Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



30.03.2020 – Kомерцијална банка планира да исплати дивиденда за 2019 година


Изминативе денови во повеќе медиуми се појавија брифинзи дека НБРСМ е во очекување дека банките ќе задржат поголем дел од остварената добивка во 2019 година, воздржувајќи се од исплата на дивиденда заради справување со негативните финансиски последици од COVID- 9. Исто така, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба, според која започнатите постапки за свикување и одржување годишно собрание на акционери се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба. Во врска со тоа, Комерцијална банка АД Скопје до Македонската берза и до јавноста ја доставува следната ценовно чувствителна информација.


Управниот одбор и Надзорниот одбор на Комерцијална банка сметаат дека Банката треба да остане на веќе предложената Одлука до Собранието на акционери, со која нераспределената добивка од 2019 година се распоредува на 553 милиони денари за резерви на Банката, со што се зголемува нејзиниот капитал, и на 1.253 милиони денари за дивиденда на акционерите на Банката. Всушност, согласно препораките на Комисијата за хартии од вредност за учество и гласање на Собранието по пат на кореспонденција, кое беше закажано за 02.04.2020 година, заклучно со 27.03.2019 година, 52,92% од акционерите на Банката веќе гласаа за предложената Одлука.
 
Цениме дека ваквата Одлука останува и натаму оправдана заради следните причини:
 
Комерцијална банка постојано издвојува значаен дел од добивката во резерви и го зголемува сопствениот капитал. Така, на пример, само во 2019 година беа издвоени 823 милиони денари (13,4 милиони евра) од добивката во 2018 година, а и оваа година со предложената одлука се издвојуваат 553 милиони денари (скоро 9 милиони евра) во резерви на Банката. Со тоа капиталот на Банката ќе достигне износ од 11.987 милиони денари (или скоро 195 милиони евра). Тоа покажува дека Комерцијална банка има солидна капитална основа да се соочи со очекуваните движења и последици врз стопанството и населението, ги исполнува сите законски и супервизорски стандарди и е ликвидна и солвентна.
 
За разлика од сите поголеми банки во државата, кои се доминантно во странска сопственост, Комерцијална банка АД Скопје е речиси целосно во сопственост на домашни акционери. Со состојба на 29.02.2020 година, 96,42% се домашни акционери и само 3,58% се акционери од странство. Тоа значи и дека скоро целиот износ на предвидената дивиденда, односно 96,42%, ќе биде исплатен на домашни правни и физички лица, за разлика од другите поголеми банки, каде вообичаено исплатената дивиденда се трансферира во странство. Во случајот на Комерцијална банка, според сегашната состојба на акционерската книга, дивидендата ќе им биде исплатена на 4.555 домашни физички лица во износ од 476 милиони денари и на 344 домашни правни лица во износ од 679 милиони денари, а ќе биде исплатен данок кон Буџетот во износ од 57,4 милиони денари. Тоа значи дека со исплата на дивидендата ќе се подобри ликвидноста на сите овие субјекти, вклучувајќи го и Буџетот на државата, што сметаме дека е особено важно во овој период кога и стопанството и населението се соочуваат со проблеми.
 
Имајќи ги предвид овие аргументи, Управниот и Надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје остануваат на предложената одлука за распоредување на добивката од 2019 година (за што досега веќе гласаа 52,92% од акционерите) на 553 милиони денари за резерви на Банката и по 550 денари бруто-дивиденда по акција. Исплатата на дивидендата очекуваме да се случи по завршувањето на вонредната состојба и продолжување на Собранието на акционерите на Банката или кога за тоа ќе се создадат законски услови со Уредбата за примена на Законот за трговските друштва.





15.01.2021 – Комерцијална банка и Mastercard® со донација од 10.000 евра за помош и грижа на деца со аутизам


25дена донација
Новогодишните и Божиќните празници оваа година, како никогаш досега, ни ги предочија семејните вредности, почитувањето и одговорноста, бесценетоста на помагањето и на грижата за другите. Но, хуманите вредности и општествената одговорност се дел од принципите на деловната практика на Комерцијална банка во континуитет. Ние помагаме за сите да победиме.

 

Со истата мисија Комерцијална банка ја започна и новата година, а грижата и помошта овој пат се наменети за децата со аутизам. Банката и Mastercard® во својот проект по повод 25 години соработка обезбедија донација во вредност од 612.308 денари за четири здруженија кои се грижат за помош и поголема инклузивност на децата со аутизам. Финансиска помош добија Македонското научно здружение за аутизам, Здружението на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“, Здружението за унапредување на квалитетот на животот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизам „Сина светулка“ и Македонската асоцијација за Бочија Штип, за реализација на проекти кои треба да им помогнат на децата со аутизам и на нивните родители полесно да се справат со состојбата во која се наоѓаат, особено во услови на пандемија.

 

Хуманиот проект беше спроведен по повод 25 години од издавањето на првата Mastercard картичка од Комерцијална банка, која воедно беше и првата Mastercard картичка во нашата земја. Kампањата „Комерцијална банка и Mastercard® - Заедно за нешто бесценето“ се реализираше во периодот од 15 декември до 8 јануари. Додека нашите клиенти уживаа во празничното пазарување, ние за секоја нивна трансакција направена со картичките Mastercard од Комерцијална банка на продажни места или он-лајн од сопствени средства издвојувавме за донација за деца со аутизам.


12.01.2021 - Комерцијална банка спонзор на новиот албум на Влатко Стефановски


влатко

 
Музиката и задоволството секогаш доаѓаат во пар. Овој пат музиката ни ја донесе нашата легенда Влатко Стефановски, кој пред македонската публика го претстави својот најнов албум „Taftalidze Shuffle“, а задоволството беше наше како  спонзор на ова најново музичко дело на гитарскиот виртуоз. Он-лајн промоцијата на албумот се одржа во просториите на книжарницата Литература.мк во ТЦ Сити мол во Скопје, на која беше прикажан и видеоспотот на темата „Огледало“. Во очекување на промотивен концерт, уште еднаш испраќаме честитки до нашиот виртуоз Влатко Стефановски.   



08.01.2021 – Продолжен промотивниот период за бесплатна уплата на дневен промет на банкомат до 30.06.2021 година


go

Правните лица кои имаат или ќе отворат сметка во Комерцијална банка АД Скопје добиваат можност за бесплатна уплата на дневниот промет на банкомат со Visa Business Debit картичките во промотивниот период кој е продолжен до 30.06.2021 година.

 

Оваа финансиска услуга е достапна на 27 банкомати на Банката во Скопје, Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип.

 

При уплата на готовина, банкоматот ги прифаќа сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Повеќе информации за оваа финансиска услуга и за локацијата на банкоматите на Комерцијална банка може да добиете на следниот Линк .




05.01.2021 – Комерцијална банка продолжува со општествена одговорност – донирано возило за итна помош на ЈЗУ Здравствен дом Неготино


 
Амбулантно Неготино
 

Комерцијална банка ја продолжува својата општествено одговорна мисија и во новата година со донација во вредност од над 2 милиони денари за поддршка на македонското јавно здравство. На ЈЗУ Здравствен дом Неготино е донирано едно амбулантско возило со цел да се зајакнат капацитетите на оваа здравствена установа во борбата со вирусот Covid-19.

 

Со оваа донација Банката, во соработка со Општина Неготино, повторно ги истакна важноста и обврската на сите институции во државава да се вклучат во борбата со пандемијата, која сѐ уште претставува сериозна закана за здравјето и животот на граѓаните.

 

Од ЈЗУ Здравствен дом Неготино изразија голема благодарност до Комерцијална банка за донацијата на амбулантско возило за потребите на граѓаните од општините Неготино и Демир Капија.

 

„Оваа донација доаѓа во вистинско време кога потребите за транспорт на населението се повеќекратно зголемени. Со оваа донација ЈЗУ Здравствен дом Неготино ќе располага со оптимален број на санитетски возила за секојдневните потреби на населението. Ви благодариме на хуманоста и чувството дека во битката со пандемијата сме сите заедно“, изјави Билјана Филипова, директор на ЈЗУ Здравствен дом Неготино.

 

Во минатата година Комерцијална банка обезбеди вкупна поддршка за здравствените институции во земјава во износ од околу 590.000 евра.

 

амбулантно

 

амбулантно
 



31.12.2020 - ЕБОР и Комерцијална банка промовираат еколошки инвестиции - 1 милион евра кредит за енергетска ефикасност на станбени објекти


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги поддржува еколошките инвестиции во Северна Македонија со доделување кредит во износ од еден милион евра за Комерцијална банка Скопје преку Програмата на ЕБОР за финансирање зелена економија – GEFF.

 

Средствата ќе бидат достапни за еколошки инвестиции во станбени објекти. Ова ќе вклучи инвестиции во зелени технологии со високи перформанси, материјали и решенија во приватни живеалишта и згради.

 

„Ни претставува задоволство да ги прошириме нашите зелени активности во Северна Македонија и да ѝ посакаме добредојде на Комерцијална банка Скопје во користењето на оваа програма. Поддршката на зелените инвестиции е еден од нашите клучни приоритети и драго ни е што најголемата македонска банка се приклучува во овие залагања. Во таа насока, надминувањето на корона вирусот и изградбата на економијата остануваат во нашиот фокус. Зеленото обновување е еден од начините за заздравување на економијата, а овој кредит е чекор во таа насока“, изјави Анди Аранитаси,претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

 

Комерцијална банка е петта банка која се приклучува кон GEFF Програмата во Северна Македонија, која е дел од Програмата за финансирање на  зелена економија на ЕБОР во износ од 85 милиони евра наменета за Западен Балкан. Истата е промовирана во 2017 година и претставува заедничка иницијатива на Европската Унија, австриското Федерално министерство за финансии и земјите кои ја примаат оваа помош од Програмата за инвестирање на Западен Балкан -WBIF .

 

Од ноември 2020 година, поддршката преку GEFF во Северна Македонија стигна во скоро 1.600 домаќинства и пласираше кредити од износ од над 11 милиони евра за индивидуални проекти кои придонесуваат во заштеда на над 7 милиони kWh енергија и намалување на испуштањето над 3.000 тони јаглероден диоксид на годишно ниво. Најчесто финансираните технологии се вратите и прозорците, изолација и термални пумпи.

 

GEFF се имплементира под Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан-REEP plus, финансирана од ЕУ и имплементирана од ЕУ во партнерство со Секретаријатот за енергетска ефикаснсот. REEP plus пружa поддршка и во политиките за хармонизација на законодавството за енергетска ефикасност на Северна Македонија и регулативите за енергетска ефикасност, согласно релевантните директиви на ЕУ.

 

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над 2 милијарди евра во 137 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет за Банката бидејќи се справува со еден од најважните предизвици во земјата.




30.12.2020 - Известување за работно време на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка за време на празниците


Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје на 31.12.2020 година ќе работат со следното работно време:

  • Филијалите низ Републиката (Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово, Штип) ќе работат до 16:00 часот,
  • Експозитурите Автокоманда, Бисер, Ѓорче Петров, КБ1, Лептокарија и Цветан Димов ќе работат до 16:00 часот,
  • Сите останати експозитури во Скопје и низ РСМ ќе работат до 15:00 часот.

 

Во сабота (2 јануари) експозитурите и филијалите ќе работат според редовниот распоред, а неработни денови се 6 и 7 јануари 2021 година.

 

Ве потсетуваме дека услугите од електронското и мобилното банкарство, како и Дигиталната експозитура на улица Македонија во Скопје и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ и Бисер ви се достапни 24/7 секој ден.

 

Ви посакуваме Среќна Нова година и пријатни Божиќни празници.




28.12.2020 – Известување од Комерцијална банка АД Скопје


Почитувани,

Забележани се лажни пораки за доделена парична помош од Комерцијална банка. Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје нема никаква поврзаност со оваа активност и станува збор за лажно претставување во име на Банката. Како и секогаш, повторно ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате вашите лични податоци додека сте на Интернет.

 

По целосна анализа на случајот, Банката ќе преземе соодветни мерки согласно позитивните законски прописи.


Со почит, Комерцијална банка.




28.12.2020 – Модернизирана и дигитализирана експозитура на Комерцијална банка во ГТЦ


GTC digitalna

Комерцијална банка отвори уште една модернизирана и дигитализирана експозитура, во која клиентите на брз и ефикасен начин ќе можат да ги извршуваат своите банкарски трансакции. Експозитурата ГТЦ во центарот на Скопје повторно ги отвори вратите за граѓаните, нудејќи им шалтерски услуги, но и дигитални банкарски трансакции 24 часа во денот.

 

Дигиталниот дел е опремен со три банкомати, како и најнови дигитални киосци за безготовинско плаќање. Во овој дел може да се подигнува или да се внесува готовина, да се врши откуп на евра, да се плаќаат сметки за јавни услуги (ЕВН, БЕГ, А1, Телеком и Телекабел), без провизија и со картичка од која било банка, како и да се испечати извод од трансакциска сметка на физичко лице за која има претплата на Интернет банка. Влезот во дигиталната зона 24/7 е овозможен со сите банкарски картички, а услугите ќе можат да ги користат како нашите, така и клиентите на другите домашни или странски банки.

 

За шалтерско работење експозитурата е отворена од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот, а ги обезбедува следниве услуги: отворање трансакциска сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење. На клиентите им се достапни и богатата понуда на кредитни производи и штедни влогови, можноста за купување удели во инвестициски фондови и осигурителни полиси и стручни совети и обука при користење на електронска банка и мобилно банкарство за физички и правни лица.

 

Новата експозитура на Комерцијална банка не само што им ги обезбедува на клиентите предностите на дигиталните финансиски услуги, туку и заштита на нивното здравје од вирусот Ковид-19.
 
GTC digitalna
 
GTC digitalna



25.12.2020 – Празнична радост од вработените во Комерцијална банка за 440 дечиња


paketce
 
Новогодишната еуфорија не смее да запре, а особено не за децата, кои секогаш нестрпливо ги очекуваат Дедо Мраз и своите подароци. На прагот од Новата година, која сите ја исчекуваме со нетрпение и со желби за многу здравје и успеси, децата ги заслужуваат и своите подароци.

 

Четиристотини и четириесет дечиња веќе добија подароци, а за тоа се погрижија вработените и синдикалната организација во Комерцијална банка. Тие и оваа година се докажаа во својата традиционална хумана мисија и обезбедија новогодишни пакетчиња, пред сѐ, за деца од социјално ранливи категории.  

 

Како и 11 години наназад, и овој декември празнична радост Комерцијална банка донесе, во Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари во Скопје, а овој пат радоста ја раширивме и во Здружението на самохрани родители Надеж од Неготино, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци од Скопје и во семејствата кои ги добија пакетчињата преку Црвениот крст на Град Скопје. Срцата особено ни ги стоплија изненадувањето и нескриената радост од добиените пакетчиња на „уличните продавачи“ од проектот Лице в Лице и на дечињата хоспитализирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле (Ковид центар).   

 

slika1

 

slika2

 

Синдикалната организација при Комерцијална банка АД Скопје донираше 60 новогодишни пакетчиња за деца од згрижувачки семејства и деца без родители. Донацијата беше предадена во координација со Министерството за труд и социјална политика и СОС Детско село – Сингелиќ.

 

Комерцијална банка заедно со својот тим и во Новата година ќе споделува уште повеќе пријатни изненадувања и радости. Останете сите во добро здравје и грижете се за вашите семејства и за сите околу вас. 

slika3



25.12.2020 – Исплатата на пензиите за декември започнува на 28.12.2020 година


 

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на декемвриските пензии од понеделник, 28.12.2020 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.  

 

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:
  
  • понеделник 28.12.2020 година, исплата на пензии до 11.000 денари
  • вторник 29.12.2020 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
  • среда 30.12.2020 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
  • четврток 31.12.2020 година, исплата на пензии над 18.000 денари

 

За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од Коронавирусот на сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банката строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

 




24.12.2020 – Потрошувачки кредит од Комерцијална банка за купување во Нептун


Neptun
 

Комерцијална банка ја збогати понудата на кредити со уште еден производ – наменски потрошувачки кредит преку Нептун Македонија.

 

Кредитот, чиј износ е од 10.000 до 120.000 денари, е наменет за купување производи во продавниците на Нептун со одложено плаќање до 60 рати. А, за  производите купени во Нептун со овој кредит во промотивниот период до 31.12.2020 година, имате можност за плаќање до 60 рати без камата.

 

Ова е одлична можност за празничен шопинг и подновување на вашиот дом. Сите информации за овој нов кредитен производ може да ги видите на следниот линк.




24.12.2020 - Комерцијална банка Ексклузивен спонзор на Наградата „Новите“


Комерцијална банка АД Скопје традиционално, и оваа година, по 15-ти пат е Ексклузивен спонзор на Наградата „Новите“ на Конкурсот за најдобар прозен дебитантски ракопис, во организација на книгоиздателството „Темплум“, која ќе се додели на 25.12.2020 година.

 

Доделувањето ќе се одржи на предниот дел во Градскиот парк во Скопје (влезната патека во паркот)  во 12:00 часот, во рамки на Малиот новогодишен саем на книги.

 

Со оваа награда се поддржуваат, пред сè, младите и недоволно афирмирани автори. Но, наградата претставува и афирмација на прозното творештво, а нејзината цел е да ги промовира и афирмира новите луѓе, новите тенденции во литературата, новите поетски начела, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла, културно, но и економски и медиумски.

 

На годинешниот лауреат Комерцијална банка ќе му додели парична награда во вредност од 92.250,00 денари.




21.12.2020 – Комерцијална банка започна со исплата на финансиската помош од Владата во износ од 6.000 денари


Комерцијална банка на 21.12.2020 година започна со исплата на финансиската помош од Владата од четвртиот пакет мерки за справување со последиците од вирусот Ковид-19.

 

Сите приматели на финансиска помош во износ од 6.000 денари, кои се распределени за исплата преку Комерцијална банка и кои редовно работат со сметките и имаат ажурирани податоци во Банката, средствата ќе може веднаш да ги користат.
 

Оние корисници на финансиска помош кои:

  • немаат трансакциска сметка во Комерцијална банка,
  • имаат сметка на која има активна блокада преку ЕРТС,
  • имаат сметка која не ја користeле подолго време и немаат ажурирани лични податоци во Банката;

потребно е најдоцна до 25.12.2020 година да отворат трансакциска сметка и/или да ги ажурираат личните податоци во Банката за да може да им се исплати финансиската помош од Владата. Овие корисници финансиската помош ќе може да ја користат следниот ден по ажурирање на податоците и/или отворање сметка.

 

Ажурирањето на податоците и поднесувањето барање за отворање сметка може да го извршат во најблиската експозитура/филијала на Банката. Листата на експозитури и филијали и нивното работно време може да се видат на следниот линк. Согласно Законот, доколку ги ажурираат податоците и/или отворат сметка по 25.12.2020 година, финансиската помош не ќе може да им се исплати.

 

Со цел заштита на здравјето на граѓаните од вирусот Covid-19, при посета на експозитурите и филијалите на Комерцијална банка задолжително е почитување на сите здравствени препораки (заштитна маска на лицето, држење на пропишаното растојание и дезинфекција на рацете). Препорака за граѓаните е да ги користат средствата со картичка.




17.12.2020 – Практични искуства и совети добија клиентите на Комерцијална банка за раст на нивната е-продавница


vebinar

Да се има е-продавница веќе не е само добра работа, туку прераснува во основна алатка за зголемена продажба и генерирање приходи, а во краен случај и за опстанок на бизнисот. Комерцијална банка го препозна предизвикот на новото време, во кое шопингот се повеќе се префрла он-лајн, па на своите клиенти им овозможи да ги дознаат современите и ефикасни решенија за дигитализација, електронска трговија и дигитален маркетинг.

Банката на 16.12.2020 година организираше вебинар на тема „Е-Продавница за новата ера – Искуства и совети за поголема online продажба“ за сите свои клиенти (правни лица) кои ja користат услугата за е-трговија преку Комерцијална банка. На вебинарот, претставниците на компаниите имаа прилика да слушнат практични совети за креирање и одржување ефикасна е-продавница и за начините за најдобро искористување на нејзиниот потенцијал од докажани професионалци од областа на финансиите и ИТ индустријата.

Комерцијална банка останува посветена на своите клиенти, не само за финансиска поддршка на нивниот бизнис, туку и за несебично и заемно пренесување искуство и знаење, кои го прават модерниот деловен свет развоен и отпорен на закани од локален и глобален карактер. За сите учесници на вебинарот беа приредени дополнителни изненадувања од Банката, кои во иднина ќе им помогнат да додадат вредност на својата е-продавница. 



16.12.2020 – Вие купувате, ние донираме – Комерцијална банка ќе донира средства за грижа на децата со аутизам


донираме
 
По повод 25 години од првата Mastercard® картичка од Комерцијална банка, во периодот од 15 декември 2020 до 8 јануари 2021 година, ќе се реализира нов донаторски проект на Банката наменет за грижа на децата со аутизам. Со кампањата „Комерцијална банка и Mastercard® - Заедно за нешто бесценето“ Банката од сопствени средства ќе обезбеди финансиска поддршка за здруженија кои се грижат за помош и поголема инклузивност на децата со аутизам.
 

За реализација на овој хуман проект, за секоја трансакција што ќе ја направат сопствениците на картичките Mastercard® од Комерцијална банка на продажни места или онлајн од 15 декември до 8 јануари, ние од сопствени средства ќе донираме за деца со аутизам. Во кампањата ќе учествуваат сите трансакции направени со Mastercard® картичките од Банката за физички и правни лица, како и трансакциите направени со дигитализирана картичка преку апликацијата KomPay.

 
Во овој празничен период кој по многу нешта е различен, Комерцијална банка заедно со своите клиенти ќе направи нешто бесценето. На клиентите им посакуваме да уживаат во безбедно купување, а ние ќе се погрижиме нивната празнична магија да ја претвориме во уште една хумана мисија. 





А Р Х И В А





Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам