• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Станбен кредит

 

Кредитот за купување или изградба на недвижен имот е наменет за кредитоспособни физички лица во редовен работен однос во јавната администрација или во фирми прифатливи за Банката кои примаат плата на трансакциска сметка во Банката или пензионери кои ја примаат пензијата преку трансакциска сметка во Банката.

 

Намена
  • купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор
  • купување градежно земјиште
  • купување недвижен имот во странство
  • рефинансирање на друг станбен кредит
Износ на кредитот

зависи од кредитната способност и вредноста на хипотеката

Сопствено учество
  • минимум 26% од купопродажна цена на стан доколку истиот е предмет на хипотека
  • минимум 15% од купопродажната цена на станот, доколку истиот е предмет на хипотека и се купува од градежни фирми со кои Банката склучила Договор за деловна соработка.*
Рок на отплата
  • до 18 години за купување, изградба или реконструкција на деловен простор
  • до 30 години за сите останати намени
Грејс период

Можност за грејс период од 12 месеци. За времетраењето на грејс периодот се пресметува интеркаларна камата во висина на каматната стапка на кредитот .

Номинална каматна стапка

По избор на клиентот:


Кредит со ЕУР клаузула:

Опција 1

2,9%
годишна, фиксна за првите 3 години
4.7% годишна, променлива за остатокот на периодот (Едномесечен ЕУРИБОР + 4,7%, но не помалку од 4,7%)*

Опција 2

3,5%
годишна, фиксна за првите 10 години
4,5% годишна, променлива за остатокот на периодот (Едномесечен ЕУРИБОР + 4,5%, но не помалку од 4,5%)*
*Стапката на едномесечниот ЕУРИБОР ќе биде објавена на секој 31.12. и на секој 30.06. на веб-страницата на Банката  и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието)


Денарски кредит:


3,6% годишна, фиксна за првите 3 години
3,9% годишна, фиксна за следните 3 години
4,7% годишна, променлива за остатокот на периодот на отплата (референтна каматна стапка од 1,53% зголемена за 3,17% , но не повеќе од законска казнена камата за денарски побарувања)*

*Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 1,53%. Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата.ТУКА
 
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)
За кредит со ЕУР клаузула:


Опција 1
- 4,38% годишна за кредит за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа
4,2% годишна за кредит за купување, изградба, доградба или реконструкција на деловен простор

Опција 2:

- 3,97% годишна за кредит за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа

- 3,76% годишна за кредит за купување, изградба, доградба или реконструкција на деловен простор
 
За денарски кредит:
 
Од 4,23% до 4,39% годишна
(врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка). Нотарските трошоци, трошоците за упис на заложното право во соодветната јавна книга и трошоците за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици не се вклучени во пресметката на СВТ и паѓаат на товар на корисникот на кредитот
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • Mесечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот. Како месечни примања ќе се сметаат и други годишни или месечни примања што подлежат на оданочување согласно Законот за персонален данок на доход и кои можат да се документираат.
  • При доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години.
  • Во кредитот може да се вклучат уште двајца кредитобаратели кои не мора да се во роднинска врска, но мора да се кредитоспособни.
Исплата

Средствата од кредитот се исплаќаат на:

1. Продавачот:

  • кога продавач е правно лице
  • кога продавач е физичко лице, доколку се заложува недвижниот имот кој е предмет на купопродажба
2. Кредитобарателот:
  • кога продавач е физичко лице, доколку се заложува друг недвижен имот
  • за адаптација и реновирање
Трошоци за кредитот
  • 4.000,00 денари надомест за одобрување и администрирање на кредитот (за рефинансирање на станбени кредити во други банки и во Банката не се наплаќа надомест)
  • 400,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • Надомест за проценка на вредноста на недвижниот имот (повеќе на линк)
  • Нотарски и адвокатски трошоци за Договорот за залог согласно соодветната тарифа
  • трошоци за упис на заложно право врз недвижениот имот во корист на Банката во соодветната јавна книга
  • трошоци за полиса за осигурување на заложениот недвижен имот од основни ризици
Обезбедување
  • хипотека на недвижен имот во вредност до 135% од износот на кредитот (хипотеката може да се однесува на имотот кој се купува или на друг имот кој е во сопственост на кредитобарателот или на друго лице. За купување недвижен имот во странство, имотот под хипотека треба исклучиво да е на територија на РСМ ).
  • полиса за осигурување на заложениот недвижен имот винкулирана во полза на Банката и обновувана за цело времетраење на кредитот. 

 

НОВО: Отсега, на едно место и со една посета на Банката добивате квалитетни полиси за осигурување од нашите искусни партнери Осигурување Македонија АД Скопје – ВИГ, специјално креирани за корисниците на кредит на Банката.

 

Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - секој 16 во месецот
Потребна документација
  • барање за кредит
  • копии од валидни лични карти за сите учесници во кредитот
  • за вработени во приватни фирми прифатливи за Банката, образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка не е потребна солвентност, а за приматели на плата во Комерцијална банка АД Скопје не се потребни ПП53 обрасци)
  • за пензионери – талон од последната пензија
  • преддоговор за купопродажба заверен на нотар или целокупна инвестиционо-техничка документација со одобрение за градба и износ на потребни средства
  • извод од матична книга на родени/венчани за кредитобарателите
  • имотен лист за недвижниот имот што се нуди како обезбедување
*Градежни фирми со кои Банката има деловна соработка:
  • Адора Инженеринг Скопје
  • Актива ДОО Штип  
  • АС Машини ДООЕЛ Кавадарци
  • 2Б Инвест Груп Штип
  • 3С Груп ДООЕЛ Скопје 
  • Глиц ДООЕЛ Кичево
  • Голден АРТ Скопје
  • Градба Промет ДОО Кавадарци
  • Дабар Скопје
  • Елита Инвест Скопје
  • ЗСФ ДООЕЛ Скопје
  • Инвестра ДООЕЛ Штип
  • Импексел 2 ДООЕЛ
  • Импексел Инженеринг ДООЕЛ Скопје
  • Капитол Инженеринг ДООЕЛ Скопје
  • Кат Костов ДОО Скопје
  • Мега Куманово/Акустик Скопје
  • Мулти Офис ДООЕЛ Скопје
  • Настел Скопје
  • Пандев ДОО Скопје
  • Пелагонија АД Гостивар
  • Пелагонија Инженеринг Штип
  • Пелагонија Струмица/Тотал Инженеринг Струмица
  • Порта Инженеринг Груп ДООЕЛ Скопје
  • Ројал Васе Пробиштип
  • Саф Комерц ДОО Скопје
  • СБЛИ Дабец ДООЕЛ Штип 
  • Спектартермо ДОО Скопје
  • Турмак АД Истанбул-Подружница Скопје (Cevahir Sky City) – Повеќе
  • УПМ Груп/Хромак Куманово
  • ФИНЕ ДОО Скопје
  • Флорастат ДООЕЛСкопје
  • Хрисинг ФС ДООЕЛ Скопје


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит



Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам