства.

Физичко лице жител на Република Македонија – резидент може да прими средства од својата сметка во странство според Одлуката за начинот и условите под кои резидентите кои што не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство и нејзините дополненија кои можат да се најдат на следниот линк https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-odluka-za-nacinot-i-uslovite-pod-koi-rezidentite-koisto-ne-se-ovlasteni-banki-mozat-da-otvoraat-i-da-imaat-smetki-vo-stranstvo.nspx

 Физичко лице жител на Република Македонија - резидент може да прими средства од странско правно лице со седиште во странска земја - нерезидент износ кој не е лимитиран, но за кој мора на Банката да u даде информација за основот на приливот.

За точно определување на Основот на приливите, консултирајте ја Листата на шифри на основи за девизни приливи. Соодветната шифра и опис треба да се наведат во информацијата која треба да се достави до Банката.

Во зависнот од информацијата на клиентот, Банката согласно законот, може да побара и валиден документ од кој ќе се види основот на плаќањето, особено ако приливот спаѓа во групата на капитални трансфери.

Корисникот на наплата треба да, во рок од 5 работни дена, од денот на приемот на известувањето од Банката, да и ги достави сите потребни податоци за одобрување на средствата на неговата сметка.

Поради специфичноста на Девизниот платен промет и постоењето на т.н. девизен режим, најдобро е да пред секоја намера за извршување на каква и да е девизна трансакција да направите консултација со нашите вработени во Службата за платен промет со странство на тел: 3168 196, 3168 254, 3168 247 или да го прочитате „Упатството за начинот за вршење на платниот промет со странство“, Сл. весник 78/11, посебно точките 27, 28, 38, 41 и 42. Истото можете да го најдете на веб-страницата на Народна банка на РМ, www.nbrm.mk.

г) Објаснување на правилата за наплата на провизиите кај меѓубанкарските плаќања и наплати со странство 

OUR - Испраќачот на средствата ги плаќа трошоците на сите банки вклучени во трансферот - Корисникот на средствата ќе го добие целиот износ;

SHA - Испраќачот на средствата ги плаќа трошоците на својата банка, а Kорисникот на средствата ги плаќа трошоците на сите останати банки вклучени во трансферот - Корисникот на средствата ќе добие намален износ.

BEN - Корисникот на средствата ги плаќа трошоците на сите банки вклучени во трансферот - Корисникот на средствата ќе добие намален износ.

Се надеваме дека овие информации Ви помогнаа во запознавањето на законската регулатива која се однесува на девизното работење во Република Македонија и воедно ќе ги олеснат и забрзаат вашите трансакции и ќе бидете еден од многуте задоволни клиенти на Комерцијална Банка АД Скопје.

 

Лицe за контакт


Маријана Гериќ-Спасиќ, Служба за платен промет со странство
Телефон: (02) 3168-196
e-mail: Marijana.Gerik.Spasik@kb.com.mk и Marijana.GericSpasic@kb.com.mk