• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање со меница


  • Барање со хипотека


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредит за енергетска ефикасност со евро клаузула преку GEFF Програмата на ЕБОР

 

 
Со оглед на ограничените средства од проектната линија за енергетска ефикасност на ЕБОР за финансирање на крајни корисници, во моментов не се примаат нови барања за овој кредит.

Банката навремено ќе извести за сите промени кои се однесуваат на овој кредит
.

 

kredit

 

Користењето енергетски ефикасни технологии ви овозможува остварување заштеди на подолг рок. Сега, средствата потребни за инвестирање во штедливи технологии за вашиот дом ви се достапни преку кредит со одлични услови, и тоа со можност за поврат до 20% од вашиот кредит за таа инвестиција.

 

Програмaта за финансирање на зелената економија (EBRD GEFF) на Европската банка за обнова и развој, во Западен Балкан обезбедува финансии за секторот за домување. EBRD GEFF во Западен Балкан се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP Plus), и е поддржан од грант средства од Европската Унија,  Инвестиционата рамка на Западен Балкан и австриското Сојузно министерство за финансии.

 

Предности

 

  • Поврат до 20% oд кредитот во вид на грант,
  • Износ до 50.000 евра,
  • Долгорочна заштеда преку пониски трошоци за енергија,
  • Одлична каматна стапка од 4,4% годишна променлива,
  • Рок на отплата до 20 години.

 

За што служи

 

Преку овој кредит можете да финансирате инвестиции во енергетско ефикасни технологии за вашиот дом, како и трошоци за помошни материјали, за достава и за инсталација.

 

Со овој кредит може да се финансира набавка и инсталација на:

 

  • енергетски ефикасни прозорци, врати и застаклување,
  • изолација на надворешните ѕидови, на покривот и на поткровјето, на подот и на преградните ѕидови,
  • печки/котли на биомаса, котли на гас,
  • соларни колектори за топла вода,
  • фотоволтаични системи,
  • топлински пумпи (електрични или на гас),
  • високоефикасно осветлување, нискотемпературно осветлување,
  • балансирана механичка вентилација,
  • акумулациски бојлери за топла вода.

 

Целосниот каталог на технологии и производи кои се прифатливи и одобрени од GEFF Програмата за финансирање со овој кредит се прикажани во Селекторот на технологија на следниот линк:

 

selector_mk

 

Искористете го GEFF калкулаторот за да ги пресметате веднаш заштедите кои на долг рок би ги оствариле со имплементација на прифатливите енергетско ефикасни технологии:

 

kalkulator_mk

 

Поврат на средства (грантови)

 

Успешно имплементираните и потврдени проекти се прифатливи за инвестициски грантови до 20% од помалата вредност од:

 

  1. Искористениот износ на кредит за енергетска ефикасност или
  2. Инвестициските трошоци за реализација на Проектот.

 

Исплатата на грантот за таа инвестиција е условена крајните корисници да не се корисници на каков било грант од кој било донатор.

 

Корисници на кредитот

 

Кредитот е наменет за вработени лица и за пензионери кои сакаат да инвестираат во енергетски ефикасни технологии за домот.

 

Технологиите кои се прифатливи за финансирање со овој кредит се прикажани во Селекторот на технологија.

 

Кредитот се нуди со две варијанти на обезбедување:

 

  • Кредит обезбеден со меница и менична изјава,
  • Кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот.

 

За кредит обезбеден со меница и менична изјава може да аплицираат:

 

  • Кредитоспособни физички лица кои се во редовен работен однос на неопределено време (приматели и неприматели на плата во Комерцијална банка) или
  • Пензионери кои примаат пензија преку Комерцијална банка.

 

За кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот може да аплицираат:

 

  • Кредитоспособни физички лица кои се во редовен работен однос (приматели и неприматели на плата во Комерцијална банка) или
  • Пензионери кои примаат пензија преку Комерцијална банка.

 

Како се аплицира

 

  1. Одберете ја технологијата која сакате да ја инсталирате и обезбедете профактура од добавувачот.
  2. Пополнете и заверете го краткото барање за кредитот.
  3. Обезбедете Сертификат за прифатливост на технологијата преку Селекторот на технологија на GEFF Програмата.
  4. Доставете го барањето со пропратната документација во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или во филијала на Банката.

 

Износ на кредитот

 

  • од 200 евра до 25.000 евра во денарска противвредност за кредит обезбеден со меница и менична изјава,
  • до 50.000 евра во денарска противвредност за кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот.

 

Рок на отплата

 

  • од 12 месеци до 95 месеци за кредит обезбеден со меница и менична изјава,
  • до 20 години за кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот.

 

 

Номинална каматна стапка

 

  • 4,9% променлива (4,9% + шестмесечен ЕУРИБОР) за кредит обезбеден со меница и менична изјава,
  • 4,4% променлива (4,4% + шестмесечен ЕУРИБОР) за кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот.

 

* Стапката на шестмесечниот ЕУРИБОР ќе биде објавена на секој 30.06. и на секој 31.12. на веб-страницата на Банката и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Доколку стапката има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00.

 

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)      

 

  • 5,59% годишна за кредит зобезбеден со меница и менична изјава,
  • 4,65% годишна за кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот.

 

Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.

 

 

Критериуми    

 

За кредит обезбеден со меница и менична изјава:

 

  • месечни примања од минимум 14.500 денари за вработени лица или 9.000 денари за пензионери,
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните примања,
  • На крајниот датум на отплата на кредитот, кредитобарателите не треба да бидат постари од  70 години, односно 72 години за пензионери.

 

За кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот:

 

  • месечни примања од минимум 14.500 денари за вработени лица или 9.000 денари за пензионери,
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните примања,
  • како корисници на кредитот може да се јават најмногу уште 2 лица под услов да се кредитоспособни, 
  • ако еден од учесниците е вработен на определено работно време, потребно е кон барањето да се вклучи најмалку еден учесник вработен на неопределено време,
  • На крајниот датум на отплата на кредитот, кредитобарателите не треба да бидат постари од  70 години.

 

Трошоци за кредитот

 

За кредит обезбеден со меница и менична изјава:

 

  • 2% од износот на кредитот, минимум 1.000 денари надомест за одобрување на кредитот,
  • 500 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот),
  • трошоци за меница.

 

За кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот:

 

  • 1,25% од износот на кредитот, минимум 4.000 денари надомест за одобрување на кредитот,
  • 700 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • трошоци за интеркаларна камата, (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот),
  • Надомест за проценка на вредноста на недвижниот имот.

 

Обезбедување

 

За кредит обезбеден со меница и менична изјава:

 

  • траен налог за клиенти кои примаат плата или пензија во Комерцијална банка,
  • административна забрана од плата лица кои примаат плата во други банки,
  • меница и менична изјава.

 

За кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот:

 

  • траен налог за клиенти кои примаат плата или пензија во Комерцијална банка,
  • административна забрана од плата за лица кои примаат плата во други банки,
  • Заложно право врз недвижен имот во корист на Банката, чија проценета вредност треба да изнесува 135% од износот на кредитот (за кредити обезбедени со хипотека).

 

Одобрување

 

Се одобрува во најкраток можен рок по комплетирање на документацијата со исполнети критериуми.

 

Исплата              

 

  • Максималниот рок на искористување на кредитот е 180 дена од денот на одобрување.
  • Средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на продавачот/добавувачот, согласно доставените профактури.
  • Средствата не е дозволено да се пренесат на трансакциската сметка на продавачот/добавувачот доколку корисникот на кредитот има блокирана трансакциска  сметка во ЕРТС.
  • После инсталирање на технологијата, програмскиот консултант ангажиран од страна на ЕБОР, ќе го верификува проектот врз основа на уредно доставената документација и на Барањето за верификација на проектот.
  • По добивање на потврда за прифатливост на проектот од страна на програмскиот консултант и откако средствата за инвестициски грантови ќе бидат префрлени на сметка на Банката од страна на ЕБОР, Банката ќе го исплати инвестицискиот грант на трансакциска  сметка на барателот.

 

Начин на отплата          

 

Месечни ануитети, достасување на ануитет секој 16 во месецот.

 

Предвремена отплата

 

Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот.

 

Потребни документи

 

За кредит обезбеден со меница и менична изјава

 

  • барање за кредит,
  • М1/М2 образец,
  • последен талон од пензија за пензионери,
  • профактура или фактура од трговецот за одбраните технологии за подобрување на енергетската ефикасност. На профактурата треба да бидат наведени: секој конкретен вид технологија што се финансира и нејзината цена, трошоци за инсталација за секоја технологија која треба да се инсталира.
  • Сертификат за прифатливост на технологијата (достапен во онлајн Селекторот на технологии).

 

За кредит обезбеден со хипотека на недвижен имот

 

  • барање за кредит,
  • М1/М2 образец,
  • последен талон од пензија за пензионери,
  • профактура или фактура од трговецот за одбраните технологии за подобрување на енергетската ефикасност. На профактурата треба да бидат наведени: секој конкретен вид технологија што се финансира и нејзината цена, трошоци за инсталација за секоја технологија која треба да се инсталира.
  • Сертификат за прифатливост на технологијата (достапен во онлајн Селекторот на технологии).
  • Имотен лист за недвижниот имот кој се нуди како обезбедување.
  • Извод од матична книга на родени/венчани за заложниот должник.
  • Полиса за осигурување на недвижниот имот, винкулирана во корист на Банката .

 

Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредитот.

 

Повеќе информации на:

naselenie-geff@kb.com.mk

или во контакт центарот:
(02) 3 296 800

contact@kb.com.mk

 

 



Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам