Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



15.04.2021 – Потрошувачкиот кредит од Комерцијална банка со најповолни услови доби нов промотивен период


кредит
Продолжуваат примамливите изненадувања што ги носи потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка, кој го освои пазарот со најповолните услови досега. Промотивниот период за отплата до 120 месеци продолжува до 15.06.2021 година, со што граѓаните добија дополнителна можност да ги искористат сите поволности на овој кредит и да го купат тоа што веќе го посакале и испланирале.

 

Ненаменскиот потрошувачки кредит на Комерцијална банка е креиран за да ги задоволи потребите на граѓаните како што ним најмногу им одговара. Овозможува шопинг уживање и помало месечно оптоварување на семејниот буџет бидејќи има каматни стапки од 4,7% годишно, фиксна за првите 3 години, и 5,7% годишно, променлива за остатокот од периодот за отплата на кредитот. Овие каматни стапки се за клиенти кои примаат или ќе ја пренасочат платата во Комерцијална банка.

 

Кредитот е со износ до 30.000 евра, со евро клаузула. Повеќе информации за условите и потребните документи за аплицирање за потрошувачкиот кредит, ви се достапни на следниот линк .






12.05.2021 - Комерцијална банка спонзор на ФФМ во наредните три години


sl
 
 

Договор за спонзорство во наредните три години склучија Комерцијална банка АД Скопје и Фудбалската федерација на Македонија, кој има за цел да помогне во развојот на македонскиот фудбал. Во услови кога македонскиот фудбал празнува и со нетрпение го очекува почетокот на ЕУРО 2020, каде за првпат ќе настапува македонската репрезентација, Комерцијална банка обезбеди значајна поддршка за ФФМ за да поттикне нови успеси и заеднички победи.

 
„Веруваме дека македонскиот фудбал има во себе магија и моќ за да поттикне нови успеси и заеднички победи. Тоа да бидат успеси на деца кои ќе се определат за спорт, одговорност и дисциплина, на нови генерации фудбалери, на сите нас кои ќе изградиме уште подбри услови за спортот во земјава. Тоа е мисијата со која Комерцијална банка влегува во соработка со Фудбалската федерација бидејќи делиме заеднички цели и императиви. Посакувам Европското првенство 2020 да ни донесе многу радости, но на фудбалерите им посакувам, пред сѐ, добро здравје и многу среќа“, изјави Главниот оперативен директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, Г-дин Илија Илоски.
 
sl2
 
 

Комерцијална банка АД Скопје речиси седум децении го промовира и поддржува економскиот раст и прогресот во земјава. Со целокупното свое работење, и во финансискиот и во корпоративниот дел, Банката постојано придонесува за развој на економијата, но и на уметноста, културата, спортот, како и за унапредување и подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани.

 

„Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Комерцијална банка станува горд поддржувач на македонската фудбалска репрезентација. Горди сме ние што добиваме партнер кој секогаш ги потврдува и поддржува вистинските вредности. Најдобрата македонска банка заедно со најдобрата фудбалска репрезентација. Исклучително сме среќни што преку оваа соработка со Комерцијална банка имаме можност да ја продолжиме убавата приказна поврзана со учеството на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, која покрај спортскиот успех во себе содржи голема национална гордост“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Г-дин Муамед Сејдини.

 

Општествената одговорност како императив во работењето на Комерцијална банка има за цел не само да ја подобри сегашноста, туку и да ја изгради иднината во која луѓето ќе останат посветени, мотивирани и желни за нови победи и континуиран развој на општеството.

 
sl3



12.05.2021 – Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 13.05.2021


Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 13.05. (четврток) заради празнување на Рамазан Бајрам.

 

За подигнување и уплата на готовина може да ги користете банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имате веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.

 

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ и Бисер, како и дигиталниот дел во експозитурата во Дебар.




06.05.2021 – Пресметката за данок на доход од дивиденда исплатена во 2020 година достапна и на www.banka.com.mk


Комерцијална банка ги потсетува своите акционери (физички лица–резиденти) кои во исто време се и корисници на електронско банкарство на Банката дека имаат можност откако ќе се најават на www.banka.com.mk на едноставен и брз начин да ја симнат Пресметката на данок на доход од дивиденда исплатена во 2020 година. Пресметката се наоѓа во главното мени, на линкот „Персонален данок“.

 

На акционерите-физички лица кои не се корисници на електронско банкарство на Банката, Пресметката на данок на доход од дивиденда исплатена во 2020 година веќе им  е доставена во печатена форма по пошта. За овие акционери овозможена е и услугата за препечатување на Пресметката на сите шалтери на Банката. Пресметката се издава во истиот момент, само со приложување документ за лична идентификација на акционерот.




29.04.2021 – Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 30.04, 01.05 и на 03.05.2021


Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 30.04. (петок), 01.05. (сабота) и на 03.05. (понеделник) заради празнување на Велигден и на 1 Мај – Денот на трудот.

 

За подигнување и уплата на готовина може да ги користете банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имате веб и мобилните апликации Интернет банката и мБанка.

 

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ и Бисер, како и дигиталниот дел во експозитурата во Дебар.

 

Ви посакуваме пријатни Велигденски и Првомајски празници.




23.04.2021 - Комерцијална банка АД Скопје објавува оглас за вработување во Македонски Брод


 

Комерцијална банка АД Скопје вработува 1 (еден) извршител на позиција Помлад соработник во експозитурата на Комерцијална банка АД Скопје во Македонски Брод, на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

               

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.   

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Експозитурата, од понеделник до петок: од 08:00 до 16:00 часот.

 

 

Почетна основна нето-плата: 19.117,00 денари.

 

Огласот трае заклучно со 01.05.2021 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Комерцијална Банка АД Скопје- Експозитура Македонски Брод”.

                                                                 

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел: 3-168-412

                                                                   

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.




23.04.2021 – Исплатата на пензиите за април започнува на 26.04.2021 година


Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на априлските пензии од понеделник, 26.04.2021 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.  

 

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

 

  • понеделник 26.04.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари
  • вторник 27.04.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
  • среда 28.04.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
  • четврток 29.04.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари

 

За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, задолжително да се носи лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете.




22.04.2021 – Комерцијална банка една од трите најтргувани компании во постоењето на Македонската берза


b
 

Честа и гордоста на Комерцијална банка АД Скопје како една од трите најтргувани компании во 25-годишното постоење на Македонската берза за хартии од вредност се огромни како поради постигнатиот успех, така и поради придонесот на Банката во растот и развојот на македонскиот пазар на капитал.

 

По повод 25-годишниот јубилеј на сите кои беа дел од Македонската берза им упатуваме најсрдечни честитки. За Комерцијална банка е од исклучителна важност Берзата и во иднина да се развива бидејќи Банката не само што е главната blue chip компанија на пазарот, туку е и активна членка и акционер. 

 

Комерцијална банка има стратешка цел да биде котирана на Македонската берза на сегментот суперкотација, каде во моментот е единствена компанија, да ги почитува највисоките стандарди за известување на јавноста, активно да учествува на инвестициските конференции и во развојните проекти што ги иницира и реализира Македонската берза.

 

Досегашната 25-годишна соработка помеѓу Комерцијална банка и Македонската берза потврди дека интересот и потребата од постоење ефиканска и транспарентна берза се од обострано значење. Комерцијална банка придонесе за развојот на пазарот на капитал со максимална одговорност кон акционерите. Од друга страна, Берзата ѝ овозможи на Комерцијална банка не само зголемена компаниска видливост, туку и поголемо чувство на сигурност, како кај акционерите, така и кај клиентите кои не се акционери бидејќи се информирани за работењето на банката.







А Р Х И В А





Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам