Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



13.12.2019 – Комерцијална банка со предновогодишна донација за Центарот за згрижување деца од улица


Веќе 11 години Комерцијална банка АД Скопје другарува со децата од Дневниот центар за згрижување и едукација на деца од улица во Шуто Оризари. Овој пат, традиционално пред Нова Година, Банката за нив организираше посета на киното „Милениум“, каде го гледаа синхронизираниот детски филм-комедија „Тера Вили“.

 

Во духот на новогодишните дарувања, Банката им подари на децата чоколадни задоволства и прехранбени продукти за појадок за овој месец за нивното задоволство од забавата да биде комплетно.

Координаторот на Центарот ја пренесе огромната благодарност до Комерцијална банка, потврдена и со десетици рачно изработени честитки од децата.
 
nova godina
 
nova godina
 



10.12.2019 – Голема наградна игра за корисниците на Mastercard® и KomPay – „Бесконтактно плати и награда фати“


Започнува големата наградна игра за корисниците на Mastercard® и KomPay на Комерцијална банка АД Скопје. Плаќајте бесконтактно и играјте за Toyota Corolla Hybrid или за 90 други награди!

 

Учеството е многу едноставно и можете да си обезбедите повеќе шанси за награда. Во периодот од 9 декември 2019 до 12 јануари 2020 година, со секоја Ваша бесконтактна трансакција на продажни места во земјата со Mastercard® картичките за физички лица од Комерцијала банка од најмалку 200 денари ќе добиете една шанса за добивка. А, со секоја трансакција од најмалку 200 денари направена со KomPay мобилната апликација за бесконтактни плаќања ќе добиете две шанси.

 

Колку повеќе бесконтактни плаќања – толку повеќе шанси за награда. Главната награда е автомобил Toyota Corolla Hybrid и ќе ја доделиме на главното извлекување на 22 јануари 2020 година.

 

Претходно, секоја недела ќе доделуваме по 1 (еден) смартфон Samsung Note 10,1 (еден) лаптоп HP Pavilion i7, 1 (еден) електричен тротинет Hamachi, 5 (пет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ во вредност од 5.000 денари и 10 (десет) гифт-картички во вредност од 3.000 денари.

 

Неделните извлекувања ќе бидат на 18 декември 2019, 25 декември 2019, 2 јануари 2020, 8 јануари 2020 и 15 јануари 2020 година. Во нив ќе учествуваат сите трансакции (кодови за учество) направени во текот на соодветната недела, а во извлекувањето за главната награда ќе учествуваат сите кодови направени во периодот од 9 декември 2019 до 12 јануари 2020 година, кои не се добитни во неделните извлекувања.

 

Следете ги Facebook страницата и интернет-страницата на Комерцијална банка за дознаете дали сте добитник на награда.

 

Правила на наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“

 

slika



06.12.2019 – Комерцијална банка АД Скопје добитник на наградата 2018 ЕUR Operational Excellence Award


И оваа година Комерцијална Банка АД Скопје е добитник на наградата 2018 ЕUR Operational Excellence Award, која ја доделува Дојче банк. Оваа награда е признание за беспрекорната директна обработка на меѓународните плаќања од страна на Комерцијална банка. Банката со ова традиционално ја потврдува својата лидерската позиција во областа на девизното работење.


04.12.2019 – Комерцијална банка организираше „Ден за Вас“ на тема „Нови можности за финансирање и инвестирање“


Комерцијална банка АД Скопје континуирано ги информира и ги едуцира своите клиенти за сите новини со цел да го подобрат нивното финансиско работење.  Во организација на Банката на 4 декември 2019 година се одржа уште еден ексклузивен настан - „Ден за Вас – Нови можности за финансирање и инвестирање“.

 

Многубројни  клиенти на Комерцијална банка, имаа можност да се информираат за новата Програма развиена од ЕБРД за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија, потоа за можностите за тргување на странските пазари, како и за купувањето удели во инвестициските фондови на друштвото КБ Публикум инвест.

 

Ни претставува особено задоволство што понудените теми во презентациите беа интересни и корисни за присутните. Комерцијална банка АД Скопје ќе продолжи посветено да работи на задоволување на потребите на своите клиенти.
 
Ден за вас
 
Ден за вас
 
Ден за вас
 
Ден за вас
 
Ден за вас
 
Ден з вас
 



20.11.2019 – Global Finance ја прогласи Комерцијална банка за „Најдобар FX Провајдер во Северна Македонија за 2020 година“


Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Најдобар FX Провајдер во Северна Македонија за 2020 година“ (најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во земјава) од страна на светскиот магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД.

 

Ова е деветто по ред признание за најуспешно работење на Комерцијална банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во Северна Македонија, доделено од Global Finance.

 

Изборот за најдобар FX Провајдер на финансиските пазари во земјава е направен врз основа на неколку критериуми, кои вклучуваат: големина на трансакции, пазарно учество, обем на глобална покриеност, ниво на услуга кон клиентите, конкурентни цени и користење иновативни технологии. Наградата е уште една потврда за високиот квалитет на услуги кои Комерцијална банка ги нуди и за богатата понуда на финансиски инструменти, како и за конкурентноста и лидерската позиција на Банката во областа на тргувањето на домашните и на глобалните финансиски пазари.






А Р Х И В А