Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



23.09.2019 – Комерцијална банка - Генерален покровител на Фестивалот „One Love Tour 2019“


Комерцијална банка АД Скопје и оваа година ја има честа да биде генерален покровител на третото издание на фестивалот насловен „Една љубов“ преку границите на Македонија и на Бугарија.

„One Love Tour 2019“ гостува во Скопје на 27 септември, на Плоштадот Мајка Тереза пред платото на МОБ, и го носи најдоброто од двете држави за сите генерации! Во културно-уметничката програма учество ќе земат Slatkaristika, Графа-Владимир Ампов, Nokaut Unplugged, Krisko, Libero Band и други. Фестивалот ќе започне во 18:00 часот, а влезот е слободен.

И овој пат Комерцијална банка со задоволство ги поддржа вистинските уметнички вредности кои го збогатуваат културниот живот во земјава.






15.01.2020 – Извлечени се добитниците од петтото неделно извлекување од Наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“


Извлечени се добитниците од петтото неделно извлекување од Наградната игра за корисниците на Mastercard® и KomPay на Комерцијална банка „Бесконтактно плати и награда фати“!

 

Списокот на добитниците на наградите може да се види на следниот линк.     

 

Им честитаме на добитниците, а на сите учесници им посакуваме среќа во извлекувањето на главната награда, Toyota Corolla Hybrid, која ќе ја доделиме на 22 јануари 2020 година!

 

Следете ги Facebook страницата и интернет-страницата на Комерцијална банка за да дознаете дали сте добитник.

 

Правила на Наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“

 




03.01.2020 - Нoв промотивен период за дигитализирање на картички со KomPay


Комерцијална банка АД Скопје го продолжи до 30.06.2020 година промотивниот период за бесплатно дигитализирањe до две Mastercard® картички преку мобилната апликација KomPay.

 

KomPay апликацијата ви овозможува со помош на дигитализирани платежни картички да вршите плаќања на ПОС терминали кои ја поседуваат технологијата за бесконтактни плаќања без употреба на физичката банкарска картичка. Преку KomPay мобилниот телефон станува замена за платежна картичка. Повеќе детали на следниот линк.




02.01.2020 – Извлечени се добитниците од третото неделно извлекување од Наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“


Извлечени се добитниците од третото неделно извлекување од Наградната игра за корисниците на Mastercard® и KomPay на Комерцијална банка АД Скопје - „Бесконтактно плати и награда фати“!

 

Списокот на добитниците на наградите може да се види на следниот линк.     

 

Им честитаме на добитниците, а на сите останати им порачуваме да продолжат да плаќаат бесконтактно со Mastercard® и KomPay за што повеќе шанси за награда. Следното неделно извлекување е на 8 јануари 2020 година.

 

Главната награда, Toyota Corolla Hybrid, ќе ја доделиме на главното извлекување на 22 јануари 2020 година, а во меѓувреме секоја недела ќе доделуваме по 1 (еден) смартфон Samsung Note 10, 1 (еден) лаптоп HP Pavilion i7, 1 (еден) електричен тротинет Hamachi, 5 (пет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ во вредност од 5.000 денари и 10 (десет) гифт-картички во вредност од 3.000 денари.

 

Наградната игра трае до 12 јануари 2020 година. Со секоја Ваша бесконтактна трансакција во нашата земја со Mastercard® картичките за физички лица од Комерцијала банка од најмалку 200 денари, добивате една шанса за добивка, а со секоја трансакција од најмалку 200 денари направена со KomPay, добивате две шанси.




30.12.2019 - Известување за работното време на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка на 31.12.2019


 

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје на 31.12.2019 година ќе работат со следното работно време:

  •          Двосменските експозитури во Скопје и Филијалите низ Републиката, ќе работат до 16:00 часот:

    Скопје: 11 Октомври, Автокоманда, Бисер, Буњаковец, ГТЦ I, Драчево, Ѓорче Петров, Капиштец, Лептокарија, Маџари, Сити мол, Цветан Димов.

    Филијали низ Републиката: Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово, Штип.

  •          Централата на Банката во Скопје - КБ1, ќе работи до 16:00 часот.

     

  •          Едносменските експозитури во Скопје и експозитурите низ Републиката, ќе работат до 15:00 часот:

    Скопје:  Букет, Бутел, Влае, Водњанска, Ѓорче Петров 2, Илинден, Јане Сандански, КЈУБИ, Козле, Лисиче, Макпетрол, МНТ, Ново Лисиче, Новоселски Пат, Расадник, Скопјанка, Стопанска комора, Судска Палата, Топанско Поле, Ченто, Чешма,

    Експозитури низ Републиката: Богданци, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Илинденска – Тетово, Кичево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Облешево, Пехчево, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга, Туш – Куманово, Туш – Штип.




      27.12.2019 - Новогодишна средба и донација од Комерцијална банка за децата на загинатите бранители


      По повод Новогодишните празници, Комерцијална банка АД Скопје по 13-ти пат организираше средба и донација за децата и за семејствата на загинатите кај месноста Карпалак. Средбата се одржа во просториите на Здружението на резервни воени обврзници – учесници на настаните од 2001 година од Прилеп.

      За децата на загинатите бранители Банката обезбеди средства во висина од 5.000 денари за секое дете и ги уплати на нивните трансакциски сметки. Во име на Банката на средбата присуствуваше претставник на Комерцијална од Филијалата Прилеп, кој ги поздрави децата и семејствата на загинатите бранители.




      27.12.2019 – Комерцијална банка ексклузивен спонзор на Наградата „Новите“


      Комерцијална банка АД Скопје по 14-ти пат беше Ексклузивен спонзор на Наградата „Новите“ на Конкурсот за најдобар прозен дебитантски ракопис, во организација на книгоиздателството „Темплум“, која се додели на 27.12.2019 година во просториите на Младинскиот културен центар.

      Со оваа награда се поддржуваат, пред сè, младите и недоволно афирмирани автори. Но, наградата претставува и афирмација на прозното творештво, а нејзината цел е да ги промовира и афирмира новите луѓе, новите тенденции во литературата, новите поетски начела, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла, културно, но и економски и медиумски.

      Од многуте пристигнати ракописи, наградата за најдобар дебитантски ракопис во 2019 година ја доби Ирена Јурчева за ракописот „Белата е најстрашната боја“.

      На годинашниот лауреат Комерцијална банка му додели парична награда во вредност од 92.250,00 денари.




      27.12.2019 – Комерцијална банка ќе врши исплата на пензии на 28.12.2019


      Комерцијална банка АД Скопје известува дека на 28.12.2019 (сабота) ќе изврши исплата на декемвриските пензии на оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во Комерцијална банка.

      Пензионерите може да ја подигнат својата пензија на широката мрежа на банкомати и во филијалите и експозитурите на Банката.




      25.12.2019 – Извлечени се добитниците од второто неделно извлекување од наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“


       

      Извлечени се добитниците од второто неделно извлекување од Наградната игра за корисниците на Mastercard® и KomPay на Комерцијална банка „Бесконтактно плати и награда фати“!

       

      Списокот на добитниците на наградите може да се види на следниот линк.     

       

      Им честитаме на добитниците, а на сите останати им порачуваме да продолжат да плаќаат бесконтактно со Mastercard® и KomPay за што повеќе шанси за награда. Следното неделно извлекување е на 2 јануари 2020 година.

       

      Главната награда, Toyota Corolla Hybrid, ќе ја доделиме на главното извлекување на 22 јануари 2020 година, а во меѓувреме секоја недела ќе доделуваме по 1 (еден) смартфон Samsung Note 10, 1 (еден) лаптоп HP Pavilion i7, 1 (еден) електричен тротинет Hamachi, 5 (пет) гифт-картички за трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ во вредност од 5.000 денари и 10 (десет) гифт-картички во вредност од 3.000 денари.

       

      Наградната игра трае до 12 јануари 2020 година. Со секоја Ваша бесконтактна трансакција во нашата земја со Mastercard® картичките за физички лица од Комерцијала банка од најмалку 200 денари, добивате една шанса за добивка, а со секоја трансакција од најмалку 200 денари направена со KomPay добивате две шанси.




      24.12.2019 – Благодарница до Комерцијална банка за 11 години празнична радост за децата од улица


      11 години Комерцијална банка АД Скопје споделува празнична радост со децата од Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари во Скопје. 11 години Банката донира, другарува и помага за ресоцијализација и подобар квалитет на нивниот живот.

       

      Во знак на благодарност и задоволство, Здружението за заштита на правата на детето додели благодарница на Комерцијална банка АД Скопје за долгогодишна помош и другарување со децата.

       

      Потенцирајќи ја повторно својата општествена одговорна мисија и стратегија, Комерцијална банка потврдува дека е долгорочен партнер на заедницата во која дејствува и со која заедно го гради брендот на Банката веќе 65 години.
       
      blagodarrnica



      23.12.2019 – Со сопствен фотоволтаичен систем Комерцијална банка спречи емисија на 18,7 тони CO2


       

      Комерцијална Банка АД Скопје во декември 2018 година инсталираше сопствен фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија на површина од 130 м2, лоциран на покривот на деловниот објект на Банката во центарот на Скопје. Една година подоцна, со гордост ги објавуваме резултатите од работењето на фотоволтаичниот систем:

       

      • Произведена електрична енергија за период од 12 месеци: 33 MWh.
      • Заштеда на CO2: 18,7 тони (толку СО2 би се испуштило во атмосферата доколку оваа количина на електрична енергија би се произвела во термоцентрала, не сметајќи го дополнителното загадување од ПМ честици, сулфурен-диоксид и чад)
      • Оваа заштеда на CO2 е еквивалентна на засадување на 480 дрва, кои ја апсорбираат наведената количина CO2 од атмосферата.
      • Со досега произведената сопствена електрична енергија би можеле да се извозат 125.000 километри со електричен автомобил.

       

      Во досегашното работење на фотоволтаичниот систем не е забележан ниту еден проблем и немаше ниту една сервисна интервенција. Системот продолжува да работи во функција на намалување на загадувањето и во рамките на напорите за општествена одговорност на Банката.

       
      sl
       

      sl1

       







      А Р Х И В А