Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

СПОНЗОРСТВА И ДОНАЦИИ


Комерцијална банка како водечка банка во Република Северна Македонија активно е вклучена во развојот и благосостојбата на нацијата, луѓето и здравата и чиста животна средина преку поддржувањето на широк спектар на организации, активности и настани, а со цел да се промовираат и прослават успехот, иновациите, напредокот во следниве области:

  • Спорт;     
  • Уметност;     
  • Научно-истражувачка и издавачка дејност и конференции;     
  • Општествени/социјални;     
  • Медиуми;     
  • Простории;     
  • Доколку сакате да аплицирате за спонзорство пополнете го следното барање за спонзорство.


2020


Десетта година по ред продолжена соработката со Црвениот крст на Република С. Македонија

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година ја продолжи плодната соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија со цел заедничка имплементација на општествено корисни социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на населението во заедниците. Банката ќе ја поддржи реализацијата на проектот „Подобра социјализација на децата и младите со посебни потреби“.

Всушност, ова претставува мисија и заеднички напор на сите поддржувачи во решавањето на општествените проблеми во земјата и е во согласност со стратегиските заложби на Банката на полето на општествената одговорност.

Праксата на општествено одговорно работење многу години наназад е составен дел од деловната политика на Комерцијална банка АД Скопје.


Комерцијална банка АД Скопје - спонзор на магазинот „Премин“

Комерцијална банка АД Скопје неколку години по ред е спонзор на магазинот „Премин“. Магазинот „Премин“ со своите содржини гради врска меѓу духовното и реалното и ја афирмира македонската културна, историска и црковна мисла. Изборот на текстовите и пораките на овој магазин ја содржи димензијата на православието вон границите на националното и културното и е придружник на секој што се стреми кон лична преобразба.


Банката спонзор на проектот на Здружението „Мандра“

Комерцијална банка АД Скопје петта година по ред е спонзор на единаесеттиот турнир во мал фудбал кој се одржува по повод роденденот на поп-звездата Тоше Проески, а во организација на Здружението на Власи стопанственици од Македонија „Мандра“ од Скопје.

На оваа манифестација, која се одржува во периодот од 24 до 26 јануари 2020 година во спортската сала „Форца“ во Скопје, има предвидено и простор за културно-уметничка програма на која земаа учество еминентни пејачи од сите националности.




А Р Х И В А