• Филијали и експозитури на Банката


  • Штеден калкулатор


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања


  • Општи услови



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Денарско штедење по видување и стандардно орочено штедење

 

Денарското штедење по видување и ороченото денарско штедење на Комерцијална банка АД Скопје се флексибилен начин за заштеда и зголемување на износот на Вашите вложени пари. Преку изборот на периодот на орочување и соодветната каматна стапка, имате можност самите да го креирате штедниот производ кој најмногу ќе Ви одговара.

 

За Вашиот денарски штеден влог ќе Ви биде издадена штедна книшка во која се впишуваат уплатите, исплатите, состојбата и пресметаните камати по штедниот влог. Отворањето на штедна книшка се врши со лична карта за домашни лица и со пасош за странски лица, на сите шалтери на Банката во експозитурите во Скопје, како и во филијалите и експозитурите низ Републиката.

 

Каматни стапки


Каматните стапки се на годишно ниво и се фиксни за штедни влогови орочени на 1 м, 3 м, 6 м и 12 месеци. За штедните влогови орочени на 24м и 36м, Банката нуди фиксни и променливи каматни стапки. Каматата се пресметува и исплаќа на крајот на рокот на орочување.

 

Минимален износ за орочен денарски штеден влог е 1.000,00 денари.

 
Фиксни каматни стапки за депозити по видување и орочени депозити во денари – стандардно штедење (PDF)
 

 

За денарските штедни влогови орочени на 24 и 36месеци, Банката применува променлива каматна стапка, наведена подолу во Табелата (важи за договори склучени во период од 01.10.2017 до 30.09.2019):

 

За штеден влог орочен на 24 месеци 0,09 п.п. над Референтната каматна стапка

За штеден влог орочен на 36 месеци 0,49 п.п. над Референтната каматна стапка

 

Променливи каматни стапки на орочени депозити во денари – стандардно штедење (PDF)

 

 

За денарски влогови поголеми од 1.000.000,00 денари Банката нуди стимулативни каматни стапки, кои, во зависност од рочноста и висината на влогот се движат од 0,17% - 3,37%.

 

Стимулативни каматни стапки на орочени депозити во денари (PDF)

 

Вкупните депозити на депонентите во Банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува вкупните депозити по депонент (ЕМБГ), но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра во една банка, филијала на странска банка или штедилница, пресметана по среден курс на НБРМ. Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, пресметаната и припишаната камата, како и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението. Ако Вашиот депозит го надминува законско пропишаниот максимиум, за тој дел од износот имате право да го побарувате од стечајната маса.



Лица за контакт



Марија Стојановски, Раководител на одделение за штедење
Телефон: (02) 3168-178
Факс: (02) 3211-300
e-mail: marija.stojanovski@kb.com.mk

Цвета Јосифовска, Самостоен стручен соработник-контролор
Телефон: (02) 3168-165
Факс: (02) 3211-300
e-mail: cveta.josifovska@kb.com.mk
Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам