Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



24.09.2020 – Комерцијална банка спонзор на јубилејното 50-то издание на „Златно славејче 2020“


И оваа година златните славејчиња повторно ќе застанат на сцената и ќе ги отпеат своите хитови. И оваа година Комерцијална банка АД Скопје ќе го поддржи најстариот детски фестивал во земјава „Златно славејче“, кој го слави својот 50-ти роденден.

Заради новонастанатите услови, Фестивалот годинава ќе се одржи на 26 септември на отворено - на Големиот паркинг во СЦ „Борис Трајковски“.

Фестивалот ги негува и промовира композициите за деца создадени од најголемите музички автори во оваа област, а кои децата понатаму ги препознаваат како песни на своето детство. Банката со својата поддршка за овој Фестивал уште еднаш потврдува дека како општествено одговорна компанија го следи и помага развојот на младата популација.
 
Златно С
 





19.10.2020 – Донација на храна од Комерцијална банка по повод Светскиот ден на гладот


Со донација на 42 пакети храна Комерцијална банка повторно го даде својот придонес за ублажување на потешкотиите со кои се соочуваат социјално ранливите групи граѓани во земјава.

 

Вработените и менаџментот во Банката несебично донираа средства за набавка на прехранбени производи, кои преку Црвениот крст на Општина Центар треба да стигнат до семејствата и до поединците на кои им се неопходни. Оваа хумана акција, спроведена по повод Светскиот ден на гладот (16 Октомври), е дел од стратегиските заложби на Комерцијална банка преку општествено одговорни практики да се намали сиромаштијата во земјава и да се подигне свеста за потребата од поголема грижа за квалитетот на животот на сите граѓани.

 

Дел од тие заложби Банката традиционално ги реализира преку организацијата на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

 

sl
 
sl




16.10.2020 – Експозитурите и филијалите на Комерцијална банка со ново работно време


Комерцијална банка АД Скопје ги известува клиентите дека филијалите низ земјава и дел од експозитурите во Скопје во сабота ќе работат од 09 до 12 часот. Во Скопје, во сабота започнуваат да работат експозитурите КБ1, Бисер, Автокоманда, Цветан Димов и Сити Мол.

Од 19.10.2020 година со редовна работа ќе започнат експозитурите Ѓорче Петров 2, Кјуби, Расадник и Ново Лисиче во Скопје, како и експозитурата во Облешево, кои беа привремено затворени поради пандемијата со Ковид-19. Работното време на овие експозитури е од понеделник до петок, од 08 до 16 часот. 

Сите информации поврзани со работното време на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка се достапни на следниот ЛИНК.

Истакнуваме дека при посета на филијалите и експозитурите на Банката е задолжително почитувањето на пропишаните мерки за заштита на здравјето од Ковид-19, односно носење заштитна маска или марама на лицето, дезинфекција на рацете и држење на соодветно растојание.


16.10.2020 – Создаваме навики за штедење од мали нозе


 

detsko1

 

detsko2

 

Комерцијална банка е особено горда што дечињата ја препознаваат и ѝ се радуваат на „Верверичка“

 

 

Штедењето пари е навика за која некогаш е потребно долго време за да се изгради. Со детското штедење „Верверичка“ на Комерцијална банка АД Скопје уште од мали нозе ги учиме децата за значењето на парите, им создаваме навики за штедење и ги подготвуваме за влез во светот на личните финансии.

 

Верверичките се адаптирани да го кријат вишокот храна и да го заштедуваат за некој иден период, исто како што е потребно секое дете од најмала возраст да се стекне со навика за заштеда. Нашата „Верверичка“ е едно од највредните и најверните другарчиња на илјадници деца во земјава веќе неколку децении.

 

Овој посебен штеден производ на Комерцијална банка АД Скопје е создаден со посебно внимание, со цел кај децата да создаде навика за одговорен однос кон парите и да им ги предочи вредностите на штедењето. Штедењето со „Верверичка“ носи и камата со која штедниот влог на вашето дете расте и не е само „пари тргнати на страна“, туку вистинска инвестиција.

 

Октомври традиционално се одбележува како месец на штедењето. Искористете го овој повод за да отворите нова тема за дискусија со вашите дечиња – разговарајте за парите и за значењето на парите. Научете ги да мислат и да ја планираат својата иднина.

 

Во тоа секако ќе им помогне „Верверичка“, која ве чека на сите шалтери на Комерцијална банка. При отворањето штедна книшка, вашиот мал штедач ќе добие специјален подарок – касичка.




09.10.2020 – Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 12.10.2020


Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 12.10.2020 година (пoнеделник) заради празнување на 11 Октомври.
 

Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата на готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банката и мБанка. За корисниците на платежни картички 24/7 е отворена и дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија во центарот на Скопје и дел од модернизираната експозитура Бисер во населбата Аеродром.




05.10.2020 – Комерцијална банка предупредува на лажни e-mail пораки


Почитувани,

 

Комерцијална банка АД Скопје во изминатиот период идентификуваше неколкукратни обиди за лажно претставување во нејзино име со злоупотреба на името и заштитните знаци на Банката преку испраќање електронски пораки, во кои преку лажни информации за наводни уплати/исплати се прави обид за доведување на клиентите во заблуда

 

Ве советуваме со зголемена доза на внимателност и критичност да ги земате предвид ваквите пораки и да не ги отворате доколку се сомневате во вирус или во злонамерен софтвер. Дека сомнителната е-mail порака не е испратена од Комерцијална банка АД Скопје може да се види во header-от на пораката.

 

Банката преку дополнителни средства што и се на располагање и во рамки на нејзината моќ и ингеренции ќе настојува да ги превенира и спречи ваквите обиди.

 

Со цел избегнување на spoof-ирани е-mail пораки (лажирање на адресата на праќачот), ве молиме да се обратите до вашите e-mail провајдери за спроведување механизам со проверка на јавно публикуван SPF(1) рекорд и на валидноста на e-mail серверот од кој добивате пораки.

 

(1) https://en.wikipedia.org/wiki/Sender_Policy_Framework

 

Банката ќе го пријави случајот во надлежните институции согласно позитивните законски прописи.




05.10.2020 – Комерцијална банка горда на своите маратонци


Со одличен настап на 16-от Виз Ер Скопски маратон, 24 вработени од Комерцијална банка АД Скопје уште еднаш потврдија дека упорноста и вербата во себеси и во своите способности е гарантирана формула за успех. Учесниците од Комерцијална банка, годинава во уште поголем број од лани, се натпреваруваа во сите дисциплини: маратон, полумаратон и штафетен маратон.

 

Миомир Алексовски забележа 10-то најдобро време и личен рекорд (01:21:14) на полумаратонот во машка конкуренција, а беше 7-мо пласиран меѓу домашните натпреварувачи. Маратонецот Бобан Нефовски оствари одлично време од 3:07:07 во

маратонската трка на 42 километри и го освои 11-то место во генералниот пласман. 

 

Во машката штафета, екипата на „Комерцијална банка 1“ го освои 11-то место во состав Ивица Бошков, Иван Гиновски, Горан Кузмановски и Ристо Чолас.

 

На Виз Ер Скопски маратон годинава заради пандемијата имаше помал број учесници, односно беа присутни 2.000 натпреварувачи.
 
скм
 
скм
 
скм



25.09.2020 – Исплатата на пензиите за септември започнува на 28.09.2020 година


Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за септември од понеделник, 28.09.2020 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање.

 

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

 

  • понеделник 28.09.2020 година, исплата на пензии до 11.000 денари
  • вторник 29.09.2020 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
  • среда 30.09.2020 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
  • четврток 01.10.2020 година, исплата на пензии над 18.000 денари

 

За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од корона вирусот на сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посетата на филијалите и на експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.


22.09.2020 – Комерцијална банка генерален спонзор на концертот на групата Синтезис


 

Во рамките на посветеноста за поддршка на вистинските универзални и културни вредности, Комерцијална банка АД Скопје се јајвува како генерален спонзор на јубилејниот концерт на групата Синтезис.

 

Концертот ќе се одржи на 23 септември на Плоштадот Мајка Тереза (платото пред МОБ) во Скопје, во организација на Баги комуникации. 

 

Групата Синтезис е една од најпознатите македонски и балкански етно групи, а годинава слави 25 години уметничко работење. По повод јубилејот, специјални гости на концертот ќе бидат Влатко Стефановски Наум Петрески.







А Р Х И В А





Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам