Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



20.05.2019 – Уплата на готовина на банкоматите на Комерцијална банка


Комерцијална банка АД Скопје ја пушти во функција услугата уплата на готовина на банкомат. Оваа услуга е достапна на 10 банкомати на Банката во Скопје, и тоа во експозитурите  Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ, Стопанска комора, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa и Сити мол. Услугата е достапна за сите физички лица, корисници на кредитни и дебитни картички издадени од Комерцијална банка. При уплатата на готовина, банкоматот ги прифаќа сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Уплатените средства се евидентираат на сметката поврзана со картичката со која се прави трансакцијата.




13.09.2019 - Спонзор на Фестивалот „Браќа Манаки“


Банката е спонзор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој се одржува во Битола. Фестивалот оваа година се одржува од 14 до 21 септември по 40-ти, јубилеен пат.

 

Со својот интернационален карактер и атрибути на гала-настан кој ја привлекува уметничката, академската и политичката елита од нашата земја и од регионот, „Браќа Манаки“ претставува редок општествен настан кој привлекува големо внимание кај домашната јавност. Годинава се подготвува извонредна програма со над 120 поканети гости од странство.

 

Јубилејното 40–то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ на 14 септември ќе го отвори новиот филм на Педро Алмодовар „Болка и слава“.
 
Браќа Манаки



12.09.2019 – Промена на надоместоците за изнајмување граѓански сефови


Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје ќе изврши промена на надоместоците за изнајмување граѓански сефови во Банката.
 
Новите надоместоци за изнајмување граѓански сефови ќе се применуваат од 01.10.2019 година.
 

Изнајмување сефови на правни лица и граѓани (според нивната големина во мм³)

за 3 месеци во денари

за 6 месеци во денари

за 12 месеци во денари

Износ

ДДВ

Вкупно

Износ

ДДВ

Вкупно

Износ

ДДВ

Вкупно

*

а)

димензии: 100х310х490

1.100

198

1.298

2.200

396

  2.596

3.550

639

4.189

б)

димензии: 150х310х490

1.350

243

1.593

2.700

486

  3.186

4.400

792

5.192

в)

димензии: 200х310х490

1.400

252

1.652

2.800

504

  3.304

4.700

846

5.546

г)

димензии: 310х310х490

1.450

261

1.711

2.900

522

  3.422

4.900

882

  5.782

д)

димензии: 610х310х490

2.050

369

2.419

4.100

738

  4.838

7.200

1.296

8.496

 







А Р Х И В А