• Пример за кредитот


  • Кредитен калкулатор


  • Барање


  • Најчесто поставувани прашања


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Потрошувачки кредит до 30.000 евра со евро клаузула

 

Вашите желби се одраз на вашите идеали. Патување од соништата, нов изглед на домот, магистерски студии или оние „ситни“ задоволства што ви носат насмевка секој ден.

 

Сега сите желби се на дофат со само еден кредит кој ќе ги покрие сите ваши амбиции, големи и мали.

 

 

AПЛИЦИРАЈ ONLINE - За корисниците на Интернет банка кои имаат опција за плаќање, овозможивме побрза и поедноставна постапка за online аплицирање за кредит. Заврши ја целата постапка online, од почетокот до финалното одобрување.

 

 

Корисници

Кредитот е наменет за:

  • Вработени лица на неопределено или определено време, за кои не е задолжително својата плата да ја примаат на сметка во Комерцијална банка.
  • Вработени на определено време, кои треба да имаат непрекинат стаж од најмалку 12 месеци во конкретната фирма.
  • Пензионери кои примаат пензија на трансакциска сметка во Комерцијална банка, а кои оствариле право на пензија по други основи, а не по основ на исполнување законска старосна граница и кои на крајниот рок на отплата на кредитот не надминуваат 62 години старост за жени, односно 64 години старост за мажи.

 

Износ на кредит

  • од 350 евра до 30.000 евра во денарска противвредност за вработени на неопределено време,
  • од 350 евра до 8.000 евра во денарска противвредност за вработени на определено време.

 

Рок на отплата

  • Промотивно до 15.06.2021 година од 12 до 120 месеци, 
  • Редовни услови од 12 до 95 месеци.

 

Номинална каматна стапка за ново одобрени кредити после 01.03.2021

 

За клиенти кои примаат плата или пензија  во Комерцијална банка:

  • 4,7% годишна, фиксна за првите 3 години,
  • 5,7% годишна, променлива за остатокот од периодот на отплата на кредитот (едномесечен ЕУРИБОР + 5,7%, но не помалку од 5,7%)*.

 

За лица кои примаат плата во  други банки:

  • 5,7% годишна, фиксна за првата година,
  • 6,7% годишна, променлива за остатокот од периодот на отплата на кредитот (едномесечен ЕУРИБОР + 6,9%, но не помалку од 6,9%)*.

 

*Стапката на едномесечниот ЕУРИБОР ќе биде објавена на секој 30.06. и на секој 31.12. на веб-страницата на Банката и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Доколку стапката има негативна вредност, во пресметката на номиналната каматна стапка истата ќе се зема со вредност 0,00.

 

Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ)      

  • 5,32% годишна за кредит за приматели на плата во Комерцијална банка,
  • 6,72% годишна за кредит за неприматели на плата во Комерцијална банка.

 

Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.

 

Одобрување

Се одобрува во најкраток можен рок по комплетирање на документацијата со исполнети критериуми.

 

Критериуми 

  • месечни примања од минимум 12.000 денари,
  • месечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните примања,
  • при доспевање на последниот ануитет возраста на кредитобарателот не треба да надминува 70 години, освен за кредитобаратели пензионери, чија возраст не треба да надминува 62 години за жени и 64 години за мажи,
  • кредитобарателот да е корисник на услугата Интернет банка,
  • за рефинансирање на постоечки кредит во КБ, износот на новодобрениот кредит треба да биде  мин. 35% повисок од износот на кредитот кој се рефинансира.

     

     

Исплата        

  • максималниот рок на искористување на кредитот е 60 дена од денот на одобрување,
  • средствата се исплаќаат на трансакциската сметка на кредитокорисникот.

 

Трошоци за кредитот        

  • 2.000 денари надомест за одобрување на кредитот,
  • 300 денари за аплицирање и обработка на кредитот,
  • трошоци за интеркаларна камата,
  • трошоци за меница.

 

Обезбедување        

  • траен налог,
  • меница и менична изјава,
  • За кредит до 30.000 евра за вработени на неопределено време – без жиранти (по извршена кредитна анализа Банката може да побара дополнително обезбедување - еден кредитоспособен жирант),
  • За кредит за вработени на определено време – до 8.000 евра во денарска противвредност со 1(еден) кредитоспособен жирант во работен однос на неопределено време.

 

 

Потребни документи за аплицирање

  • барање за кредит,
  • копија од валидна лична карта,
  • За вработени во приватни фирми прифатливи за Банката – образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните 3 месеци и солвентност на жиро-сметка од банката во која се депоненти (за депоненти на Комерцијална банка АД Скопје не е потребна солвентност, а за приматели на плата во Комерцијална банка АД Скопје не се потребни ПП53 обрасци,
  • за пензионери - талон од последна пензија,
  • М1/М2 образец.

 

 

Начин на отплата   

Месечни ануитети, достасување на ануитет секој 16-ти во месецот.

 

Предвремена отплата       

Без провизија за предвремена делумна или целосна отплата на кредитот.

 

 

Комерцијална банка АД Скопје го задржува дискреционото право да го одбие барањето за кредитот.

 
* Повеќе информации на:
 
naselenie.krediti@kb.com.mk

или во контакт центар: 
(02) 3 296 800

contact@kb.com.mk

 




Наташа Баљук Ристовска, Раководител на одделение за одобрување и користење на кредити
e-mail: natasa.baljuk.ristovska@kb.com.mk

Јулијана Никчевска, Самостоен стручен соработник-контролор во Одделение за одобрување и користење на кредити
e-mail: julijana.nikcevska@kb.com.mk
Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам