Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



01.07.2019 – Комерцијална банка ги намали каматните стапки на дозволено пречекорување и на кредитни картички


Ве известуваме дека поради намалување на каматната стапка на благајничките записи, Комерцијална банка АД Скопје, почнувајќи од 01.07.2019 година, ќе изврши намалување на каматните стапки кај дозволеното пречекорување на трансакциските сметки за физички лица и кај дел од кредитните картички за правни и за физички лица.

Новите каматни стапки се подетално наведени на веб-страницата на Банката кај секој поединечен производ, а клиентите ќе добијат известување и преку изводот од сметката/картичката.






12.07.2019 – Комерцијална банка спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“


 

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година е спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“, која традиционално се одржува околу верскиот празник Петровден. Годинава, во периодот од 12 до 14 јули, посетителите ќе можат одблиску да ги запознаат живописноста на Галичник и волшепството на изворното македонско културно наследство, чиј дел е и манифестацијата „Галичка свадба“.

 

Свекрвино оро, носење на невестата на вода, поставување на свадбениот бајрак, бричење на зетот, замесување леб ... се народни обичаи кои се дел од галичката традиција, обичаи кои се во неделива хармонија со раскошните носии и неповторливиот галички амбиент.

 

Сето ова придонесува манифестацијата да се доживува во својата единственост и неповторливост. Тоа налага нејзино континуирано негување и презентирање, како нешто драгоцено и свето, што исконски го изразува нашето паметење и постоење.




17.06.2019 - Комерцијална банка АД Скопје банка чувар на имот на пензиските фондови Триглав


Пензиските фондови на Триглав Пензиско друштво АД Скопје се новите членови во семејството фондови на кои банка чувар на имот е Комерцијална банка АД Скопје. Во изминатиот период Комерцијална банка и Триглав Пензиско друштво успешно ги создадоа сите услови за редовно и тековно работење на новоотворените пензиски фондови Триглав отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и Триглав отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.  
 

Со ова продолжува традицијата на Банката на соработка и придонес во развојот на пензиските фондови, започната во 2009 година, кога Комерцијална банка за првпат стана чувар на имот на пензиски фондови регистрирани во државава. 

 

Како и досега, Банката во улога на чувар на имот на пензиски фондови, согласно своите законски и договорни обврски, ќе обезбеди широк опсег на услуги, како што се: чување на имот, отворање и водење сметки за хартии од вредност во Централниот депозитар за хартии од вредност и наменски парични сметки во Банката, порамнување трансакции поврзани со инвестирање на средствата на фондовите во земјата и во странство, реализација на други инструкции на друштвата за управување со фондови, проверка на пресметаната нето-вредност на имотот на фондовите, известување на друштвата за корпоративни настани и извршување инструкции кои произлегуваат од тие настани, наплата на приходи и други права во корист на фондовите...

 

Комерцијална банка АД Скопје е една од водечките банки во земјава во работењето со старателски услуги, а својата лидерска позиција ја засилува со постојаниот тренд на креирање нови финансиски производи и услуги во овој сегмент.







А Р Х И В А