• Основни информации


  • Барање


  • Општи услови


  • Филијали и експозитури на Банката


  • Барање за регистрација на клиент


  • Најчесто поставувани прашања



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

СМАРТ кредит преку кредитна картичка



СМАРТ кредитот е револвинг потрошувачки кредит во денари за физички лица, со вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата. Може да се користи преку наменска картичка за подигање готовина од банкоматите на Банката, или со вршење безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на сопствена трансакциска сметка на Корисникот во Банката. Овој хибриден кредитен производ е комбинација помеѓу потрошувачки кредит и кредитна картичка и Ви овозможува повеќекратно користење на одобрените средства од кредитот преку картичка, согласно Вашите потреби.

Наменет е за лица кои се на возраст од 18 до 60 години и примаат плата на сметка во Комерцијална банка.

AПЛИЦИРАЈ ONLINEЗа корисниците на Интернет банка, кои имаат опција за плаќање, овозможена е побрза и поедноставна постапка за online аплицирање за кредитната картичка.




Предности на СМАРТ кредитот


 


- Денарски кредит кој овозможува зголемена куповна моќ за корисникот;
- Вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата преку Триглав Осигурување АД Скопје, без дополнителен надомест;
- Максимален износ на одобрен кредит до 400.000 денари, зависно од кредитоспособноста;
- Флексибилно кредитирање и отплата – користите онолку средства од одобрениот кредитен лимит колку што Ви е потребно;
- Без жиранти, без административна забрана од плата и едноставна постапка за добивање;
- Промотивно до 31.12.2020 година:
- без надомест за аплицирање и обработка;
- 7,0% годишно каматна стапка на искористениот износ до кредитниот лимит, 9,5% над износот на кредитниот лимит;
- Користење на расположливите средства 24 часа на ден преку банкомат;
- Без провизија за подигање готовина;
- Без провизија за проверка на состојба на банкомат;
- Можност за едноставно префрлање на средства од кредитот на трансакциска сметка без провизија и нивно користење преку дебитна картичка;
- Доспевање на долг на 15-ти во месецот (нема бескаматен период);
- Едноставно подмирување на обврските преку услугата траен налог;
- Можност за минимално враќање од само 3% од искористениот дел од кредитниот лимит;
- Поволна каматна стапка на искористениот дел од кредитниот лимит;
- Можност за прилагодување на дневните лимити на картичката;
- Едноставно следење на состојбата на сметките преку услугите Интернет банка, мБанка и SMS банкарство;
- 24-часовна поддршка за корисниците.


Користење на СМАРТ кредит


СМАРТ кредитот може да се користи преку картичка за подигнување и уплата на готовина во денари на сите банкомати на Комерцијална банка АД Скопје (доколку клиентот при аплицирање избере да користи картичка) или со вршење безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на сопствена трансакциска сметка на Корисникот во Банката, од каде може да ги користи преку својата дебитна картичка.


СМАРТ кредитот Ви нуди флексибилност во користењето и отплатата на средствата. За подобро да се запознаете со револвинг принципот на користење на овој кредит, прочитајте го следниот Информатор за користење на СМАРТ кредитот.


Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас.


За поголема сигурност и комфор при користењето на СМАРТ кредитот преку картичка ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје (точките 4, 5 и 6 од советите за безбедно користење не се однесуваат на СМАРТ кредитот).


Едноставно до Вашиот СМАРТ кредит


Следете ги трите чекори за добивање на Вашата нова MasterCard® Revolving кредитна картичка: картичка:



1
Пополнете го краткото барање за СМАРТ кредит и обезбедете ја кратката придружна документација.
2
Барањето, заедно со документацијата, доставете го во најблиската поголема експозитура со одговорен работник или во филијала на Банката.
3
Го подигнувате Вашиот нов СМАРТ кредит преку картичка во рок од 5 до 7 работни дена од поднесување на барањето.

Услови и надоместоци


Корисници

кредитоспособни физички лица на возраст помеѓу 18 и 60 години

 

Номинални каматни стапки***

Промотивно до 31.12.2020 година:
- 7,0% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит
(референтна каматна стапка од 1,53% зголемена за 5,47пп.)*
- 9,5% над износот на кредитниот лимит

Редовни услови:
- 9,1% годишно на искористениот износ до кредитниот лимит
(референтна каматна стапка од 1,53% зголемена за 7,57пп.)*
- 9,5% над износот на кредитниот лимит

Годишна членарина**

 

корисник на СМАРТ кредит

корисник на дополнителна картичка***

за кредитен лимит до 150.000 денари

600 денари

300 денари

кредитен лимит од 150.001 до 250.000 денари

 960 денари

 480 денари

кредитен лимит над 250.000 денари

 1.440 денари

 720 денари

Начин на користење

- подигнување и уплата на готовина преку банкоматите на Банката
- пренос на средства од СМАРТ кредитот на сопствена трансакциска сметка во Банката преку Интернет банка и Мбанка

Надоместоци за користење

надомест за аплицирање и обработка

без провизија (во промотивен рок до 31.12.2020 г.)

подигнување готовина преку банкоматите на Банката

без провизија

пренос од картичка на трансакциска сметка

без провизија


* Како референтна каматна стапка се користи стапката што е објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ (www.nbrm.mk) на секој 25.06. и на секој 25.12. под називот „каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и истата ќе се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Рефeрентната каматна стапка која важи во моментот изнесува 1,53%. Банката на својата веб-страница редовно ќе ја објавува важечката референтна каматна стапка за пресметка на каматата. ТУКА

**Годишната членарина за СМАРТ кредитот ќе се пресметува на месечно ниво, односно сметката ќе се задолжува на 12 еднакви месечни износи. Доколку Корисникот го затвори СМАРТ кредитот пред истекот на годината за која се наплаќа членарина, Банката ќе го наплати преостанатиот износ на неплатена членарина за соодветната година. Во членарината е вклучена и премијата за осигурување.

***Доколку при аплицирање, Корисникот на СМАРТ кредит ја избрал можноста да не подигне картичка за користење за СМАРТ кредитот, истиот не може да има дополнителен корисник (корисник на дополнителна картичка).

Банката применува пропорционална метода за пресметка на камата.

 



Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам