• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Потрошувачки кредит за пензионери до 100.000 денари


 

AПЛИЦИРАЈ ONLINE – За корисниците на услугата електронска банка, кои имаат опција за плаќање, овозможена е побрза и поедноставна постапка за online аплицирање за кредит.

 

Намена за пензионери кои примаат пензија на сметка во Банката
Износ на кредитот

од 10.000,00 до 100.000,00 денари

Рок на отплата од 12 до 48 месеци
Грејс период

Можност за грејс период од 6 месеци. За времетраењето на грејс периодот се пресметува интеркаларна камата во висина на каматната стапка на кредитот.

Номинална каматна стапка 5.3%годишна, променлива (референтна каматна стапка од 1,53% зголемена за 3.77 %, но не повеќе од законската казнена камата за денарски побарувања)
*Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 1,53%. Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. ТУКА
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) 6,78% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
Предвремена отплата Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
Критериуми
  • пензионери кои својата пензија ја примаат на трансакциска сметка во Банкатa
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/3 од месечните нето-примања на кредитобарателот
  • при доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателот не треба да надминува 72 години
  • жирантите треба да бидат вработени во редовен работен однос на неопределено време во фирма прифатлива за Банката и да го покриваат месечниот ануитет со 1/3 од своите слободни месечни примања, а при доспевање на последниот ануитет, возраста на жирантите не смее да надминува 62 години за жени и 64 години за мажи.
Исплата
  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
  • средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот
Трошоци за кредитот
  • 2% од износот на кредитот, минимум 500,00 денари
  • 300,00 денари за аплицирање и обработка на кредитот
  • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
  • трошоци за меница
Обезбедување
  • За износ на кредит до 50.000,00 денари – не е потребен жирант
  • За износ на кредит над 50.000,00 до 100.000,00 денари еден кредитоспособен жирант
  • траен налог од сметка на кредитобарателот
  • административна забрана на плата од жирантот
  • меница и менична изјава потпишана од кредитобарателот и жирантот
Начин на отплата
  • месечни ануитети
  • достасување на ануитет - секој 16 во месецот
Потребна документација


Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит