Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



18.09.2018 – Поддршка на значајни културни настани во септември


Спонзор на Фестивалот „Браќа Манаки“

 

Банката е спонзор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој се одржува во Битола. Фестивалот кој оваа година ќе се одржи од 22 до 29 септември по 39-ти пат, се вбројува меѓу најзначајните културни настани во Република Македонија.

Со својот интернационален карактер и атрибути на гала-настан кој ја привлекува уметничката, академската и политичката елита од нашата земја и од регионот, „Браќа Манаки“ претставува редок општествен настан кој привлекува големо внимание кај домашната јавност. Годинава се подготвува извонредна програма со над 120 поканети гости од странство.

 

 

Банката спонзор на Интернационалниот фестивал за поп-музика „Еврофест 2018“

 

Комерцијална банка АД Скопје оваа година е спонзор на дваесетивториот Интернационален фестивал на забавни мелодии „Еврофест 2018“ - добитник на високото признание WAFA – Светска организација на фестивали.

Овој фестивал ќе се одржи на 28 и 29 септември 2018 година на две локации – како дисперзиран проект во родното Крушево на Тоше Проески, каде пејачите од 12 земји ќе положат цвеќе на гробот на Тоше а вечерта ќе пеат во негова чест. Истата програма ќе биде изведена следниот ден на 29 септември во салата на Домот на Армијата во Скопје и ќе биде снимена за одложено емитување.

Со поддржување на овој фестивал Банката уште еднаш придонесува достоинствено да се одбележи  чинот на чествување како што заслужува овој великан – нашата национална гордост во чија чест ќе пеат победниците – лауреати на европските фестивали, заедно со нашите.






15.02.2019 - Оглас за вработување


Стручен соработник за односи со клиенти во Секторот за кредитирање на стопанство во Комерцијална банка АД Скопје, 2 (двајца) извршители на неопределено време.

 

Потребни квалификации и способности:

 

  • Завршен Економски факултет  ВС VII/1 или најмалку 180 (ЕКТС) кредити,
  • Најмалку 3 години работно искуство
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Познавање на финансиска анализа на нефинансиски правни лица,
  • Познавање од оценка на инвестициони проекти и кредитнтно портофолио,
  • Познавање на управување со кредитно досие (барање, кредитна анализа, препорака со предлог одлука за одобрување/неодобрување на барањето) и комплетирање и ажурирање на документација во кредитно досие
  • Компетенции (комуникациски вештини, аналитички и статистички вештини, приоретизирање и организирање во работата, остварување на резултати и квалитет, тимска работа).

 

Предност ќе имаат вработени во банкарски институции.

 

Работно време: 40 часа неделно, од понеделник до петок: од 08:00 до 16:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 33.000,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 24.02.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена по истекот на рокот за пријавување.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и уверение за завршено образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување на Стручен соработник за односи со клиенти во Секторот за кредитирање на стопанство“.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел.: 02/3168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




06. 02.2019 - Нови поволности со Интернет банка и со мБанка за физички лица


Комерцијална банка АД Скопје на своите корисници на Интернет банка им овозможи нова опција, а тоа е самостојно ресетирање на заборавена лозинка за најава на сопствениот интернет-профил.

 

Дополнително, на корисниците на мобилната апликација мБанка им овозможи нова услуга за пренос на средства од сопствена денарска/девизна штедна книшка по видување кон сопствена денарска трансакциска тековна сметка, односно сопствена девизна сметка.




06.02.2019 - Интернет банка и мБанка за физички лица – се воведува максимален дневен, месечен и лимит за поединечна трансакција


Почитувани корисници на Интернет банка и мБанка,

 

Со цел да се зголеми заштитата при електронските плаќања преку Интернет банка и преку мобилната апликација мБанка, Банката воведува максимален дневен, месечен и лимит за поединечна трансакција, кои се дефинирани во Општите услови на Комерцијална банка АД Скопје за користење на услугите на електронско банкарство за физички лица. Доколку сакате да направите промена на својот дневен, месечен и лимит за поединечна трансакција, до износ на максимално утврдените лимити, истото може да го направите преку веб-страницата на Интернет банката, користејќи листа на кодови или сигурносен токен.

 

Промените на лимитите за Интернет банка и за мБанка може да ги направите во делот „Мое мени“ – „Промена на лимити.“




04.02.2019 - Продолжена соработката со Црвениот крст на Македонија


Комерцијална банка АД Скопје девет години во континуитет има плодна соработка со Црвениот крст на Република Македонија како Генерален покровител на проектот „Подобра социјализација на децата и младите со посебни потреби“.

Основен мотив за вклучувањето во овој проект е да им овозможиме на децата и младинците со посебни потреби да го развијат здравиот дух и креативниот капацитет, дополнително да се едуцираат и целосно да се интегрираат во нашето општество.

Продолжувањето на соработката со Црвениот крст и поддршката на овој проект ги потврдува нашите напори за долгорочен и систематски пристап кон подобрувањето на благосостојбата на ранливите групи во заедницата и е во согласност со стратегиските заложби на Банката на полето на општествената одговорност.





А Р Х И В А