Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Продажба на удели во инвестициски фондови на КБ Публикум Инвест АД Скопје

 

Сите заинтересирани физички и правни лица преку продажната мрежа на Комерцијална банка можат да купат удели во инвестициските фондови со кои управува КБ Публикум Инвест АД Скопје.

 

Сопственици на удели во Фондот можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори на кои им е дозволено да вложуваат согласно законската регулатива. Единствено ограничување е минималниот износ на почетното вложување, кој за сите фондови изнесува 1.000,00 денари.

 

Фондови во кои може да се купат удели:
 

 

Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – БАЛАНСИРАН 

Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок со однапред дефиниран период на инвестирање, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на минимален период од 2 до 3 години.

 

Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – ОБВРЗНИЦИ

Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок со однапред дефиниран период на инвестирање, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на период над 6 месеци.

 

Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – ПАРИЧЕН

Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на краток рок без однапред дефиниран период на инвестирање, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на период пократок од 1 година.

 

Отворен инвестициски фонд КБ ПУБЛИКУМ – МБИ 10

Инвестиционата стратегија на Фондот и изборот на финансиски инструменти сугерира вложување на среден рок, односно Фондот е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на период над 1 година.

 

При пристапување кон фондовите Банката ќе пополни Пристапница и Барање за купување документи за удел во избраниот фонд. Притоа: 

  • физичко лице треба да се легитимира со важечки документација за лична идентификација (лична карта или пасош), а
  • правно лице треба да достави веродостоен документ согласно со законските прописи, односно Тековна состојба од Централен регистар не постара од 3 месеци или друг документ од надлежен орган.

 

Ако при пополнување на Пристапницата и Барањето, клиентот, физичко или правно лице, се претставува преку полномошник, кон Пристапницата и Барањето полномошникот треба да приложи и нотарски заверено полномошно кое треба да содржи изрично овластување за купување удели, копија од документот за лична идентификација на сопственикот (лична карта или пасош) заверена на нотар и документ за лична идентификација на овластеното лице, застапникот.

 

Вредност на уделот: Клиентите купуваат документи за удел во Фондот според вредноста на поединечниот удел на денот на купување (Т), доколку паричните средства се уплатени до 14:00 часот во тековниот ден. Доколку паричните средства се уплатат по 14:00 часот во тековниот ден, уделите се купуваат според вредноста на поединечниот удел наредниот ден на вреднување (Т+1).

 

Уделите можете да ги купите на следните места во продажната мрежа на Банката:

 

За подетални информации можете да ја посетите web страницата на КБ Публикум Инвест АД Скопје: http://www.kbpublikum.com.mk/