Користење на СМАРТ кредит
СМАРТ кредитот може да се користи преку картичка за подигнување и уплата на готовина во денари на сите банкомати на Комерцијална банка АД Скопје (доколку клиентот при аплицирање избере да користи картичка) или со вршење безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на сопствена трансакциска сметка на Корисникот во Банката, од каде може да ги користи преку својата дебитна картичка.
СМАРТ кредитот Ви нуди флексибилност во користењето и отплатата на средствата. За подобро да се запознаете со револвинг принципот на користење на овој кредит, прочитајте го следниот Информатор за користење на СМАРТ кредитот.
Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.
За поголема сигурност и комфор при користењето на СМАРТ кредитот преку картичка ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје (точките 4, 5 и 6 од советите за безбедно користење не се однесуваат на СМАРТ кредитот).