Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



23.07.2019 – Оглас за вработување во Филијала Штип


Комерцијална банка објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на позиција: Помлад соработник (благајник) за платен промет во земјата и работа со население во Филијала Штип на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање на англискиот јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата, од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 19.200,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 30.07.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр. 3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје-Филијала Штип“.

 

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел.: 02 / 3168-412

 

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани. На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.






23.01.2020 – Нова услуга од Комерцијална банка - Уплата на дневен промет во готово на банкомат


 

Комерцијална банка АД Скопје овозможи нова услуга за клиентите правни лица кои вршат уплата на дневен промет во готово. Од 01.01.2020 година сите правни лица кои поседуваат Visa Business Debit дебитна картичка може да извршат уплата на готовина на банкомат по основ на дневен промет.

 

Банкоматите ги прифаќаат сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари, а средствата се евидентираат на основната трансакциска сметка на правното лице - имател на картичката.

 

Банката овозможи и промотивен рок до 30.06.2020 година, во кој може да се врши уплата на дневниот промет на банкомат без надомест.

 

Уплата на готовина може да се врши на банкоматите на Комерцијална банка на следните локации: Експозитурите во Скопје - Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ 1, Стопанска комора, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa, 11 Октомври и во трговските центри Скопје Сити мол и Капитол мол, како и во филијалите во Штип, Струмица, Охрид и во Прилеп.




22.01.2020 – Го имаме добитникот на главната награда Toyota Corolla Hybrid!


Извлечен е добитникот на главната награда од Наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“ на Комерцијална банка АД Скопје. Среќниот добитник е Драган Ј. од Скопје, кој од денес е сопственик на извонредниот еколошки автомобил Toyota Corolla Hybrid. Му честитаме на Драган Ј. и од срце му посакуваме безбедно возење до сите посакувани дестинации.

 

Наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“ траеше од 9.12.2019 до 12.01.2020 г. Во шесте извлекувања доделивме бројни вредни награди, а можеа да учествуваат сите кои плаќаа бесконтактно со Mastercard® картичките или преку апликацијата KomPay на Комерцијална банка.

 

Сите детали и Правилата на Наградната игра се достапни на следниот линк.

 

Им благодариме на сите кои учествуваа во Наградната игра на Комерцијална банка. Продолжете да плаќате бесконтактно со Mastercard® и KomPay за само 1 секунда бидејќи секој заштеден момент е награда.

 

sl



15.01.2020 – Извлечени се добитниците од петтото неделно извлекување од Наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“


Извлечени се добитниците од петтото неделно извлекување од Наградната игра за корисниците на Mastercard® и KomPay на Комерцијална банка „Бесконтактно плати и награда фати“!

 

Списокот на добитниците на наградите може да се види на следниот линк.     

 

Им честитаме на добитниците, а на сите учесници им посакуваме среќа во извлекувањето на главната награда, Toyota Corolla Hybrid, која ќе ја доделиме на 22 јануари 2020 година!

 

Следете ги Facebook страницата и интернет-страницата на Комерцијална банка за да дознаете дали сте добитник.

 

Правила на Наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“

 




03.01.2020 - Нoв промотивен период за дигитализирање на картички со KomPay


Комерцијална банка АД Скопје го продолжи до 30.06.2020 година промотивниот период за бесплатно дигитализирањe до две Mastercard® картички преку мобилната апликација KomPay.

 

KomPay апликацијата ви овозможува со помош на дигитализирани платежни картички да вршите плаќања на ПОС терминали кои ја поседуваат технологијата за бесконтактни плаќања без употреба на физичката банкарска картичка. Преку KomPay мобилниот телефон станува замена за платежна картичка. Повеќе детали на следниот линк.




02.01.2020 – Извлечени се добитниците од третото неделно извлекување од Наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“


Извлечени се добитниците од третото неделно извлекување од Наградната игра за корисниците на Mastercard® и KomPay на Комерцијална банка АД Скопје - „Бесконтактно плати и награда фати“!

 

Списокот на добитниците на наградите може да се види на следниот линк.     

 

Им честитаме на добитниците, а на сите останати им порачуваме да продолжат да плаќаат бесконтактно со Mastercard® и KomPay за што повеќе шанси за награда. Следното неделно извлекување е на 8 јануари 2020 година.

 

Главната награда, Toyota Corolla Hybrid, ќе ја доделиме на главното извлекување на 22 јануари 2020 година, а во меѓувреме секоја недела ќе доделуваме по 1 (еден) смартфон Samsung Note 10, 1 (еден) лаптоп HP Pavilion i7, 1 (еден) електричен тротинет Hamachi, 5 (пет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ во вредност од 5.000 денари и 10 (десет) гифт-картички во вредност од 3.000 денари.

 

Наградната игра трае до 12 јануари 2020 година. Со секоја Ваша бесконтактна трансакција во нашата земја со Mastercard® картичките за физички лица од Комерцијала банка од најмалку 200 денари, добивате една шанса за добивка, а со секоја трансакција од најмалку 200 денари направена со KomPay, добивате две шанси.




30.12.2019 - Известување за работното време на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка на 31.12.2019


 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје на 31.12.2019 година ќе работат со следното работно време:

  •          Двосменските експозитури во Скопје и Филијалите низ Републиката, ќе работат до 16:00 часот:

    Скопје: 11 Октомври, Автокоманда, Бисер, Буњаковец, ГТЦ I, Драчево, Ѓорче Петров, Капиштец, Лептокарија, Маџари, Сити мол, Цветан Димов.

    Филијали низ Републиката: Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово, Штип.

  •          Централата на Банката во Скопје - КБ1, ќе работи до 16:00 часот.

     

  •          Едносменските експозитури во Скопје и експозитурите низ Републиката, ќе работат до 15:00 часот:

    Скопје:  Букет, Бутел, Влае, Водњанска, Ѓорче Петров 2, Илинден, Јане Сандански, КЈУБИ, Козле, Лисиче, Макпетрол, МНТ, Ново Лисиче, Новоселски Пат, Расадник, Скопјанка, Стопанска комора, Судска Палата, Топанско Поле, Ченто, Чешма,

    Експозитури низ Републиката: Богданци, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Илинденска – Тетово, Кичево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Облешево, Пехчево, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга, Туш – Куманово, Туш – Штип.




      27.12.2019 - Новогодишна средба и донација од Комерцијална банка за децата на загинатите бранители


      По повод Новогодишните празници, Комерцијална банка АД Скопје по 13-ти пат организираше средба и донација за децата и за семејствата на загинатите кај месноста Карпалак. Средбата се одржа во просториите на Здружението на резервни воени обврзници – учесници на настаните од 2001 година од Прилеп.

      За децата на загинатите бранители Банката обезбеди средства во висина од 5.000 денари за секое дете и ги уплати на нивните трансакциски сметки. Во име на Банката на средбата присуствуваше претставник на Комерцијална од Филијалата Прилеп, кој ги поздрави децата и семејствата на загинатите бранители.




      27.12.2019 – Комерцијална банка ексклузивен спонзор на Наградата „Новите“


      Комерцијална банка АД Скопје по 14-ти пат беше Ексклузивен спонзор на Наградата „Новите“ на Конкурсот за најдобар прозен дебитантски ракопис, во организација на книгоиздателството „Темплум“, која се додели на 27.12.2019 година во просториите на Младинскиот културен центар.

      Со оваа награда се поддржуваат, пред сè, младите и недоволно афирмирани автори. Но, наградата претставува и афирмација на прозното творештво, а нејзината цел е да ги промовира и афирмира новите луѓе, новите тенденции во литературата, новите поетски начела, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла, културно, но и економски и медиумски.

      Од многуте пристигнати ракописи, наградата за најдобар дебитантски ракопис во 2019 година ја доби Ирена Јурчева за ракописот „Белата е најстрашната боја“.

      На годинашниот лауреат Комерцијална банка му додели парична награда во вредност од 92.250,00 денари.




      27.12.2019 – Комерцијална банка ќе врши исплата на пензии на 28.12.2019


      Комерцијална банка АД Скопје известува дека на 28.12.2019 (сабота) ќе изврши исплата на декемвриските пензии на оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во Комерцијална банка.

      Пензионерите може да ја подигнат својата пензија на широката мрежа на банкомати и во филијалите и експозитурите на Банката.







      А Р Х И В А