Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



30.04.2020 – Од 4 мај 2020 година Комерцијална банка ќе исплаќа парични права од социјална заштита за месец април


Комерцијална банка АД Скопје од 4 мај 2020 година ќе започне со исплата на паричните права од социјална заштита за месец април на корисниците кои паричната помош ја примаат на нивната денарска сметка во Банката. Корисниците кои имаат активна дебитна картичка парите од социјалната заштита ќе ги имаат на располагање на 04.05.2020 година и ќе може да ги подигнат на банкомат или да ги користат за безготовинско плаќање.

Имајќи ги предвид актуелните мерки за заштита од Covid-19 (корона вирус), исплатата на паричните права од социјална заштита на шалтерите во Банката ќе биде организирана во четири групи, и тоа согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

  • Понеделник, 04.05.2020 – А, Б, В, Г, Д;
  • Вторник, 05.05.2020 – Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К,Л;
  • Среда, 06.05.2020 – Љ, М, Н, Њ, О, П; Р;
  • Четврток, 07.05.2020 – С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

 

Потсетуваме дека при посетата на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.






19.05.2020 - Променето работното време на експозитури и филијали на Комерцијална банка АД Скопје


Од среда, 20.05.2020 година, повеќето од експозитурите и филијалите на Комерцијална банка АД Скопје ќе работат од 8:00 до 16:00 часот. Новото работно време важи од понеделник до петок, додека сабота останува неработен ден.
 

Ве известуваме дека од 8:00 до 16:00 часот ќе работат експозитурите Автокоманда, Маџари, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Драчево, Цветан Димов, Бисер, Лептокарија, Сити мол, Капиштец, Буњаковец, Макпетрол во Скопје, како и филијалите и експозитурите во Охрид, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Кочани, Битола, Штип, Куманово, Тетово, Гостивар, Велес, Богданци, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Илинденска - Тетово, Кичево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга.

 

Со работно време од 8:00 до 15:30 часот се експозитурите Скопјанка, Јане Сандански, МНТ, Влае, Водњанска, Букет, Чешма, Судска палата, Топанско Поле, Бутел, Ченто, Илинден, Лисиче.

 

Експозитурите Расадник, ГТЦ, Кјуби, Ѓорче Петров 2, Ново Лисиче, Облешево, Куманово-Туш и Штип-Туш и понатаму остануваат времено затворени за работа со клиенти.

 

Согласно препораките за заштита од вирусот Covid-19, при посета на експозитурите и филијалите на Комерцијална банка задолжително е носење заштитна маска, шал или марама на лицето, ограничен број на странки во истовреме и држење на пропишаното физичко растојание помеѓу странките.




18.05.2020 - Комерцијална банка АД Скопје објавува Оглас за вработување благајници во Скопје


Комерцијална банка АД Скопје вработува 4 (четири) извршители на позиција - Помлад соработник – благајник во Скопје, на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.       

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на експозитурите во Скопје.

Почетна основна нето-плата: 21.240,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 27.05.2020 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба  да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје”.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел: 3-168-412

                                                                  

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани. На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




14.05.2020 – Гифт-картичките и експозитурата Сити мол на Комерцијална банка во функција од 15.05.2020


Од петок,15 мај, започнува со работа експозитурата на Комерцијална банка АД Скопје во трговскиот центар Сити мол во Скопје, со работно време од 08 до 15 часот (од понеделник до петок).

 

Корисниците на гифт-картичките, од 15 мај ќе можат да уживаат  во пазарењето со истите во ТЦ Скопје Сити Мол. Бидејќи одреден период корисниците на овие подарок картички не беа во можност да ги користат истите, со отпочнувањето со работа на Трговскиот центар, рокот на важност на гифт-картичките се продолжува на следниот начин:

 

  • Рокот на сите Гифт-картички чија важност истекла во периодот од 15.03.2020 до 15.05.2020 година се продолжува до 15.07.2020 година.
  • Важноста на сите гифт-картички кои сѐ уште имаат рок на важење се продолжува за дополнителни 60 дена, сметано според денот на издавање на секоја картичка.

 

Сите клиенти, може да го проверат рокот на важност на картичката, како и преостанатиот износ за користење на следниот линк

 

Ви посакуваме пријатен шопинг и да не заборавиме дека и понатаму треба да останеме одговорни во заштитата на личното и на колективното здравје. Имајќи предвид дека мерките за заштита од вирусот Covid-19 се сѐ уште во сила во земјава, при посета на експозитурите и филијалите на Комерцијална банка АД Скопје задолжително е носење заштитна маска, марама или шал и држење на пропишаното растојание. 







А Р Х И В А