• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредит за купување недвижен имот со ЕУР клаузула, сопственост на Банката, лоциран во населбата Ѓорче Петров, Јурија

 

Кредитот е наменет за купување големи, комфорни станови со сопствен паркинг-простор или за купување деловен простор во сопственост на Банката, лоциран во населбата Ѓорче Петров, Јурија

 

Износ на кредитот зависи од кредитната способност и вредноста на хипотеката
Сопствено учество Без учество
Рок на отплата
  • до 18 години за купување деловен простор
  • до 30 години за купување стан
Грејс период Можност за грејс период од 12 месеци. За времетраењето на грејс периодот се пресметува и наплатува само интеркаларна камата.
Номинална каматна стапка
По избор на клиентот:

Опција 1
2,9% годишна, фиксна за првите 3 години
5,9% годишна, променлива за остатокот на периодот (Едномесечен ЕУРИБОР + 5,9%, но не помалку од 5,9%)*
 
Опција 2
3,2% годишна, фиксна за првите 3 години
3,9% годишна, фиксна за следните 3 години
4,9% годишна, променлива за остатокот на периодот (Едномесечен ЕУРИБОР + 4,9%, но не помалку од 4,9%)*
 
Опција 3
3,5% годишна, фиксна за првите 10 години
5,2% годишна, променлива за остатокот на периодот (Едномесечен ЕУРИБОР + 5,2%, но не помалку од 5,2%)*
 

*Стапката на едномесечниот ЕУРИБОР ќе биде објавена на секој 31.12. и на секој 30.06. на веб-страницата на Банката  и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието) ТУКАДоколку стапката  има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00

 

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)
Опција 1:
- 5,3% годишна за кредит за купување стан
- 4,98% годишна за кредит за купување деловен простор
Опција 2:
- 4,4% годишна за кредит за купување стан
- 4,15% годишна за кредит за купување деловен простор
Опција 3:
- 4,23% годишна за кредит за купување стан
- 3,86% годишна за кредит за купување деловен простор

(врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка).
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • Mесечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот.
    Како месечни примања ќе се сметаат и други годишни или месечни примања што подлежат на оданочување согласно Законот за персонален данок на доход и кои можат да се документираат.
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години
  • во кредитот може да се вклучат уште двајца кредитобаратели кои не мора да се во роднинска врска, но мора да се кредитоспособни

Трошоци за
кредитот

  • 0 денари надомест за одобрување и администрирање на кредит
  • 0 денари трошок за процена
  • 400,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот) )
  • без нотарски и адвокатски трошоци за Договорот за залог
  • трошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
Обезбедување
  • хипотека на недвижен имот во вредност до 100% од износот на кредитот
  • полиса за осигурување на заложениот недвижен имот винкулирана во полза на Банката и обновувана за цело времетраење на кредитот
Потребна
документација
  • барање за кредит
  • копии од валидни лични карти за сите учесници во кредитот
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката, образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка не е потребна солвентност)
  • за пензионери – талон од последната пензија
  • преддоговор за купопродажба на недвижен имот
  • извод од матична книга на родени/венчани за кредитобарателите
Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит
 
Повеќе информации околу продажба на становите: 02/ 3168 423, 02/ 3168-428, 02/3168-439 
 
Повеќе информации околу условите за кредит  stanbeni.krediti@kb.com.mk

 


 


Лица за контакт



Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk