Користење на картичката
Visa Electron дебитната картичка можете едноставно да ја користите низ целиот свет и да трошите толку колку што имате на Вашата трансакциска сметка, а доколку сте вработен или пензионер можете да користите и одредено дозволено пречекорување.
Прифатена е на 40 милиони продажни места и повеќе од 1,9 милиони банкомати во над 170 земји во светот на кои е истакнат знакот на Visa или Visa Electron. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, страв од кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на Visa Electron картичките можете да добиете на www.visa.com.
Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.
За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.