Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



06.05.2019 – Работење на експозитури на 07.05.2019


Ве известуваме дека утре, 07.05.2019 година (вторник), поради посетата на Папата Франциск и ограничениот режим на сообраќај во Скопје, експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје во Скопје нема да работат.

 

Останатите експозитури и филијали на Банката низ Републиката ќе работат со редовно работно време.

 

Потсетуваме дека 24 часа во денот, низ целата земја, на располагање се банкоматите на Банката, како и услугите Интернет банка и мобилната апликација мБанка.

 

Ви благодариме на разбирањето.






06.05.2019 - Вработени на Комерцијална банка со успешен настап на Виз Ер Скопски маратон


Екипа од 17 вработени трчаше во името на Комерцијална банка АД Скопје на 15-от Виз Ер Скопски маратон. Петмина од нив успешно истрчаа полумаратон - 21 км, а останатите 12 учесници беа поделени во три екипи на штафетен маратон.

 

Најмладиот од тимот на Комерцијална банка, Маријан Шамоски, на полумаратонската трка од 21 км го освои 35-то место во конкуренција на 2.000 учесници со одлично време од 1 час, 27 мин. и 30 секунди. Во штафетните маратони, најдобра беше екипата КБ1, која го освои 37-то место со време од 4 ч. и 11 мин.

 

Вработените на Комерцијална банка годинава, трчајќи повеќе од четири часа низ скопските улици, повторно демонстрираа здрави животни навики. На Виз Ер Скопски маратон учествуваа рекордни 12.500 учесници од 58 земји.

 

sl 1
 
sl 2
 
sl 3



22.04.2019 – „Финансиска училница“ во реализација на Комерцијална банка АД Скопје


Со цел да им помогне на младите поподготвени да влезат во светот на личните финансии и да почнат да градат здрави финансиски навики, Комерцијална банка АД Скопје го иницираше проектот „Финансиска училница“, кој е дел од стратегијата на Банката за општествена одговорност. Вработени на Банката веќе ги посетија средните училишта „Јосип Броз Тито“ и „Орце Николов“ во Скопје, каде еден училишен час беше претворен во „Финансиска училница“.

На учениците од трета и четврта година им беа презентирани основните карактеристики на финансиските производи, нивната практична примена и, секако, потенцијалните ризици од нивното користење. Целта на „Финансиската училница“ е да се запознаат младите со тоа како функционира текот на парите, зошто е важно да имаат сметка во банка, што значи штедењето за нивната финансиска независност, зошто треба да водат грижа за личните финансии и да имаат добар кредитен имиџ, дали кон платежната картичка треба да се однесуваат како кон обична пластика и какви предности нуди електронското банкарство.

Водени од девизата дека финансиската писменост е клучна за заштита на младите во моментот кога ќе станат корисници на финансиски услуги, вработени од Комерцијална банка АД Скопје во текот на годинава ќе одржат „Финансиска училница“ во уште 10 средни училишта во Скопје. Во втората фаза од реализацијата на проектот ќе бидат посетени и средни училишта од другите градови во земјава.

„Финансиската училница“ ги едуцира младите за да им помогне да си обезбедат побезгрижна иднина и поквалитетен живот бидејќи финансиската благосостојба на секого зависи од него лично, иако многумина не веруваат во тоа.
 
finansiska ucilnica
 
finansiska ucilnica1
 
finansiska ucilnica2






А Р Х И В А