• Shembull i kredisë


  • Kalkulatori i kredisë


  • Kërkesë


  • Kërkesë për regjistrimin e klientit



Kontakt
contact@kb.com.mk

contact center:
(02) 3 296 800

Наменски потрошувачки кредити преку трговец-Нептун



Износ на кредитот

од 10.000,00 денари до 120.000,00 денари

Рок на отплата 12,18,24,36,48,60 месеци
Намена на кредотот Плаќање на трошоци за купување производи преку НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО СКОПЈЕ
Номинална каматна стапка 9.5% денарска променлива (референтна каматна стапка од 1,53% зголемена за 7,97%, но не повеќе од Законската казнена камата за денарски побарувања)*
*Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 1,53%. Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. ТУКА
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 11.47% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Право на користење:
  • Приматели на плата на сметка во Банката од мин.12.000 денари;
  • Пензионери кои примаат пензија на сметка во Банката од минимум 9.000,00 денари;
  • Баратели во работен однос на неопределено време;
  • Месечниот ануитет да се покрива со 1/2 од слободните месечни нето примања;
  • Возраста на кредитобарателот со доспевање на последниот ануитет да не надминува 70 години ;
  • Барателите да се класифицирани во категорија на ризик буква „А“ во Кредитен регистар на НБРСМ и во Банката.
  • Барателите е потребно е да бидат членови на програмата за лојалност на кредитниот посредник „NEPTUN haPPy"
Трошоци за кредитот
  • 3% надомест за одобрување и обработка на кредит минимум 700,00 денари
  • Интеркаларна камата по каматна стапка од кредитот( надоместот за одобрување /обработка и интеркаларната камата, се наплаќаат од страна на кредитобарателот во салоните на НЕПТУН Македонија)
  • 300 денари за проверка во Македонско кредитно биро( Се наплаќа при поднесување на апликацијата од страна на кредитобарателот во салоните на НЕПТУН Македонија, независно дали кредитот ќе биде одобрен или не)
Обезбедување
  • траен налог
  • административна забрана од плата
  • без жиранти
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - секој 16 во месецот
Потребна документација
  • Барање за кредит, заверено со печати и потписи од страна на правното лице каде е вработен барателот (образец од Банката);
  • Последен талон од пензија
  • Заверен извод од девизната сметка на клиентот на која се исплаќа странска пензија (применливо за лица приматели на странска пензија);
  • М1/М2 образец (за вработени)
  • Фотокопија од лична карта или пасош


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит

 
* Повеќе информации на:

контакт центар:
(02) 3 296 800

contact@kb.com.mk

или на naselenie.krediti@kb.com.mk

 



Ueb faqja e Komercijalna Banka AD Skopje përdor biskotat (cookies). Biskotat (cookies) përdoren për të përmirësuar përvojën Tuaj të përdoruesit. Më shumë informata mbi mënyrën e përdorimit dhe mënyrën e ndryshimit të cilësimeve për përdorimin e biskotave mund të gjenden në dokumentin Politika për biskotat (cookies).
Pranoj