• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредит за купување или изградба на недвижен имот со ЕУР клаузула

 

Денарскиот кредит со Еур клаузула е наменет за кредитоспособни физички лица во редовен работен однос во јавната администрација или фирми прифатливи за Банката кои примаат плата на трансакциска сметка во Банката или пензионери кои ја примаат пензијата преку трансакциска сметка во Банката. 

 

Намена
  • купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор
  • купување на градежно земјиште
  • купување недвижен имот во странство
  • рефинансирање на друг станбен кредит
Износ на кредитот зависи од кредитната способност и вредноста на хипотеката
Сопствено учество
  • минимум 26% од купопродажна цена на стан доколку истиот е предмет на хипотека 
  • минимум 15% од купопродажната цена на станот, доколку истиот е предмет на хипотека и се купува од градежни фирми со кој Банката склучила Договор за деловна соработка.* 
Рок на отплата
  • до 18 години за купување, изградба или реконструкција на деловен простор
  • до 30 години за сите останати намени

 

Грејс период Можност за грејс период од 12 месеци. За времетраењето на грејс периодот се пресметува и наплатува само интеркаларна камата.
Номинална каматна стапка
По избор на клиентот:

Опција 1
2,9% годишна, фиксна за првите 3 години
5,9% годишна, променлива за остатокот на периодот (Едномесечен ЕУРИБОР + 5,9%, но не помалку од 5,9%)*
 
Опција 2
3,2% годишна, фиксна за првите 3 години
3,9% годишна, фиксна за следните 3 години
4,9% годишна, променлива за остатокот на периодот (Едномесечен ЕУРИБОР + 4,9%, но не помалку од 4,9%)*
 
Опција 3
3,5% годишна, фиксна за првите 10 години
5,2% годишна, променлива за остатокот на периодот (Едномесечен ЕУРИБОР + 5,2%, но не помалку од 5,2%)*
 

*Стапката на едномесечниот ЕУРИБОР ќе биде објавена на секој 31.12. и на секој 30.06. на веб-страницата на Банката  и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието) ТУКАДоколку стапката  има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00

 

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)
Опција 1:
- 5,32% годишна за кредит за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа
- 5% годишна за кредит за купување, изградба, доградба или реконструкција на деловен простор
Опција 2:
- 4,42% годишна за кредит за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа
- 4,17% годишна за кредит за купување, изградба, доградба или реконструкција на деловен простор
Опција 3:
- 4,24% годишна за кредит за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа
- 3,89% годишна за кредит за купување, изградба, доградба или реконструкција на деловен простор

 
(врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка). Нотарските трошоци, трошоците за упис на заложното право во соодветната јавна книга и трошоците за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици не се вклучени во пресметката на СВТ и паѓаат на товар на корисникот на кредитот
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • Mесечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
    Како месечни примања ќе се сметаат и други годишни или месечни примања што подлежат на оданочување согласно Законот за персонален данок на доход и кои можат да се документираат.
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
  • во кредитот може да се вклучат уште двајца кредитобаратели кои не мора да се во роднинска врска, но мора да се кредитоспособни
Исплата
    Средствата од кредитот се исплаќаат на:
    1. Продавачот:
  • кога продавач е правно лице
  • кога продавач е физичко лице, доколку се заложува недвижниот имот кој е предмет на купопродажба
    2. Кредитобарателот:
  • кога продавач е физичко лице, доколку се заложува друг недвижен имот
  • за адаптација и реновирање

Трошоци за
кредитот

  • 4.000,00 денари надомест за одобрување и администрирање на кредит (за рефинансирање на станбени кредити во други банки и во Банката не се наплаќа надомест
  • 400,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • Надомест за проценка на вредноста на недвижниот имот (повеќе на линк)
  • Нотарски и адвокатски трошоци за Договорот за залог согласно соодветната Тарифа
  • трошоци за упис на заложно право врз недвижениот имот во корист на Банката во соодветна јавна книга
  • трошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици 
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
Обезбедување
  • хипотека на недвижен имот во вредност до 135% од износот на кредитот  (хипотеката може да се однесува на имотот кој се купува или на друг имот кој е во сопственост на кредитобарателот или на друго лице. За купување недвижен имот во странство, имотот под хипотека треба исклучиво да е на територија на РСМ ).
  • полиса за осигурување на заложениот недвижен имот винкулирана во полза на Банката и обновувана за цело времетраење на кредитот 
Потребна
документација
  • барање за кредит
  • копии од валидни лични карти за сите учесници во кредитот
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката, образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка не е потребна солвентност)
  • за пензионери – талон од последната пензија
  • преддоговор за купопродажба заверен на нотар или целокупна инвестиционо-техничка документација со одобрение за градба и износ на потребни средства
  • извод од матична книга на родени/венчани за кредитобарателите
  • имотен лист за недвижниот имот што се нуди како обезбедување
*Градежни фирми со кои Банката има
деловна соработка:
  • Адора Инженеринг Скопје
  • Аксис Консалтинг ДОО Струмица
  • Актива ДОО Штип
  • Апекс Инвестмент ДООЕЛ Скопје
  • Апекс Плус ДООЕЛ Скопје 
  • Глиц ДООЕЛ Кичево
  • Голден АРТ Скопје
  • Дабар Скопје
  • Елита Инвест Скопје
  • ЗСФ ДООЕЛ Скопје
  • Импексел 2 ДООЕЛ
  • Кат Костов ДОО Скопје
  • Хрисинг ФС ДООЕЛ Скопје 
  • Мега Куманово/Акустик Скопје
  • Мулти Офис ДООЕЛ Скопје
  • Монтеко Компани ДОО Тетово
  • Настел Скопје
  • Новоградба ДОО Скопје 
  • Пелагонија АД Гостивар
  • Пелагонија Струмица/Тотал Инженеринг Струмица
  • Порта Инженеринг Груп ДООЕЛ Скопје
  • Ривер Девелопмент ДООЕЛ Скопје
  • Ројал Васе Пробиштип
  • Сара - 4 ДООЕЛ Скопје 
  • Турмак АД Истанбул-Подружница Скопје (Cevahir Sky City) – Повеќе
  • УПМ Груп/Хромак Куманово
  • Флорастат ДООЕЛСкопје
  • Формлаб ДОО Скопје 
  • Хрисинг/Лутарико ДОО Скопје
Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит

* повеќе информации на: 02/316-8291,  stanbeni.krediti@kb.com.mk



Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-290
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
Телефон: (02) 3168-298
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk