Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



08.05.2018 - Комерцијална банка АД Скопје – Добитник на награда и признание од МБ


Комерцијална банка АД Скопје, како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност, со задоволство објавува дека на „19-та годишна конференција на Македонската берза” е добитник на следнава награда и признание:

1.  „Кристално ѕвоно” за постигнато второ место за најтранспарентно котирано акционерско друштво на Македонската берза за 2017 година;

2. Плакета за постигнато второ место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2017 година.
 
 
plaketa
 
kristalno zvono





20.03.2019 - Известување


Согласно член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва објавен во Сл. весник на РСМ бр.248/2018, Комерцијална банка АД Скопје ги известува сите ополномоштени лица кои се овластени од повеќе од еден акционер да учествуваат во работата на претстојното Собрание на Банката, за дадените полномошна да ја известат Комисијата за хартии од вредност на РСМ најдоцна пет работни дена пред одржување на Собранието односно најдоцна до 27.03.2019 година. При известувањето, ополномоштените лица да го користат образецот за известување од полномошник на собрание на акционери, објавен на интернет страницата на Комисијата за хартии од вредност на РСМ.


13.03.2019 - Комерцијална банка со сопствен систем за производство на електрична енергија


Поттикнати од глобалното движење за производство на чиста енергија од обновливи извори и водена од својата општествена одговорност, Комерцијална банка АД Скопје со гордост го претставува сопствениот систем за производство на електрична енергија од сончево зрачење.

 

Платформата со фотоволтаични панели е поставена на кровот на деловниот објект КБ-2 во центарот на Скопје. Се состои од 81 панел со моќност од 300 W по панел и два струјни инвертора поврзани со напојувањето на зградата. На овој начин  дел од потребната електрична енергија Комерцијална банка АД Скопје ја обезбедува од сопствени извори, а остатокот го надополнува од електричната мрежа. Целокупната произведена електрична енергија се употребува за потребите на деловниот објект.

 

Системот е пуштен во функција во декември 2018 година. Во убав сончев ден произведува повеќе од 100 kWh електрична енергија дневно. Благодарение на оваа инвестиција, Комерцијална банка АД Скопје за три месеци спречи во атмосферата да се емитуваат речиси два тона СО2,  кои би биле испуштени доколку ова количество електрична енергија било произведено во термоцентрала со согорување на јаглен.

 

Ова е придонес и дел од напорите на Комерцијална банка АД Скопје за намалување на загадувањето во Скопје.
 
Paneli



07.03.2019 - Оглас за вработување


Помлад соработник за платен промет во земјата и за работа со население, во Одделение за платен промет во земјата и работа со население, Комерцијална банка АД Скопје-Филијала Кочани, 1 (еден) извршител на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата, од понеделник до петок: од 08:00 до 17:00 часот,  и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 19.200,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 16.03.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Филијала Кочани”.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел.: 3-168-412.

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

 

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




07.03.2019-Комерцијална банка - Генерален спонзор на Струмичкиот карневал


Повеќе од една деценија Комерцијална банка АД Скопје е Генерален спонзор на манифестацијата „Струмички карневал“ која  традиционално се одржува во рамки на „Тримерските празнувања“ (празникот на армасаните девојки).

 

Струмичкиот карневал од страна на списанието Arabian travel е прогласен за еден од 20-те врвни улични карневали во светот, а нашето Министерство за економија го прогласи за најдобра туристичка манифестација. 

 

Секоја година манифестацијата „Струмички карневал“ привлекува над триесет илјади посетители од земјава и од странство.   

 

Главната карневалска вечер ќе се одржи на 9 март 2019 година и во неа ќе  учествуваат над 2.500 маскирани лица во поворка.







А Р Х И В А