Прашања и одговори за бесконтактно плаќање





ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА БЕСКОНТАКТНАТА ТЕХНОЛОГИЈА


Каква корист имам од бесконтактната технологија?

Овој начин на плаќање е побрз и полесен од другите видови на плаќање.

Што добивам од бесконтактната технологија?

  1. 1. Не треба да го внесете Вашиот ПИН код за плаќања под 750 денари;
  2. 2. Нема потреба да се чека долго, бидејќи бесконтактното плаќање го намалува времето кое е потребно да се направи плаќањето;
  3. 3. Вие ја имате контролата, бидејќи податоците на Вашата картичка ќе бидат во Вашата рака за време на извршувањето на плаќањето;
  4. 4. Ќе имате евиденција на сите ваши секојдневни плаќања на изводот од Вашата сметка.

Како можам да знам дали мојата картичка доаѓа со бесконтактна технологија?

Доколку некој од следните симболи ги забележите на Вашата картичка, тоа значи дека таа доаѓа со бесконтактна технологија:

koristenje

 

 

Како можам да добијам бесконтактна картичка?

На нашите клиенти автоматски ќе им издаваме бесконтактни картички кога нивната картичка ќе треба да се обнови или да се замени.


На врвот ^



ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ИЗВРШУВАЊЕТО БЕСКОНТАКТНИ ПЛАЌАЊА


Како можам да ја користам мојата бесконтактна картичка?

  1. 1. Побарајте некој од бесконтактните симболи кога плаќате за трансакции до вредност од 750 денари;
  2. 2. Доближете или допрете ја картичката до терминалот овозможен за бесконтактни плаќања;
  3. 3. Плаќањето е успешно кога ќе видите зелено светло или ќе слушнете звучен сигнал. Заради дополнителна безбедност ќе може повремено да Ви биде побарано да го внесете Вашиот ПИН код.

Како можам да знам дали трговците на мало прифаќаат бесконтактни плаќања?

Секој трговец кај кој е истакнат некој од симболите за бесконтактна технологија може да прифати бесконтактно плаќање.

koristenje

 

 

Каде можам да ја користам мојата бесконтактна картичка?

Со Вашата бесконтактна картичка можете да плаќате бесконтактно секаде каде што ќе видите некој од симболите за бесконтактно плаќање. Веќе постојат голем број трговци во Република Северна Македонија кои нудат бесконтактно плаќање, а нивниот број и натаму постојано ќе се зголемува.

Со Вашата бесконтактна картичка можете да плаќате и на вообичаениот начин (со внесување ПИН или потпис) секаде каде што се прифаќаат платежни картички, во случај да нема техничка можност за бесконтактно плаќање.

Може ли со помош на картичката овозможена за бесконтактно плаќање да добијам готовина од банкомат бесконтактно?

Не, не можете да добиете пари од банкомат бесконтактно. Постапката за повлекување готовина од банкомат е стандардна како и за сите останати картички.

Колку блиску треба да биде картичката до терминалот овозможен за бесконтактни плаќања?

Треба да ја држите Вашата бесконтактна картичка неколку сантиметри од терминалот кој прифаќа бесконтактни плаќања. Ако решите да чувате повеќе картички во Вашиот паричник или чанта додека плаќате, во тој случај само една картичка ќе биде прочитана на терминалот овозможен за бесконтактни плаќања.

Дали постои лимит на вредноста на производите кои ќе ги платам со мојата бесконтактна картичка?

Лимитот за бесконтактните трансакции со картичките на Комерцијална банка е 750 денари. Над таа вредност ќе Ви биде побаран ПИН код.

Дали има дополнителни надоместоци за плаќањата извршени со бесконтактната картичка?

Нема дополнителни надоместоци за користење. Важат стандардните надоместоци и провизии.

Како да знам дека плаќањето е извршено?

Терминалот овозможен за бесконтактни плаќања сам ќе покаже дека плаќањето е извршено – зеленото светло или звучниот сигнал се знак за успешна трансакција.

Дали ќе добијам сметка за извршената трансакција?

Бесконтактните плаќања се дизајнирани со цел трансакциите со ниска вредност до 750 денари да се извршат брзо и практично. Доколку сакате да добиете сметка, само треба да му кажете на трговецот да Ви ја издаде.

Ако носам повеќе вакви картички во мојот паричник, која ќе биде искористена ако го доближам или допрам паричникот до терминалот овозможен за бесконтактни плаќања?

Секогаш е подобра идеја да ја извадите картичката од паричникот за да ја допрете до терминалот овозможен за бесконтактни плаќања – ова ќе Ви обезбеди сигурност во врска со тоа од која картичка ќе платите. Доколку на терминалот допрете повеќе картички, ќе се појави црвено светло кое кажува дека плаќањето не е комплетирано.

Можам ли да ја користам оваа картичка во странство?

Да, секаде каде што постои симбол за бесконтактно плаќање.


На врвот ^



ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА БЕЗБЕДНОСТА


Дали бесконтактната технологија е безбедна?

Да. Бесконтактната технологија е една најновите видови на безбедна технологија за енкрипција (исто како чип и ПИН), што значи дека можете да се чувствувате сигурни кога ја користите за плаќање. Постои максимален износ од 750 денари дозволен по трансакција и повремено ќе биде побарано од Вас да го внесете Вашиот ПИН код за да се провери кој е вистинскиот сопственик на картичката. Ако Вашата картичка е изгубена или украдена, препорачуваме да ја споделите со Банката таа информација веднаш штом сфатите дека Ви ја нема картичката.

Може ли без мое знаење да се изврши трансакција ако поминам покрај терминалот овозможен за бесконтактни плаќања?

Не. Прво, трговецот на мало мора да го внесе Вашиот износ и да го одобри, а потоа Вашата картичка треба да ја задржите неколку сантиметри оддалечена од терминалот за време од половина секунда.

Може ли деталите на мојата картичка да бидат пресретнати за време на плаќањето?

Бесконтактната технологија работи само кога картичката е во близина на терминалот овозможен за бесконтактни плаќања. Ова прави речиси невозможно какви било детали да бидат откриени додека се употребува. Исто така, секој терминал овозможен за бесконтактни плаќања содржи безбедносна технологија.

Дали има какви било шанси плаќањето да биде извршено двапати од мојата картичка?

Нема. Терминалите оспособени за бесконтактни плаќања се во можност да направат само една трансакција во исто време. Како заштитна мерка, секоја трансакција мора да биде целосна или неважечка пред да биде извршена некоја друга трансакција.

Како да знам дека мојата информација за извршена трансакција е безбедна?

Платформите за бесконтактната технологија се базираат на безбедна „EMV“ чип-технологија, која обезбедува заштита на податоците и сигурност на трансакцијата преку користење на клучеви и најнова технологија за енкрипција. Трансакциите се извршуваат преку истата мрежа за плаќање како и чип-трансакциите.

Ако мојата картичка е изгубена или украдена, може ли лицето кое ќе ја најде да ја користи постојано?

Ако некој направи неколку бесконтактни плаќања по ред, ќе биде побарано да внесе ПИН на картичката поради безбедност. Бесконтактните трансакции се дополнително заштитени со фактот дека тие можат да се направат за трансакции во вкупна вредност од 750 денари или помалку. За трансакции над тој износ на корисникот ќе му биде побарано да се направи чип и ПИН плаќање на вообичаениот начин. Ако Вашата картичка е изгубена или украдена би било пожелно веднаш да ја известите Банката.

Што треба да правам ако мојата бесконтактна картичка е изгубена или украдена?

Треба да нѐ известите што е можно поскоро со повик на (+389 2) 3247-474. Ако некој со измама ја има употребено Вашата бесконтактна картичка за да направи трансакција, сѐ додека ги чувате Вашите податоци безбедно, нема да бидете одговорни за какви било загуби.



На врвот ^