Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



25.02.2020 – Второ место за Комерцијална банка на машкиот хуманитарен велеслалом во Маврово


Киле Солески од Комерцијална банка АД Скопје го освои второто место на хуманитарниот аматерски велеслалом во конкуренција на 84 натпреварувачи од компании од земјава. Манифестацијата по 18-ти пат се одржа во организација на ски-центарот „Заре Лазаревски“ во Маврово од 21 до 23 февруари.

 

Оваа година, собраните финансиски средства беа наменети за организацијата „PAWSITIVE IMPACT", проект за помош на бездомни животни имплементиран од Фондацијата Импакт, непрофитната организација АМОС Шелтер и Општината Маврово и Ростуша. На хуманитарниот велеслалом годинава беа собрани 852.000 денари од котизации, а земаа учество рекорден број скијачи - 71 екипа со 213 натпреварувачи во категориите: девојки, мажи до 40 години, мажи над 40 години и сноуборд.

 

Комерцијална банка АД Скопје ја претставуваа 4 екипи со 12 скијачи. Во финалната трка во категоријата мажи над 40 години од Банката се квалификуваа двајца вработени, при што Солески заврши на пиедесталот со освоено 2 место, а Роберт Урошевиќ беше 10-ти. Ова е одличен успех на Солески бидејќи извози втор во конкуренција и на поранешни професионални скијачи. А, Банката уште еднаш потврди дека е секогаш подготвена за поддршка на организации и на поединци на кои таа им е потребна.
 
mavrovo
 
mavrovo
 
mavrovo



10.02.2020 – Оглас за вработување во Филијала Прилеп


Комерцијална банка АД Скопје објавува оглас за вработување на 2 (два) извршитела на позиција: Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население (благајник), во Комерцијална банка АД Скопје – Филијала Прилеп, на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата, од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот, и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 19.200,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 18.02.2020 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје-Филијала Прилеп”.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел.: (02) 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.

 

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




      03.02.2020 - Комерцијална банка ви посакува добредојде во првата целосно дигитализирана експозитура


      Првата целосно дигитализирана експозитура на Комерцијална банка АД Скопје се наоѓа на ул. Македонија во Скопје и работи 24 часа во денот, секој ден од годината.

       

      Опремена е со банкомати и најнови дигитални киосци за безготовинско плаќање сметки, кои работат 24/7. Во неа можете во кој било дел од денот да подигнувате или да внесувате готовина, да вршите замена на евра во денари, да плаќате сметки за јавните услуги, како и да испечатите извод од трансакциска сметка на физичко лице за која имате претплата на Интернет банка.

       

      Експозитурата нуди одличен комфор, постојано е под видеонадзор и приспособена е за лица со посебни потреби. Влезот во експозитурата е овозможен со сите банкарски картички, а услугите ќе можат да ги користат како нашите, така и клиентите на другите домашни или странски банки. 
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       



      27.01.2020 – Десетта година по ред продолжена соработката со Црвениот крст на Република С. Македонија


      Комерцијална банка АД Скопје и оваа година ја продолжи плодната соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија со цел заедничка имплементација на општествено корисни социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на населението во заедниците. Банката ќе ја поддржи реализацијата на проектот „Подобра социјализација на децата и младите со посебни потреби“.

      Всушност, ова претставува мисија и заеднички напор на сите поддржувачи во решавањето на општествените проблеми во земјата и е во согласност со стратегиските заложби на Банката на полето на општествената одговорност.

      Праксата на општествено одговорно работење многу години наназад е составен дел од деловната политика на Комерцијална банка АД Скопје.







      А Р Х И В А