Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Начела и принципи

 

За Комерцијална банка АД Скопје, општествената одговорност претставува индивидуална и колективна заложба за остварување на долгорочен одржлив напредок и развој во општеството.

 

Корпоративната општествената одговорност вклучува посветеност за придонес кон економска, еколошка и социјална одржливост на заедницата преку постојана интеракција со засегнатите страни, активна партиципација во заедниците кои се под влијание на компанијата и јавно известување за политиките и резултатите на компанијата во економската, еколошката и социјалната област. Таа претставува современ концепт кој подразбира водење сметка не само за профитот на компаниите, туку и за општестената корисност од дејствувањето.

 

Поистоветувајќи го напредокот на општеството во целина со својот сопствен напредок, Комерцијална банка е посветена на делување во насока на поддршка на повисоките општествени цели и благосостојба, како и на свој активен придонес кон нивното остварување. Ваквиот став подразбира приод кон работењето кој ги надминува традиционалните сфаќања за грижа за основната дејност и законските обврски и е насочен кон идентификација на групите кои се под влијание и кои влијаат на нејзините одлуки (засегнатите страни), изнаоѓање подрачја на зеднички интерес, антиципирање на промените и соодветно дејствување.

 

Корпоративната општествена одговорност на Комерцијална банка е во согласност со Десетте принципи на Глобалниот договор на Обединетите нации, насоките од Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата за Република Македонија, како и позитивните примери од домашната и од светската пракса.

 

Преку учество во разни иницијативи и дебати, Банката се залага за унапредување на климата за корпоративна и индивидуална општествена одговорност и унапредување на улогата на компаниите во градењето подобра иднина за нашето општество. Комерцијална банка е горда на својата богата традиција на одговорна компанија која е длабоко поврзана со своето општество и е секогаш подготвена да споделува и да ги инспирира оние кои имаат волја да се приклучат кон оваа кауза.

 

 

Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата за Република Македонија

 

Агендата е усвоена од страна на Владата на Република Македонија во октомври 2008 година. Целите на Агендата се подигнување на свесноста за општествената одговорност на претпријатијата, развивање капацитети и компетенции за да се помогне етаблирањето на општествена одговорност на претпријатијата и обезбедување поволен амбиент за истата.  Како таква, Агендата обезбедува конкретни цели, мерки и приоритети кои се од значење за општествената одговорност на Банката.