Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

E-commerce

 

E-commerce услугата на Комерцијална банка АД Скопје овозможува прифаќање на картички од брендовите на MasterCard Worldwide и Visa International за плаќање на стоки и услуги преку интернет за правни лица регистрирани на територијата на РСМ.

Следејќи ги потребите на своите клиенти како и глобалните трендови во доменот на безготовинско плаќање, со воведување на оваа услуга Банката им овозможува на нејзините корисници безбедно и сигурно користење на сите предности на современите начини на тргување.

 

 

Аплицирање за услугата

 

За оваа услуга на Банката можат да аплицираат сите правни лица кои се регистрирани за вршење на продажба и имаат отворено сметка во Комерцијална банка АД Скопје, со доставување на Барање за е-commerce.

По доставување на Барањето, Банката го контактира правното лице со цел завршување на постапката за овозможување на услугата.

За сите дополнителни информации можете да не контактирате на e-commerce@kb.com.mk .

 

 

Позначајни предности на е-commerce услугата:

 

 

  •  Пониски трошоци за отворање и одржување на Интернет продажното место во однос на класично продажно место (изградба/наем, режиски трошоци, плати за повеќе вработени);
  • Без ограничување во однос на работното време (достапност до купувачите 24/7/365);
  • Поголем број на потенцијални купувачи поради поголема достапност на Интернет продажното место, без ограничена достапност како онаа на физичка продавница;
  • Можност за искористување на сите предности на on-line промоција на производите и услугите кои се нудат.
  • Купувањето преку интернет како канал на продажба е во постојан пораст се повеќе купувачи се ориентираат кон истиот како најбрз, наједноставен и најчесто најефтин начин на купување.

 

 

Дополнителни можности на услугата*:

 

  • Card on file (зачувување на картичката) со оваа услуга Банката овозможува безбедно чување на платежните податоците на купувачите со што идните плаќања би биле побрзи и поедноставни за Вашите купувачи.
  • Recurring payments (Повторувачки наплати) плаќања кои се повторуваат на одредени предефинирани циклуси, погодни за наплата на месечни претплати, чланарини и сл.
  • WooCommerce plugin доколку интернет страната е изработена во wordpress и користи WooCommerce plugin за е-трговија Банката без надомест го обезбедува истиот.
  • Можност за извршување рефундирање/делумно рефундирање преку трговскиот профил кој ќе ви го обезбеди банката.
  • Можност за прилагодување на дизајнот на редирект страната каде што се внесуваат податоците при плаќањето.
  •  Плаќање преку мобилни апликации.

 

 

Технички и безбедносни аспекти



Е-commerce услугата на Комерцијална банка АД Скопје е во согласност со 3D 2.0 Secure технологијата, развиена од страна на меѓународните платежни системи Visa Internacional и MasterCard Worldwide, односно го има имплементирано Verified by Visa и MasterCard Secure Code.

Трговецот ја креира својата Интернет продавница и соодветно решение преку кое се води купувачот низ процесот на нарачка односно купување на производот/услугата. Во моментот на вршење на плаќање купувачот се пренасочува на заштитена web страна на која се внесуваат сите податоци за картичката неопходни за вршење на плаќањето. По завршување на трансакцијата корисникот повторно се враќа на интернет страната на трговецот. Согласно ваквиот принцип на авторизирање односно вршење на трансакции трговецот нема пристап до доверливите податоци за картичката со што се заштитува од одговорност при потенцијални злоупотреби во случај на несоодветно архивирање.

 

 

*За трошоците околу дополнителните можности Ве молиме да се обратите на наведената контакт е-мејл адреса.



Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам