Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



29.10.2020 – „Верверичка“ повторно ги наградува новороденчињата


верверичка


Верверичка“ повторно подготви изненадувања за сите деца што ќе се родат на 31 октомври 2020 година. По повод Светскиот ден на штедењето, Комерцијална банка АД Скопје ќе им додели штедни книшки за детско штедење „Верверичка“ со износ од 5.000 денари. При отворањето штедна книшка, вашиот мал штедач ќе добие и специјален подарок – касичка.

 
Штедни книшки ќе добијат сите деца што ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во другите градови во Републиката во кои Банката има свои филијали и/или експозитури. За да ги добијат донираните средства, законските застапници на децата родени на  31.10.2020 треба да ги достават потребните документи во Комерцијална банка најдоцна до 31.12.2020 година. Пред да ги достават документите на шалтерите на Банката во Скопје и во други градови, треба да извршат регистрација на нивните деца како даночни обврзници во најблиската регионална дирекција на УЈП, согласно процедурите пропишани од УЈП. Во спротивно Банката нема да биде технички во можност да изврши исплата на средствата.

 

Со оваа своја одговорна мисија Комерцијална банка ги учи децата уште од мали нозе да штедат и да го научат значењето на оваа важна животна навика. Затоа детското штедење „Верверичка“ е штеден производ создаден со посебно внимание, кој носи и камата со која штедниот влог на вашето дете расте.






01.12.2020 – Со онлајн апликација побрзо до трансакциска сметка и дебитна картичка од Комерцијална банка


апликација

Сега веќе едноставно и брзо можете онлајн да отворите трансакциска сметка и да добиете дебитна картичка од Комерцијална банка. Поднесете го барањето онлајн, преку веб страницата на Банката, а ние ќе ви отвориме сметка и ќе ја изработиме дебитната картичка што вие ќе ја изберете.

 

Банката ќе ги подготви сите потебни документи врз основа на онлајн поднесеното Барање и добиените лични податоци, по што може да си ја подигнете картичката и да ги потпишете документите во експозитурата или филијалата на Комерцијална банка што сам ќе ја изберете.

 

За трансакциска сметка и дебитна картичка од Комерцијална банка може да аплицирате на следниот ЛИНК.

 

Со оваа новина Комерцијална банка ви овозможува брзо и лесно да станете клиент на Банката, со што понатаму ги имате на располагање разните видови производи и услуги, од кои повторно голем дел ви се на располагање на вашиот мобилен телефон или компјутер преку апликацијата мБанка или Интернет банка. Со Комерцијална банка ги добивате сите потребни алатки за современо менаџирање со вашите средства.




25.11.2020 – Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Он-лајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци


Vestini

Во услови на пандемија од вирусот
Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики.

Преку он-лајн предавања, заради почитување на здравствените протоколи, вработени од Банката на ученици од прва година од насоките Економски/Правен техничар и Економија, право и трговија им споделија значајни и корисни содржини на следниве теми:    

- Финансиска писменост и финансиско штедење

- Комуникации при барање работа и интервју за работа

- Комуницирање во правен субјект (состаноци, преговарање и интерна комуникација во компанијата)

- Кодекс на однесување во компанија и деловен бонтон

Комерцијална банка со овој проект продолжува со својата општествено одговорна мисија и придонес за поквалитетно образование, а го даде и својот придонес во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост.

„Штедењето беше првата тема на овој серијал. Јасно е дека штедењето придонесува за стабилен економски и културен развој. Неизвесноста што ја носи иднината е причина плус за постојано потенцирање на принципите на економичност и рационалност во носење на одлуките. Идејата е оваа матрица да ја всадиме кај секого уште од мали нозе. Ваквиот системски пристап ќе даде резултат на долг рок во сите делови на живеењето и на сите нивоа на државата. Сериозен, индивидуален и институционален, пристап кон културата на штедење ќе ја зголеми благосостојбата на секој поединец и на општеството во целост“, изјави Љупчо Котевски, директор на Дирекцијата за депозитно работење.

Предавањата беа во рамките на Програмата на училиштето за феријална практика, која пак е задолжителен елемент од наставниот курикулум во дуалното стручно образование. Таа дава можност сите ученици кои ја следат да се запознаат и да стекнат знаења и вештини во одредено подрачје, директно пренесени од работодавец.

„Соработката со Комерцијална банка започна во октомври - месец на штедењето. Целта беше учениците од нашето училиште да бидат запознаени со финансиското штедење и писменост од страна на еден од главните столбови на финансиското работење во Република Северна Македонија. Таа соработка прерасна во процес на реализација на феријалната практика, за првпат онлајн, почитувајќи ги здравствените протоколи и здравјето на учесниците. Горди сме и благодарни што соработуваме со вистински професионалци во својата област, кои несебично се заложуваат за унапредување на знаењата и вештините на нашите ученици, мотивирајќи ги во иднина да се вклучат на пазарот на трудот и да бидат дел од успехот на секоја компанија“, вели директорката на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, м-р Тања Јовановска.

Основна карактеристика на феријалната практика е во текот на нејзината реализација учениците да градат ставови и да размислуваат за својот личен и кариерен развој во вистински работни услови.




25.11.2020 – Исплатата на пензиите за ноември започнува на 26.11.2020 година


Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за ноември од четврток, 26.11.2020 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од четврток и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање.

 

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

 

  • четврток, 26.11.2020 година, исплата на пензии до 11.000 денари
  • петок, 27.11.2020 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
  • понеделник, 30.11.2020 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
  • вторник, 01.12.2020 година, исплата на пензии над 18.000 денари

 

За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето на сите корисници на банкарски услуги од корона вирусот, апелираме при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банката строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.


24.11.2020 – Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини


Donacija

 

Лекциите,наставниците и другарчињата сега се достапни за 46 ученици на кои Комерцијална банка АД Скопје им донираше лаптопи со цел да им овозможи да ја следат наставата онлајн. На талентираните и желни за учење дечиња од основни и средни училишта од 14 општини во земјава им беа предадени лаптопите од страна на вработени во Банката со желба да имаат успех во учењето во овие вонредни услови и да останат посветени на своето образование и понатаму во животот.

 

Комерцијална банка оваа година одлучи наместо за репрезентативен материјал по повод Новогодишните празници да одвои средства за донација на лаптопи на ученици. Со тоа, Банката, како општествено одговорна компанија, во услови на глобална пандемија го даде својот придонес и за обезбедување достапно и квалитетно образование на деца кои досега немаа таква можност.

 

Ова не е првпат Комерцијална банка да го поддржува образовниот процес во земјава. Досега се донирани стотици компјутери за потребите на повеќе училишта. Банката е редовно посетувана од ученици кои од нашите вработени учат за парите, нивното одговорно трошење и штедење. Комерцијална банка е партнер на повеќе образовни институции во овозможувањето пракса за ученици и студенти, со цел и практично да им го доближи финансиското работење.

 

„Финансиската училница“ на Комерцијална банка, пак, за една година реализираше предавања на 520 деца во 11 средни и три основни училишта, на кои им пренесе финансиско знаење и информации за тоа како правилно да ги користат финансиските производи.

 

Банката останува посветена на својата мисија за помагање и унапредување на образовниот процес бидејќи децата се носителите на идниот развој во државата.




24.11.2020 – Ново од Интернет банка на Комерцијална банка: оn-line аплицирање за кредитни картички и поднесување рекламации за трансакции со картички


OnlineAppCD_portal
 

Комерцијална банка им овозможи електронско (online) аплицирање за кредитни картички за физички лица на сите корисници на услугата Интернет банка кои имаат опција за плаќање. Оваа дигитална услуга може да ја искористат за да аплицираат за сите кредитни картички што ги издава Банката, вклучително и новиот СМАРТ кредит преку картичка.

 

Опцијата е достапна откако ќе се најават на Интернет банка и ќе ја изберат во менито „Online апликации“. За да се поднесат барањето за кредитна картичка и потребните документи неопходно е барателот да има важечка листа на кодови за плаќање или токен. Во овој дел  ќе може да се следи и статусот на поднесеното барање.

 

Во истото мени, „Online апликации“, отсега ќе може да се врши и рекламација за трансакција со картичка само со поднесување на потребните податоци за трансакцијата.

 

Искористете ги привилегиите што ви ги нуди Интернет банка на Комерцијална банка и чувајте го вашето и здравјето на другите.



23.11.2020 – Потврдата за платен данок на дивиденда од Комерцијална банка достапна во електронска форма


Отсега, пресметката за платен данок на дивиденда исплатена од Комерцијална банка АД Скопје, во 2020 година за добивката остварена во 2019 година е достапна во електронска форма преку апликацијата Интернет банка.

 

Корисниците (физички лица – резиденти) на електронско банкарство на Комерцијална банка, кои во исто време се и акционери на Банката, можат на едноставен и брз начин, откако ќе се најават на апликацијата, да ја симнат потврдата за платен данок. Документот се наоѓа во Главното мени, на линкот „Персонален данок“.

 

На акционерите, правни лица и физички лица кои не се корисници на електронско банкарство на Комерцијална банка, потврдата за платен данок на дивиденда ќе им биде доставена во печатена форма по пошта.




20.11.2020 – Избегнете ги шалтерите со дигиталните услуги на Комерцијална банка


BankomatiNews

 

Потребата од посета на шалтерите на Комерцијална банка АД Скопје станува сѐ помала бидејќи дигиталните услуги и производи на Банката стануваат сѐ подостапни. Со континуирани инвестиции во современите банкарски технологии Комерцијална банка го прави побрзо и полесно извршувањето на финансиските трансакции, а ви овозможува и поголема заштита на здравјето во услови на панедмија од вирусот Covid-19.

 

Можноста за уплата на готовина на банкомат веќе е достапна на 27 банкомати на Банката, распоредени низ целата држава. Сите физички лица, корисници на кредитни и дебитни картички, како и сите правни лица корисници на дебитни картички издадени од Комерцијална банка, може да вршат уплата на книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Улатените средства се евидентираат на сметката поврзана со картичката со која се прави трансакцијата, односно на основната трансакциска сметка на правното лице - имател на картичката.

 

Секако, на овие банкомати може и да подигате готовина, за што ви стои на располагање и мрежата од вкупно 169 банкомати низ државава, од кои 30 веќе се со екран на допир.

 

Не морате да одите на шалтер дури ни за плаќање сметки за јавни услуги (А1, ЕВН, БЕГ, Телеком и Телекабел), печатење извод од трансакциска сметка на физичко лице, замена на евра во денари. Тоа може да го извршите едноставно и брзо преку дигиталните киосци на Комерцијална банка лоцирани во Дигиталната експозитура на ул. Македонија и во реновираната експозитура Бисер во Скопје.

 

Комплетната листа на банкомати на Комерцијална банка, со информации за функциите што ги нудат, е достапна на следниот ЛИНК.

 

Уживајте во погодностите што ви ги нуди Комерцијална банка АД Скопје и бидете одговорни и кон вашите финансии и кон вашето здравје во исто време.




18.11.2020 – Известување за лажна Facebook страница


Почитувани,

 

На Facebook е забележана страница која има објавено видео-содржина со која повикува на симнување апликација (игра) и алудира на брза добивка на пари. Во видеото се прикажува лажна СМС порака од Комерцијална банка за прилив на средства.

 

Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје нема никаква врска со оваа активност и во моментов не организира никаква наградна игра преку Facebook или преку апликација. Уште еднаш ве советуваме да бидете исклучително внимателни кога ги споделувате вашите лични податоци додека сте на Интернет.

 

Страницата и видео-содржината веќе се пријавени на Facebook како измама. По целосна анализа на случајот, Банката ќе преземе соодветни мерки пред надлежните институции согласно позитивните законски прописи.

 

Ваша, Комерцијална банка

 




13.11.2020 – Комерцијална банка по 10-ти пат наградена од Global Finance за „Најдобар FX провајдер“


sl

 

Комерцијална банка АД Скопје се стекна со награда за „Најдобар FX Провајдер во Република Северна Македонија“ (најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари) од страна на угледниот светски магазин Global Finance, со седиште во Њујорк, САД.

 

Ова е десетто по ред признание за најуспешно работење на Комерцијална банка АД Скопје во доменот на тргување со финансиски инструменти во земјава, доделено од Global Finance.

 

Изборот за најдобар „FX Провајдер“ на финансиските пазари во Северна Македонија е направен врз основа на неколку критериуми, кои вклучуваат: големина на трансакции, пазарно учество, обем на глобална покриеност, ниво на услуга кон клиентите, конкурентни цени и користење иновативни технологии.

 

Прогласувањето на Комерцијална банка за „Најдобар FX Провајдер во Република Северна Македонија“ е уште една потврда за високиот квалитет на услуги кои Банката ги нуди и за нејзината лидерска позиција во областа на тргување на домашните и на глобалните финансиски пазари.




10.11.2020 - СМАРТ кредит преку картичка – нов кредит од Комерцијална банка


PROnjavaNews

 

Со новиот СМАРТ кредит од Комерцијална банка АД Скопје добивате потрошувачки кредит и кредитна картичка во едно. Уште поважно, располагате со максимум 400.000 денари, кои ги трошите секогаш кога имате потреба од нив. СМАРТ кредитот е со едноставна процедура за одобрување и без ограничен рок на важност.

 

Овој кредит има уште една поволност за корисниците, во случај на спреченост за отплата вклучува осигурување без надомест, преку Триглав Осигурување.

 

Расположивите средства од кредитот ви се достапни 24 часа на ден преку банкомат. Секако, преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство во секое време можетеда ги следите промените во состојбата на вашата сметка.

 

Искористете го промотивниот период до 31.12.2020 година и аплицирајте за СМАРТ кредит без надомест за аплицирање и обработка на вашата документација.

 

Дознајте ги сите детали и поволности на СМАРТ кредитот на следниот линк.




06.11.2020 - Комерцијална банка спонзор на јубилејниот концерт на „Скопски солисти“


солисти

 
Комерцијална банка АД Скопје е спонзор на јубилејниот концерт на Камерниот оркестар „Скопски солисти“, насловен како „Јубилеј 20 години уметничка дејност на Камерниот оркестар Скопски солисти“.

На концертот како солисти ќе настапат тенорот со светска кариера Благој Нацоски, познатата примадона Весна Гиновска-Илкова – сопран и виртуозниот обоист Томе Атанасов, а под диригентската палка на  Иван Еминовиќ.

Овој јубилеен концерт ќе се одржи на 9 ноември во салонот на Националната опера и балет.

Ова е несекојдневен и, по многу нешта, единствен концерт од ваков вид, кој Комерцијална банка АД Скопје го поддржува со цел зачувување и истакнување на уникатните вредности на македонската култура.




04.11.2020 – Комерцијална банка АД Скопје ви овозможува on-line ажурирање на контакт и лични податоци


onlajn 

Доколку е потребно да ги ажурирате вашите контакт и лични податоци во Комерцијална банка АД Скопје, не мора да одите во филијала или експозитура, туку тоа може да го направите преку вашиот компјутер или телефон.

 

Интернет банката на Комерцијална банка ви овозможува промена на личните податоци со внес на новите податоци во предвидените полиња, по што тие автоматски се ажурираат во системската евиденција на Банката. Преку Интернет банката може да прикачите и фотографија или скен од вашиот документ за идентификација, по што истиот ќе биде ажуриран во нашата евиденција. Потврда за оваа измена се прави со внесување код од листата со кодови или со дигитален сертификат.

 

Промена на податоците за вашиот телефонски број, адреса или е-пошта може да извршите брзо и безбедно преку веб-страницата на Банката, при што за потврда на вашиот идентитет ќе треба да внесете ЕМБГ и телефонски број. Банката ќе ви испрати „код“ преку СМС порака, кој треба да го внесете преку формата за ажурирање поставена на  веб-страницата на Банката. Контакт податоците ќе бидат ажурирани во нашата евиденција по извршена проверка на корисникот и неговите податоци од страна на Банката.

 

Оваа можност е од времен карактер, односно ќе биде достапна сè додека важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам за време на вонредна состојба.




03.11.2020 – mBankaCo достапна на платформата Huawei AppGallery


 

sl 

 

Апликацијата mBankaCo на Комерцијална банка АД Скопје, која е наменета за правни лица, стана достапна и за корисниците на новите модели мобилни телефони Huawei. Корисниците на mBankaCo, кои немаат Google Play Services, апликацијата за мобилно банкарство може да ја користат на платформата Huawei AppGallery.

 

mBankaCo е бесплатна апликација за мобилни телефони и таблети која ви овозможува сигурен, брз и едноставен 24 - часовен пристап до најкористените услуги на електронското банкарство за правни лица. Со mBankaCo може да вршите увид во вашата трансакциска сметка, платен промет во земјата, продажба и откуп на девизи, потпишување девизен налог за плаќање.

 

mBankaCo на платформата Huawei AppGallery може да ја инсталирате преку следниот ЛИНК.







А Р Х И В А





Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам