• Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Рамковен револвинг кредит-лимит


Рамковниот револвинг кредит-лимит е поволно и едноставно решение за кредитоспособни физички лица со редовни месечни примања кои имаат потреба од користење на повеќе производи и услуги на Банката.
Доколку истовремено Ви се потребни повеќе видови кредити, избегнете го поединечното солемнизирање на договорите за залог и одлучете се за рамковниот револвинг кредит-лимит.
Во рамките на висината на одобрениот кредит-лимит, согласно кредитната способност можете истовремено да користите финансиски средства за повеќе намени.




Намена Средствата од одобрениот рамковен револвинг кредит-лимит може да се користат еднократно или повеќекратно, за следните намени:
  • ненаменски кредити обезбедени со хипотека на недвижен имот;
  • кредити за купување, изградба, доградба или реконструкција на недвижен имот;
  • кредити за купување моторни возила обезбедени со хипотека на недвижен имот;
  • одобрување на кредитни лимити што ќе се користат преку кредитни картички и други видови кредитни изложености;
  • издавање гаранции;
  • обезбедување на претходно одобрени кредити, гаранции, кредитни лимити на картички и други изложености.
Износ на рамковниот револвинг кредит-лимит зависи од вредноста на обезбедувањето
Рок за користење на средствата до 5 години
Обезбедување хипотека на недвижен имот чија проценета вредност изнесува 140% од износот на рамковниот револвинг кредит-лимит
Потребна документација
  • барање за рамковен револвинг кредит-лимит;
  • копија од валидна лична карта;
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката, образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка не е потребна солвентност);
  • имотен лист за објектот што се става под хипотека;
Трошоци
  • трошоци за проценка на недвижен имот (2.000,00 денари)
  • нотарска награда за солемнизација на договор за залог (од 100,00 до 200,00 евра)


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит

* Повеќе информации на:

контакт центар:
(02) 3 296 800

contact@kb.com.mk

или на емаил: naselenie.krediti@kb.com.mk

Кредитоспособноста на барателот ќе се анализира пред секое поединечно кредитно задолжување, согласно критериумите кои се применуваат за одобрување на поединечните производи.



Условите на користење, отплатата и роковите на достасување ќе се утврдуваат при секое поединечно користење, согласно условите кои се применуваат за поединечните видови кредити за физички лица во Комерцијална банка АД Скопје.