Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Н О В О С Т И



02.07.2021 – Известување


Комерцијална банка АД Скопје ги известува клиентите дека во периодот од 05.07.2021 до 29.08.2021 нема да работат експозитурите „Ѓорче Петров 2“, „Водњанска“, „Чешма“, „Кјуби“ и „Ново Лисиче“. На располагање на клиентите ќе им бидат експозитурите на Банката кои се наоѓаат во непосредна близина - „Ѓорче Петров“, „Букет“, „11 Октомври“, „ГТЦ“ и „Бисер“.

 

Секако, клиентите може да ги извршат своите финансиски трансакции и преку дигиталните канали Интернет банка, мБанка и KomPay, широката мрежа на банкомати и дигиталните експозитури на Комерцијална банка, кои им се на располагање 24/7.




28.07.2021 - Комерцијална банка ја поддржува македонската музика


muzika
 

Oд 31јули до 2 август Охрид ќе биде центарот на македонската музика, каде што  овие три дена ќе се одржи фестивалот „Аларм“ со настап на десетици музички имиња од земјава.

 

Препознавајќи ја вредноста на домашното музичко творештво, Комерцијална банка обезбеди поддршка за фестивалот чие мото е „Македонија сака/има музика“. Ова е уште еден придонес на Банката за македонската музичка уметност, која во последниве две години се соочува со сериозни предизвици заради ограничувањата наметнати од пандемијата со вирусот Ковид-19.


23.07.2021 - Од 27.07.2021 г., Комерцијална банка започнува со исплата на јунските пензии


Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од вторник, 27.07.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец јули.


На пензионерите кои имаат активна дебитна картичка пензијата ќе им биде на располагање истиот ден и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.


Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

 

  • вторник 27.07.2021 година, исплата на пензии до 11.000 денари
  • среда 28.07.2021 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
  • четврток 29.07.2021 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари
  • петок 30.07.2021 година, исплата на пензии над 18.000 денари

Потсетуваме дека клиентите при посета на шалтер, заради заштита на своето и здравјето на вработените, мора задолжително да ги следат сите пропишани мерки за заштита и превенција од вирусот Covid-19 – држење на пропишаното минимално растојание, носење заштитна маска, марама или шал и задолжителна дезинфекција на рацете.

Ваша Комерцијална банка




22.07.2021 – Комерцијална банка со две први места во рангирањето на магазинот Finance Central Europe


prvo

Постигнатите резултати во работењето ѝ обезбедија на Комерцијална банка две први места на национално ниво во рангирањето што го изврши магазинот Finance Central Europе. Традиционално, во ова рангирање се опфатени најдобрите 100 банки во Југоисточна Европа.

 

Комерцијална банка е рангирана на прво место во Македонија според големината на средства и според стапката на принос на капитал.

 

Специјалното 22-ро годишно издание на магазинот Finance Central Europe ќе излезе во октомври годинава, кога ќе биде објавен списокот со најдобрите банки во Југоисточна Европа, рангирани според големината на средствата, капиталот, добивката пред оданочување, ROA и ROE. Магазинот објавува генерално рангирање на ниво на Југоисточна Европа, а ги рангира и најдобрите банки во секоја од 13-те земји опфатени со анализата - Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција.




14.07.2021 – Комерцијална банка прогласена за “Најдобра банка во Северна Македонија“ од магазинот Euromoney


sl

Комерцијална банка со огромно задоволство објавува дека е добитник на уште една престижна награда – „Најдобра банка во Северна Македонија“ во 2021 година, која ја доделува магазинот Еuromoney. Оваа награда е признание за извонредност на Банката, која со стабилност, одговорност и импресивни резултати се носи со Covid-19 кризата и излегува во пресрет на потребите на клиентите.

 

Врз основа на повеќе критериуми и остварените резултати по тој основ, врвни новинари и дописници на Еuromoney ја издвоија Комерцијална банка пред конкуренцијата и ја прогласија за најдобра во земјава. Kритериумите за доделување на наградите вклучуваат профитабилност, видлив раст, иновативност, нови услуги, остварување на релативно подобри перформанси во однос на конкурентите и можност за прилагодување кон променливите услови на пазарот и потребите на клиентите.

 

Наградите за извонредност се доделуваат од 1992 година и се сметаат за престижна програма за награди во глобалната банкарска индустрија. Почетоците на магазинот Euromoney датираат од 1969 година и се поврзани со потребата од покривање на повторното појавување на меѓународните прекугранични пазари на капитал, кои се претходница на денешните глобални пазари на капитал. Овој магазин е меѓу најпрестижните списанија во финансискиот свет.

 

Во 2020 година, Комерцијална банка беше прогласена и за „Банка на годината“ од страна на магазинот The Banker. Со последното признание уште повеќе се потврдуваат силните перформанси и цврстината на капиталот на Банката.



14.07.2021 – Комерцијална банка спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“


галичка 
 
галичка
 
Комерцијална банка АД Скопје и оваа година е спонзор на манифестацијата „Галичка свадба“, која традиционално се одржува околу верскиот празник Петровден. Оваа година ќе се одржи од 16 до 18 јули во Галичник, при што настанот ќе биде усогласен со Ковид-протоколите за организација на културни настани.

 

„Галичка свадба“ е меѓународно етаблирана културна манифестација. Весникот „New York Times“ во 2018 година ја вброи меѓу деветте европски фестивали кои мора да се посетат, а магазинот „National Geographic“ ја опиша како најтрадиционален свадбен фестивал во Европа.

 

Поддршката за „Галичка свадба“ е само дел од севкупната поддршка што Банката ја дава на културата и на уникатните вредности во домашното културно творештво, со што придонесува за подигнување на нивото на културно живеење во нашето општество.




07.07.2021 – Комерцијална наградена од ЕБРД за најактивна банка во финансирање на меѓународната трговија во 2020 година


nagrada

Европската банка за обнова и развој по седумнаесетти пат ја награди Комерцијална банка АД Скопје за „Most Active Issuing Bank in 2020 in North Macedonia“. Во земјава, Комерцијална e единствената банка што ја добива оваа награда од ЕБРД како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија.

  

Со оваа награда се потврдува меѓународната експертиза на тимот за документарно работење на Комерцијална банка, кој и понатаму го промовира реномето на Банката со својот висок степен на специфично стручно знаење и професионално искуство.







А Р Х И В А





Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам