Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



24.09.2019 - Комерцијална банка – ексклузивен спонзор на концертот на Eros Ramazzotti


После концертот на Sting, Комерцијална банка АД Скопје со задоволство ја објавува својата поддршка на уште еден извонреден музички настан кој ни претстои - концертот на Eros Ramazzotti, кој во рамките на светската турнеја го промовира најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n`e’“.

Концертот ќе се одржи во Скопје, во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.

Комерцијална банка АД Скопје преку ексклузивно спонзорство на овој по многу нешта единствен концерт, продолжува со поддршка на уметноста и на културата и уште еднаш има чест да придонесе за подигнување на нивото на културното живеење во земјава.




21.10.2019 - Тимот на Комерцијална банка со прво место на Business Run 2019!


Тимот на Комерцијална банка АД Скопје го освои првото место на штафетната трка „Business run 2019“, која се одржа на 19 октомври на Градскиот кеј во Скопје.

Честитки за колегите:

 

- Миомир Алексовски (Сектор за ликвидност и финансиски пазар)

- Снежана Димовска (Експозитура Автокоманда)

- Маријан Шамоски (Сектор за работа со население)

- Бобан Нефовски (Сектор за работа со население)

 

Патеката од осум километри (4х2 километри) тимот на Комерцијална банка ја истрча со одлично време од 29,14 минути, а убедливо првата позиција ја имаше во текот на целата трка. Второпласирани беа вработените во Fitness & Spa PARK, а на трето место завршија вработените во Македонски телеком.

На „Business run 2019“ учествуваа 400 вработени од 96 компании, институции, здруженија, дипломатски претставништва и други субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница. Меѓу другите, учествуваа и сите банки и штедилници.

Честитки за нашите извонредни колеги! Со својот успех ја покажаа важноста на тимската работа.

 

1

 

2

 

3

 




17.10.2019 – Оглас за вработување во Експозитура Радовиш


Комерцијална банка АД Скопје објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на позиција Соработник во Експозитура Радовиш на неопределено работно време.

Потребни квалификации и способности:

·         Завршен Економски факултет со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,

·         Работно искуство најмалку 2 години,

·         Познавање на англискиот јазик и работа со компјутери,

·         Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство од областа на банкарско работење.
 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Експозитурата, од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 27.300,00 денари.
 
Огласот трае заклучно со 25.10.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: Oглас за вработување во Експозитура Радовиш.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел.: 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.


16.10.2019 – Вработените во Комерцијална банка хумани, како и секогаш


По повод Светскиот ден на гладта (16 Октомври), вработените и менаџментот во Комерцијална банка АД Скопје и оваа година донираа прехранбени производи на ранливи групи граѓани.

Со несебична поддршка и помош од вработените, Комерцијална банка обезбеди 28 пакети храна, кои беа дистрибуирани до социјално загрозените семејства и поединци во соработка со Црвениот крст.

Како општествено одговорна компанија, Комерцијална банка АД Скопје со оваа акција дава свој придонес за намалување на сиромаштијата  и за подигање на свеста за потребата од поголема грижа за квалитетот на животот во нашето општество.

 
sl 1

 

sl 2



03.10.2019 – Банкомати на Комерцијална банка со екран на допир


Комерцијална банка воведе нови банкомати со екран на допир.

Комерцијална банка е меѓу првите банки во земјава која ја воведува оваа технологија. Целта е да им овозможи на клиентите полесно и побрзо користење на услугите. Новите банкомати, кои имаат модерен изглед и се последен тренд во финансиската индустрија, го подигааат искуството на клиентите на повисоко ниво.




03.10.2019 - Поддршка од Комерцијална банка за детскиот театар „Бабец“ од Битола


Комерцијална банка АД Скопје, како општествено одговорна компанија која го следи развојот на младите, деветта година по ред ги поддржува активностите на Детскиот театар „Бабец“ од Битола.

Основна цел на постоењето на „Бабец“ е да ги запознае децата со театарот и со културата воопшто, а со тоа да придонесе кон изградба на едуцирана публика која ќе претставува стожер на новиот модерен македонски театар. Следејќи ги овие определби, оваа институција и годинава ќе настојува преку театар, песна, балет и социјализација, да ги оттргне децата од улицата и да ги запознае со убавините на културата.

Бројните театарски проекти на „Бабец“ продолжуваат да нижат успеси, како на домашната така и на меѓународната детска театарска сцена, а Комерцијална банка АД Скопје е особено горда што и понатаму ќе биде дел од оваа успешна приказна.

Оваа година деветтото издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино 2019“ ќе се одржи во периодот од 6 до 8 октомври 2019 година.

 




01.10.2019 – Банкноти од 100 денари на банкоматите на Комерцијална банка


Земете точно колку што ви треба! Отсега на банкоматите на Комерцијална банка АД Скопје може да подигнете и банкноти од 100 денари.

 

За почеток банкнотите од 100 денари ќе бидат достапни на следните банкомати во Скопје: ТЦ Рамстор, ТЦ Скопје Сити Мол, ТЦ Капитол и експозитурите ГТЦ и Ѓорче Петров; а низ Републиката на банкоматите поставени во филијалите Охрид, Прилеп, Штип и Струмица.

 

Очекувајте во иднина оваа услуга да биде достапна и на други банкомати на Комерцијална банка АД Скопје.

 




30.09.2019 - Промена на каматните стапки на депозитите на физички лица


 

Од 01.10.2019 година, Комерцијална банка АД Скопје ги намали каматните стапки на депозитите на физички лица во денари и во евра за договори склучени пред 01.10.2017 година, во висина од 0,1 до 0,82 процентни поени. Банката ги намали и фиксните каматни стапки кај гореспоменатите валути за договори склучени по 01.10.2017 година, во висина од 0,1 до 0,57 процентни поени.

Истовремено, Комерцијална банка воведе фиксни каматни стапки за депозити во валута ЕУР орочени на 24 месеци и на 36 месеци, а изврши укинување на променливата каматна стапка за новоотворени депозити.

Каматните стапки на депозитите за договори склучени пред 01.10.2017 година можете да ги погледнете на следните линкови:

https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2234&lang=1&uc=1

https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2254&lang=1&uc=1

Детални информации во врска со промената на каматните стапки на депозитите за договори склучени по 01.10.2017 година можете да погледнете на следните линкови:

https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2245&lang=1&uc=1

https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2265&lang=1&uc=1.




25.09.2019 - Нов промотивен период на потрошувачкиот кредит до 30.000 евра


Комерцијална банка АД Скопје го продолжи промотивниот период до 31.10.2019 година, во кој најповолниот готовински кредити со ЕУР клаузула до 30.000 евра се нуди со рок на отплата до 120 месеци. Кредитот има атрактивни каматни стапки за приматели на плата во Банката од 4,9% фиксна, годишна за првите две години и 5,9% променливa, годишна за остатокот од периодот на отплата.
 

Повеќе информации за кредитот се достапни на следниот линк: https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2339&lang=1&uc=1







А Р Х И В А