Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



20.12.2019 – Комерцијална банка го исплати првиот грант од Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП (SME-CSP) во соработка со ЕБРД И ЕУ


grant
Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Европската Унија (ЕУ-ИПА Фондови) на 19.12.2019 година ја исплати првата стимулација (грант) од Програмата за унапредување на конкурентноста кај малите и средните претпријатија.

 

По само 11 месеци од склучениот договор помеѓу Комерцијална банка АД Скопје и ЕБРД за учество во Програмата за унапредување на конкурентноста кај МСП компаниите исплатена е првата стимулација во висина од 52.350 евра. Грантот е наменет за успешно имплементираниот инвестициски проект за набавка на машина за дување и на алатка/калапи за ПЕТ-преформација,. Новонабавените машина и алатка го намалуваат создавањето отпад, а здравствените и безбедносните услови на работното место се подобруваат бидејќи процесот сега е целосно автоматизиран, со што се елиминира ризикот од повреди, особено заради  значителното намалување на бучавата. Со оваа инвестиција компанијата усогласи широк спектар на стандарди со ЕУ-Директивите кои се однесуваат на безбедноста на храната, отпадот и на здравјето и безбедноста.

 

Во моментов, искористеноста на Програмата во Комерцијална банка АД Скопје е 70%. Целта на Програмата е поддршка во финансирање микро, мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија за подобрување на конкурентноста и усогласување на техничките стандарди со ЕУ законодавството (EU Acquis Communautaire) во полето на заштита на животната средина, безбедноста на работниците, квалитетот и безбедноста при работа. Стимулацијата и бесплатната техничка поддршка понудени во рамките на оваа Програма се финансирани со средства од Европската Унија.






10.02.2020 – Оглас за вработување во Филијала Прилеп


Комерцијална банка АД Скопје објавува оглас за вработување на 2 (два) извршитела на позиција: Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население (благајник), во Комерцијална банка АД Скопје – Филијала Прилеп, на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата, од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот, и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

 

Почетна основна нето-плата: 19.200,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 18.02.2020 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје-Филијала Прилеп”.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел.: (02) 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.

 

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




      03.02.2020 - Комерцијална банка ви посакува добредојде во првата целосно дигитализирана експозитура


      Првата целосно дигитализирана експозитура на Комерцијална банка АД Скопје се наоѓа на ул. Македонија во Скопје и работи 24 часа во денот, секој ден од годината.

       

      Опремена е со банкомати и најнови дигитални киосци за безготовинско плаќање сметки, кои работат 24/7. Во неа можете во кој било дел од денот да подигнувате или да внесувате готовина, да вршите замена на евра во денари, да плаќате сметки за јавните услуги, како и да испечатите извод од трансакциска сметка на физичко лице за која имате претплата на Интернет банка.

       

      Експозитурата нуди одличен комфор, постојано е под видеонадзор и приспособена е за лица со посебни потреби. Влезот во експозитурата е овозможен со сите банкарски картички, а услугите ќе можат да ги користат како нашите, така и клиентите на другите домашни или странски банки. 
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       
      digitalna eksp
       



      27.01.2020 – Десетта година по ред продолжена соработката со Црвениот крст на Република С. Македонија


      Комерцијална банка АД Скопје и оваа година ја продолжи плодната соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија со цел заедничка имплементација на општествено корисни социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на населението во заедниците. Банката ќе ја поддржи реализацијата на проектот „Подобра социјализација на децата и младите со посебни потреби“.

      Всушност, ова претставува мисија и заеднички напор на сите поддржувачи во решавањето на општествените проблеми во земјата и е во согласност со стратегиските заложби на Банката на полето на општествената одговорност.

      Праксата на општествено одговорно работење многу години наназад е составен дел од деловната политика на Комерцијална банка АД Скопје.




      23.01.2020 – Нова услуга од Комерцијална банка - Уплата на дневен промет во готово на банкомат


       

      Комерцијална банка АД Скопје овозможи нова услуга за клиентите правни лица кои вршат уплата на дневен промет во готово. Од 01.01.2020 година сите правни лица кои поседуваат Visa Business Debit дебитна картичка може да извршат уплата на готовина на банкомат по основ на дневен промет.

       

      Банкоматите ги прифаќаат сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари, а средствата се евидентираат на основната трансакциска сметка на правното лице - имател на картичката.

       

      Банката овозможи и промотивен рок до 30.06.2020 година, во кој може да се врши уплата на дневниот промет на банкомат без надомест.

       

      Уплата на готовина може да се врши на банкоматите на Комерцијална банка на следните локации: Експозитурите во Скопје - Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ 1, Стопанска комора, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa, 11 Октомври и во трговските центри Скопје Сити мол и Капитол мол, како и во филијалите во Штип, Струмица, Охрид и во Прилеп.




      22.01.2020 – Го имаме добитникот на главната награда Toyota Corolla Hybrid!


      Извлечен е добитникот на главната награда од Наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“ на Комерцијална банка АД Скопје. Среќниот добитник е Драган Ј. од Скопје, кој од денес е сопственик на извонредниот еколошки автомобил Toyota Corolla Hybrid. Му честитаме на Драган Ј. и од срце му посакуваме безбедно возење до сите посакувани дестинации.

       

      Наградната игра „Бесконтактно плати и награда фати“ траеше од 9.12.2019 до 12.01.2020 г. Во шесте извлекувања доделивме бројни вредни награди, а можеа да учествуваат сите кои плаќаа бесконтактно со Mastercard® картичките или преку апликацијата KomPay на Комерцијална банка.

       

      Сите детали и Правилата на Наградната игра се достапни на следниот линк.

       

      Им благодариме на сите кои учествуваа во Наградната игра на Комерцијална банка. Продолжете да плаќате бесконтактно со Mastercard® и KomPay за само 1 секунда бидејќи секој заштеден момент е награда.

       

      sl






      А Р Х И В А