Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



30.03.2020 – Комерцијална банка овозможи 6 месеци грејс период за корисниците на кредити, кредитни картички и за дозволено пречекорување


Со цел да го олесни финансискиот товар со кој клиентите се соочуваат или би можеле да се соочат како резултат на корона-кризата, Комерцијална банка АД Скопје објави Јавна понуда за промена на договорните услови за кредитните производи на физички лица.

 

Комерцијална банка одобрува грејс период од 6 (шест) месеци за кредитните производи на физички лица, пролонгирање на крајниот рок на отплата на кредитите за 6 месеци, како и автоматско продолжување на рокот за користење на дозволеното пречекорување до 30.09.2020 година (без намалување на одобрениот износ и без оглед дали на сметката стасува редовен месечен прилив). Јавната понуда се однесува на сите физички лица - клиенти на Банката кои имаат кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања, кои на 29.02.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В и немаат статус на сомнителни и спорни побарувања (нефункционални), односно во своето досегашно работење со Банката не доцнеле подолго од 90 дена при отплата на обврските. Сите физички лица на кои се однесува Понудата, ги замолуваме детално да ја разгледаат Понуда на следниот линк и да одлучат дали истата ја прифаќаат или ја одбиваат: https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2370&lang=1&uc=1

 

До Банката треба да се обратат електронски или писмено (на начин детално опишан во Понудата) исклучиво физичките лица кои ја одбиваат Понудата, најдоцна до 09.04.2020 година до 16.00 часот. За лицата кои ја прифаќаат Понудата истата автоматски ќе се имплементира, без потреба од контакт со Банката.

 

Бидејќи оваа криза носи негативни влијанија кои ќе ги погодат сите, Комерцијална банка ќе овозможи олеснувања и за оние клиенти - физички лица кои и пред почетокот на кризата имале проблеми со отплатата на обврските, односно лицата кои на 29.02.2020 година биле класифицирани во категорија на ризик В (нефункционални), Г и Д. Моделот на олеснувања за оваа група на клиенти сѐ уште се изработува, а јавноста наскоро ќе биде известена и за тие мерки.

 

Ваша Комерцијална банка






01.06.2020 – Комерцијална банка од утре ќе исплаќа парична помош од социјална и детска заштита


Од вторник, 2 јуни 2020 година, Комерцијална банка АД Скопје ќе врши исплата на парична помош од социјална и детска заштита за месец мај на корисниците кои помошта ја примаат на нивната денарска сметка во Банката.

Корисниците кои имаат активна дебитна картичка парите од социјалната и детската заштита ќе ги имаат на располагање веднаш и ќе може да ги подигнат на банкомат или да ги користат за безготовинско плаќање.

Имајќи ги предвид мерките за заштита од Covid-19, исплатата на паричната помош на шалтерите во Банката ќе биде организирана во три групи и тоа согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

  • Вторник 02.06.2020 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
  • Среда 03.06.2020 – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
  • Четврток 04.06.2020 – П; Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

 

При посетата на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното физичко растојание и дезинфекција на рацете.

Со цел избегнување на посета на филијалите и експозитурите во иднина, на корисниците кои немаат дебитна картичка Банката ќе им понуди да пополнат барање за нејзино бесплатно издавање. 




29.05.2020-Добредојдовте во првата целосно дигитализирана експозитура на Комерцијална банка АД Скопје


(Текстот е објавен во магазинот и на веб-порталот Капитал)
 
Сосема ново искуство, без чекање во ред и без контакт со шалтерски работник, брзо и едноставно подигнување и внес на готовина, замена на евра во денари, бесплатно плаќање сметки за јавни услуги. Сето ова го овозможува првата целосно дигитализирана експозитура на Комерцијална банка АД Скопје, која се наоѓа на улица Македонија во Скопје и работи 24 часа во денот, секој ден од годината. На овој простор од 20 метри квадратни сите корисници на банкарски картички влегуваат во дигиталниот свет на модерното банкарство и ги користат придобивките на современата технологија.

Дигиталното банкарство се наметнува како потреба на новите генерации. Но, актуелните вонредни услови предизвикани од пандемијата од вирусот Covid-19 ги истакнаа предностите на електронското и мобилното банкарство за сите клиенти воопшто, независно од возраста и навиките. Токму затоа е уште поголема вредноста на првата дигитална експозитура на Комерцијална банка, во која задоволството на клиентите е максимално.     

Влезот во експозитурата е овозможен со сите банкарски картички, а услугите можат да ги користат клиенти на Комерцијална, но и на други домашни или странски банки. За оние кои поседуваат картичка со технологија за бесконтактно плаќање вратата се отвора само со доближување на картичката до читачот на самиот влез, додека пак имателите на картички без ваква функционалност потребно е да ја провлечат картичката на читачот.

Кога ќе се овозможи влез во ескпозитурата, визуелните и лесно читливи ознаки ги насочуваат клиентите кон поставените уреди. Опремена е со банкомати и најнови дигитални киосци за безготовинско плаќање сметки. На првиот банкомат, освен стандардната функција за подигнување готовина, овозможен е и внес на готовина од физички и правни лица и откуп на евра. Доколку клиентот има потреба да уплати средства на својата кредитна картичка или трансакциска сметка, тоа може едноставно да го направи со внес на кредитната или дебитната картичка, со што уплатата ќе се евидентира на сметката со која е поврзана картичката. Без чекање на ред и уживајќи во комфорот што го нуди експозитурита, и правните лица може да го внесуваат дневниот пазар доколку располагаат со дебитна картичка за правното лице. Дневниот пазар ќе се евидентира на основната сметка на идентичен начин како да биле на шалтерите на Банката. На истиот банкомат, секое физичко лице (резидент или нерезидент) кое поседува банкарска картичка може да се врши и замена на евра во денари.

Како општествено одговорна компанија, водевме грижа во експозитурата да поставиме банкомат кој ќе биде приспособен за лица со посебни потреби.

Особено значајна услуга што ја нуди Дигиталната експозитура е плаќање без провизија на сметки или фактури кон ЕВН, Телеком и Телекабел, а наскоро и кон БЕГ и А1, на наменските киосци поставени во десниот дел.

„Корисникот сам, воден од апликацијата која му се прикажува на екранот, може во реално време да ја плати сметката со картичка на вградениот POS терминал за што добива печатена потврда. Корисникот го скенира баркодот од својата сметка (или го внесува бројот рачно на виртуелна тастатура), а на екранот ги добива информациите за конкретната сметка и продолжува со плаќање со својата банкарска картичка (со внесување на картичката во читачот или приближување до читачот за бесконтактни картички). По процесирањето на трансакцијата, корисникот добива повратна информација дали трансакцијата завршила успешно или не, a доколку е успешна, добива печатена потврда“, објаснуваат од Комерцијална банка.

На киосците во Дигиталната експозитура, клиентите - физички лица кои имаат претплата на Интернет банка на Комерцијална банка можат да испечатат и извод од својата трансакциска сметка, а оваа можност набргу ќе ја имаат и правните лица

Експозитурата нуди одличен комфор, бесплатен пристап до WiFi, постојано е под видеонадзор и приспособена е за лица со посебни потреби.

„Граѓаните во земјава традиционално претпочитаат да посетат експозитура на банка кога сакаат да извршат некоја банкарска трансакција бидејќи на тој начин ја градат довербата кон таа институција. А, довербата е пресудна за секого кога треба да одлучи на која банка ќе и ја довери својата заштеда и со која ќе ја финансира својата иднина. Дигиталната експозитура на Комерцијална банка уште повеќе ја потврдува довербата што ја уживаат нашите клиенти бидејќи им овозможи да ги уживаат погодностите на дигиталниот свет, а кои им штедат време и пари“, истакнуваат од Комерцијална банка АД Скопје.
 
digitalna

 
digitalna
 
digitalna
 
digitalna
 
digitalna



27.05.2020 - Комерцијална банка АД Скопје објавува оглас за вработување проценител


Комерцијална банка АД Скопје вработува 1 (еден) извршител на позиција Самостоен стручен соработник за процена на имот и опрема на определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Градежен, Архитектонски или Економски факултет, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Работно искуство најмалку 4 години,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување ,   
  • Возачка дозвола,
  • Уверение за положен испит за проценувач од областа на недвижен имот, како и уверенија за положен испит за проценувач од други области.

 

Работно време: 40 часа неделно. Почетна основна нето-плата: 40.770,00 денари.

Огласот трае заклучно со 04.06.2020 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да  пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо, копија од Диплома за завршено високо образование, копија од Уверение/ја за положен испит за проценувач на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail vrabotuvanje@kb.com.mk , со назнака: „Oглас за вработување на Самостоен стручен соработник за процена на имот и опрема”

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел.: 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани. На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




26.05.2020 – Од 27.05.2020 исплата на мајските пензии во Комерцијална банка


Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за мај од среда, 27.05.2020 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од утре и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање.

 

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

 

  • среда 27.05.2020 година, исплата на пензии до 11.000 денари
  • четврток 28.05.2020 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
  • петок 29.05.2020 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
  • понеделник 01.06.2020 година, исплата на пензии над 18.000 денари

 

Со цел да се намалат редиците и да се заштити здравјето од Коронавирусот на сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банката строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.

 

Со цел дополнителна заштита на колективното здравје, на пензионерите што ќе ги посетат филијалите и експозитурите на Комерцијална банката ќе им биде понудено да пополнат барање за изработка на бесплатна дебитна картичка, која ќе им овозможи да имаат лесен, брз и едноставен пристап до своите средства во секое време.




19.05.2020 - Променето работното време на експозитури и филијали на Комерцијална банка АД Скопје


Од среда, 20.05.2020 година, повеќето од експозитурите и филијалите на Комерцијална банка АД Скопје ќе работат од 8:00 до 16:00 часот. Новото работно време важи од понеделник до петок, додека сабота останува неработен ден.
 

Ве известуваме дека од 8:00 до 16:00 часот ќе работат експозитурите Автокоманда, Маџари, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Драчево, Цветан Димов, Бисер, Лептокарија, Сити мол, Капиштец, Буњаковец, Макпетрол во Скопје, како и филијалите и експозитурите во Охрид, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Кочани, Битола, Штип, Куманово, Тетово, Гостивар, Велес, Богданци, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Илинденска - Тетово, Кичево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга.

 

Со работно време од 8:00 до 15:30 часот се експозитурите Скопјанка, Јане Сандански, МНТ, Влае, Водњанска, Букет, Чешма, Судска палата, Топанско Поле, Бутел, Ченто, Илинден, Лисиче.

 

Експозитурите Расадник, ГТЦ, Кјуби, Ѓорче Петров 2, Ново Лисиче, Облешево, Куманово-Туш и Штип-Туш и понатаму остануваат времено затворени за работа со клиенти.

 

Согласно препораките за заштита од вирусот Covid-19, при посета на експозитурите и филијалите на Комерцијална банка задолжително е носење заштитна маска, шал или марама на лицето, ограничен број на странки во истовреме и држење на пропишаното физичко растојание помеѓу странките.




18.05.2020 - Комерцијална банка АД Скопје објавува Оглас за вработување благајници во Скопје


Комерцијална банка АД Скопје вработува 4 (четири) извршители на позиција - Помлад соработник – благајник во Скопје, на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на експозитурите во Скопје.

Почетна основна нето-плата: 21.240,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 27.05.2020 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба  да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје”.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел: 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани. На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




14.05.2020 – Гифт-картичките и експозитурата Сити мол на Комерцијална банка во функција од 15.05.2020


Од петок,15 мај, започнува со работа експозитурата на Комерцијална банка АД Скопје во трговскиот центар Сити мол во Скопје, со работно време од 08 до 15 часот (од понеделник до петок).

 

Корисниците на гифт-картичките, од 15 мај ќе можат да уживаат  во пазарењето со истите во ТЦ Скопје Сити Мол. Бидејќи одреден период корисниците на овие подарок картички не беа во можност да ги користат истите, со отпочнувањето со работа на Трговскиот центар, рокот на важност на гифт-картичките се продолжува на следниот начин:

 

  • Рокот на сите Гифт-картички чија важност истекла во периодот од 15.03.2020 до 15.05.2020 година се продолжува до 15.07.2020 година.
  • Важноста на сите гифт-картички кои сѐ уште имаат рок на важење се продолжува за дополнителни 60 дена, сметано според денот на издавање на секоја картичка.

 

Сите клиенти, може да го проверат рокот на важност на картичката, како и преостанатиот износ за користење на следниот линк

 

Ви посакуваме пријатен шопинг и да не заборавиме дека и понатаму треба да останеме одговорни во заштитата на личното и на колективното здравје. Имајќи предвид дека мерките за заштита од вирусот Covid-19 се сѐ уште во сила во земјава, при посета на експозитурите и филијалите на Комерцијална банка АД Скопје задолжително е носење заштитна маска, марама или шал и држење на пропишаното растојание. 







А Р Х И В А