• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Кредит врз основа на залог на депозит



За овој кредит може да аплицираат полнолетни физички лица кои ќе заложат денарски или девизен депозит во Банката.




Износ на кредитот
  • 95% од износот на депонираниот депозит, доколку депозитот е во денари, но не понизок од 10.000,00 денари 
  • 90% од износот на депонираниот депозит, доколку депозитот е во евра, но не понизок од 10.000,00 денари 
  • Рок на отплата
    • од 12 до 120 месеци за кредити до 10,000 евра во денарска противредност, односно од 12 до 180 месеци за кредити над 10,000 евра во денарска противредност.
    Номинална каматна стапка
    2% годишна, фиксна со денарска клаузула
    Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)
    2,12% годишна (врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка)
    Предвремена отплата
    Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот
    Критериуми
    Кредитобарателот не мора да биде во работен однос и нема ограничувања во однос на максималната возраст и висината на месечните примања
    Исплата
    • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување
    • средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот
    Трошоци за кредитот
    • 0,5% од износот на кредит до 3.000.000,00 денари доколку рокот на отплата е подолг од 12 месеци (минимум 500,00 денари, максимум 150.000,00 денари) 
    • 0,3% од износот на кредит до 3.000.000,00 денари доколку рокот на отплата е до 12 месеци (минимум 500,00 денари, мак.симум 150.000,00 денари) 
    • 0,25% од износот на кредит над 3.000.000,00 денари (максимум 150.000,00 денари)
    • трошоци за интеркаларна камата (интеркаларна камата се пресметува од денот на користење на средствата до денот на ставање на кредитот во отплата по каматна стапка еднаква на каматната стапка на кредитот)
    Обезбедување
    залог на бескаматен денарски или девизен депозит со рок на депонирање еднаков на рокот на отплата на кредитот. 
    Начин на отплата
    • месечни ануитети
    • достасување на ануитет - на секој 16 во месецот
    Потребна документација


    Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредит
     
    * Повеќе информации на:

    контакт центар:
    (02) 3 296 800

    contact@kb.com.mk

    или на naselenie.krediti@kb.com.mk

     



    Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
    Прифаќам