• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ДО 30.000,00 ЕВРА СО ЕУР КЛАУЗУЛА

 

Кредитот е наменет за:

  • Вработени во редовен работен однос на неопределено или определено време во јавната администрација, во правни лица прифатливи за Банката и во дипломатски странски претставништва, за кои не е задолжително својата плата да ја примаат на сметка на Банката. Вработените на определено време е неопходно да имаат непрекинат стаж во конкретната фирма од најмалку 12 месеци.
  • Пензионери кои примаат пензија на трансакциска сметка во Банката, а кои оствариле право на пензија по други основи, а не по основ на исполнување законска старосна граница и кои на крајниот рок на отплата на кредитот не надминуваат 62 години старост за жени, односно 64 години старост за мажи.
     

    AПЛИЦИРАЈ ONLINE – За корисниците на услугата електронска банка, кои имаат опција за плаќање, овозможена е побрза и поедноставна постапка за online аплицирање за кредит.

     
    Износ на кредитот
    За вработени на непределено време:
     од 350,00 до 30.000,00 ЕУР во денарска противредност
    За вработени на определено време:
     од 350,00 до 15.000,00 ЕУР во денарска противредност

    Рок на отплата
     
    од 12 до 95 месеци 
    Номинална каматна стапка
    За приматели на плата во КБ:
    4,9% годишна, фиксна за првите 2 години
    5,9% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот (Едномесечен ЕУРИБОР + 5,9%, но не помалку од 5,9%)*
     
    За неприматели на плата во КБ:
    5,9% годишна, фиксна за првата година
    6,9% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата на кредитот (Едномесечен ЕУРИБОР + 6,9%, но не помалку од 6,9%)*
     
    *Стапката на едномесечниот ЕУРИБОР ќе биде објавена на секој 31.12. и на секој 30.06. на веб-страницата на Банката и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието) ТУКА. Доколку стапката има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00
     
    Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)
    5,61% годишна за кредит за приматели на плата во КБ
    6,89% годишна за кредит за неприматели на плата во КБ
    (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
    Предвремена отплата
    Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
    Критериуми
    • месечни примања во износ повисок од 12.000 денари,
    • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот, 
    • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години, освен за кредитобаратели пензионери кои не треба да надминуваат 62 години за жени и 64 години за мажи,
    • кредитобарателот да е корисник на услугата електронско банкарство,
    • за рефинансирање на постоечки кредит во КБ, износот на новодобрениот кредит треба да биде минимум 30% повисок од износот на кредитот кој се рефинансира.
    Исплата
    • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување,
    • средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот.  
    Трошоци за кредитот
    • 2.000,00 денари надомест за одобрување на кредитот,
    • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
    • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот),
    • трошоци за меница.
    Обезбедување
    • траен налог,
    • меница и менична изјава,
    • За кредит до 30.000 евра за вработени на неопределено време -без жиранти (По извршена кредитна анализа, Банката може да побара дополнително обезбедување - еден кредитоспособен жирант),
    • За кредит за вработени на определено време:
      • до 5.000 евра во денарска - без жирант
      • над 5.000 до 15.000 евра во денарска противредност - 1(еден) кредитоспособен жирант во работен однос на неопределено време,
    Начин на отплата
    • месечни ануитети,
    • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот.
    Потребна документација
    • копија од валидна лична карта
    • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката – образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка АД Скопје не е потребна солвентност)
    • за пензионери - талон од последна пензија
    • М1/М2 образец
    • за неприматели на плата во КБ, извод од трансакциска сметка од банката во која се прима платата за последни 6 месеци.

    Бонус
    За сите редовни кредитобаратели кои примаат плата во Банката, со одобрен кредит од мин. 500.000,00 денари, доколку наплатата е во рокот на доспевање, по истек на секоја година од кредитот ќе следува ГИФТ картичка од 1000 денари. Повеќе информации за подарок картичката на следниот линк:https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2461&lang=1&uc=1


    Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит.
     
    * Повеќе информации на:
    контакт центар:
    (02) 3 296 800

    или на potrosuvacki.krediti@kb.com.mk


     

     



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk