Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



16.03.2021 - Комерцијална банка, Генерален покровител на наградата „Роман на годината“ за 2020


sl

 

Комерцијална банка и оваа година имаше чест да биде Генерален покровител на значајната награда „Роман на годината“ за 2020 година, која му беше врачена на Владимир Јанковски за неговото дело „Скриени желби, немирни патувања“, во издание на „Антолог“.

Оваа веќе традиционална и престижна награда од областа на домашното културно творештво ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“. Нејзината вредност е дотолку поголема бидејќи се доделува на роман кој е за првпат објавен, со што придонесува за афирмација на македонската романсиерска продукција и за поддршка на домашните автори.

 

Годинава, за наградата одлучуваше жири-комисија во состав: Оливера Николова (лауреат за 2019 година), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева.

 

„Литературата и раскажувањето приказни ни се потребни бидејќи прикажуваат дека животот е полн со нијанси, не е црно-бел, туку полн со различни перспективи. Треба сите да се потрудиме литературата и уметноста да допрат до нашите сограѓани бидејќи така создаваме посложена перспектива за животот што нѐ опкружува. Затоа приказните и литературата се многу битни“, изјави лауератот Јанковски при доделувањето на наградата.

 

Банката е генерален покровител на наградата „Роман на годината“ од 2017 година, при што обезбедува парична награда во вредност од 150.000 денари за лауреатот и уште 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата.

 

sl




17.6.2021–Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 18.06.2021г.


Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 18.06.2021 г., петок пред Духовден.

 

За подигнување и уплата на готовина може да ги користите банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имате веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.

 

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ и Бисер, како и дигиталниот дел во експозитурата во Дебар.




15.06.2021 - Комерцијална банка спонзор на концертот на Камерниот оркестар „Скопски солисти“


Во својата посветеност за поддршка на вистинските вредности, Комерцијална банка преку уште едно спонзорство застана на страната на вистинската уметност.
И оваа година Банката со големо задоволство ја дава својата поддршка на Камерниот оркестар „Скопски солисти“ за реализација на концертот кој ќе се одржи на 19 јуни во Домот на АРМ. Концертот насловен како „Подиум на млади“ ќе биде под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ, а ќе настапат и Милена Арсова, сопран, и Софија Никоска, виолина.
 
kameren
 
kameren
 



11.06.2021 – На стартот на ЕУРО 2020, Комерцијална банка ги изненади идните фудбалски ѕвезди


fudbal 

 
fudbal 

 

fudbal 

 

Уште само два дена не делат од првиот историски натпревар на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство ЕУРО 2020. Првиот настап на нашата држава на едно европско првенство никого не остава рамнодушен и возбудата доживува кулминација.

 

Избраниците на селекторот Ангеловски кои го постигнаа значајниот успех, се гордоста на државата и идолите на младите генерации фудбалери. Тие ја отворија новата страница од историјата на македонскиот фудбал, во која веројатно ќе се запишат уште многу идни фудбалски ѕвезди.

 

Комерцијална банка, како потврден пријател на македонскиот спорт, мисли и на младите фудбалери во земјава и на денот на почетокот на ЕУРО 2020 им приреди вистинско изненадување. Фудбалерите од пет детски фудбалски клубови низ земјава и три основни училишта во Скопје добија 55 фудбалски топки, донација од Банката, затоа што знаеме дека нивната најголема радост е топката.

 

Подароците ги наменивме за младите фудбалери на ФК Форца и ФК Беса Сарај од Скопје, ФК Куманово Еуроспорт, ФК Борец јуниор од Велес и ФК Гостивар. Меѓу нив се наоѓаат новите фудбалски имиња од Северна Македонија и затоа тие ја заслужуваат нашата поддршка. Со оваа донација Комерцијална банка ги потсети со целото срце да навиваат за македонската репрезентација и да останат посветени и истрајни во желбата да станат фудбалски ѕвезди.


08.06.2021 – Комерцијална банка со голема благодарност и награди за вредните детски рачиња


рачиња

 

рачиња
 
Во услови кои наметнуваат социјални дистанци и чести изолации, креативните начини на изразување на децата се покажаа како одличен механизам, наспроти сѐ, квалитетно и продуктивно да се помине времето. Поттикнати од радоста и ведрината што ја носи секој детски труд, Комерцијална банка организираше „Ликовен конкурс со минимум ограничувања“, наменет за децата на вработените кои се ученици од прво до деветто одделение.

 

Конкурсот поттикна голем интерес и силна инспирација кај дечињата, кои не почестија со вистински уметнички дела. Нивната креативност и мотивираност, Комерцијална банка ги награди со голема благодарност и награди за вредните детски рачиња.   

 

Силно веруваме дека час поскоро ќе се вратиме на нормално живеење, кое ќе ни дозволи да организираме многу покреативни дружби и активности. Детската креативност и правилниот развој на децата се во фокусот на општествената одговорност на Комерцијална банка, а поддршката од Банката е насочена не само кон децата на вработените, кои се дел од нашето поголемо семејство, туку и кон децата од целото општество, кои се нашата заедничка иднина.


04.06.2021 - Комерцијална банка спонзор на 40-от јубилеен „Мал битолски Монмартр“


монмартр

Детскиот ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр“, кој постигна светска слава, годинава го одбележува 40-то јубилејно издание. Комерцијална банка со гордост објавува дека и годинава традиционално беше спонзор на младите ликовни уметници, кои во Битола секоја година создаваат уметничко творештво од светски ранг.

 

„Мал битолски Монмартр“ се одржа од 23-30 мај во Битола, а беше реализиран во согласност со препораките и мерките за заштита на здравјето во услови на пандемија од вирусот Ковид-19.

 

Традиционално детскиот ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр“ претставува светска културно-образовна манифестација, која го развива детското ликовно творештво преку учество на млади ликовни таленти од сите меридијани. Оваа манифестација е веќе етаблирана на уметничката сцена и дава огромен придонес за афирмација на земјава. Препознавајќи го императивот да се поттикнуваат и поддржуваат младите уметници, Комерцијална банка со години е партнер на „Мал битолски Монмартр“ затоа што тука, меѓудругото, се создава и се гради дел од националната уметничка ризница.




27.5.2021 година – Годишен извештај на Комерцијална банка за 2020 година


Годишниот извештај на Комерцијална банка за 2020 година е достапен на следниот линк.


25.05.2021 – Нови бесконтактни банкомати на Комерцијална банка


beskontaktni bankomati

 

Подигањето готовина од банкомат станува полесно и побрзо, со новите бесконтактни банкомати на Комерцијална банка. Новата технологија овозможува и максимална безбедност на податоците при секоја трансакција.

 

Брзо, лесно и безбедно подигнете готовина со вашата бесконтактна картичка или со мобилен телефон преку апликацијата KomPay. Само доближете ја вашата картичка или мобилен телефон на бесконтактната ознака на банкоматот, внесете го вашиот ПИН и продолжете со трансакцијата. Готово за миг.

 

Комерцијална банка има високо распространета мрежа од вкупно 166 банкомати во земјата, а повеќе од 100 имаат можност за бесконтактно користење.




25.5.2021 - Исплатата на пензиите за мај започнува на 26.05.2021 година


Комерцијална банка АД Скопје од среда, 26.05.2021 година, ќе започне со исплата на мајските пензии. На пензионерите кои имаат активна дебитна картичка пензијата ќе им биде на располагање истиот ден и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

 

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

 

  • среда 26.05.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари
  • четврток 27.05.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
  • петок 28.05.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
  • понеделник 31.05.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари

 

Потсетуваме дека клиентите при посета на шалтер, заради заштита на своето и здравјето на вработените, мора задолжително да ги следат сите пропишани мерки за заштита и превенција од вирусот Covid-19 – држење на пропишаното минимално растојание, носење заштитна маска, марама или шал и задолжителна дезинфекција на рацете.







А Р Х И В А





Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам