• Договор и општи услови за Домашна платежна картичка


  • Договор за трансакциска сметка


  • Општи услови за трансакциска сметка


  • Експозитури и филијали за ДПК


  • Провери статус на картичка



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Домашна платежна картичка „КУПУВАМ ДОМАШНО“

 

 

Комерцијална банка АД Скопје (во натамошниот текст: Банката) издава Домашна платежна картичка „КУПУВАМ ДОМАШНО“ наменета за купување македонски производи и услуги, за корисниците на финансиска поддршка распределени од страна на Владата на Република Северна Македонија, во согласност со закон и општите акти на Банката.

 

За да проверите дали Вашата картичка ќе се издава преку Комерцијална банка АД Скопје, Ве молиме да ја посетите веб-страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

 

Банката ќе ги извести корисниците за кои има податок за телефонски број, како и корисниците кои имаат Интернет банка или мБанка, кога картичката ќе биде изработена, како и за тоа каде истата може да се подигне.

 

На линкот подолу можете:

  • Да проверите дали Вашата картичка од Комерцијална банка АД Скопје е изготвена и во која експозитура или филијала треба да ја подигнете;
  • Да ја проверите состојбата на расположливи средства.

 

 

Домашна платежна картичка „КУПУВАМ ДОМАШНО“ (во натамошниот текст: ДПК) е платежна картичка издадена од Банката, со ознака „КУПУВАМ ДОМАШНО“, на чија наменска сметка се исплатува финансиската поддршка согласно Уредба со законска сила*.

 


Важни информации:

 

  • За картичките не се аплицира и не се поднесува никакво барање.
  • Картичките се издаваат единствено лично на корисникот на финансиска помош, со важечки документ за идентификација (лична карта или пасош).
  • За малолетно лице кое нема валиден документ за идентификација (лична карта или пасош), задолжително е присуство на родител/старател кој приложува документ извод од матична книга на родени.
  • Провери во која банка е твојата картичка
  • Картичките ќе бидат распоредени во одредени експозитури или филијали, според адресата на корисниците.
  • Листа на експозитури и филијали за подигнување на картичките
  • Банката ќе ги извести корисниците за кои има податок за телефонски број, како и корисниците кои имаат Интернет банка или мБанка, кога картичката ќе биде изработена, како и за тоа каде истата може да се подигне.
  • Најдоцна до 18.07.2020 година, Банката ќе ги изработи и дистрибуира картичките во соодветната експозитура или филијала, со цел истите да може да се подигнат од страна на корисниците.
  • Провери состојба на Домашна платежна картичка „Купувам домашно“
  • Финансиската помош со домашната платежна картичка „КУПУВАМ ДОМАШНО“ ќе може да се користи согласно Уредбата со законска сила од денот на приемот на картичката до 15.08.2020 година. По истекот на овој рок, престанува можноста за користење на финансиската поддршка согласно Уредбата со законска сила.
  • Важни информации за корисниците: www.kupuvamdomasno.gov.mk
  • Уредби со законска сила за финансиска поддршка: линк


Наменска сметка
на корисник на финансиска поддршка е сметка која се отвора со цел да се изврши уплата на еднократната финансиска поддршка од страна на Владата на Република Северна Македонија и која е поврзана со домашната платежна картичка.

 

Согласно Уредбата со законска сила, финансиската поддршка е наменета за граѓани и за вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19. За подетални информации посетете ја веб-страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

 

Издавањето на Домашната платежна картичка „КУПУВАМ ДОМАШНО“ ќе се врши во просториите на Банката, во посебно одредени експозитури/шалтери за таа намена.

 

Картичката се подигнува само лично со валиден документ за идентификација, лична карта или патна исправа издадени од МВР на РСМ. Корисникот го потврдува подигнувањето на картичката со потпишување Потврда за прием.

 

Доколку корисник на картичката е малолетно лице кое нема валиден документ за идентификација (лична карта или пасош), задолжително е присуство на родител/старател кој приложува документ извод од матична книга на родени.

 

При подигање на картичката корисникот согласно со Уредбата со законска сила, потпишува и изјава за согласност, со која потврдува дека се согласува со Договорот и општите услови за издавање домашна платежна картичка „КУПУВАМ ДОМАШНО“ – јавно објавен на следниот линк: Договор и општи услови за Домашна платежна картичка „Купувам домашно“.

 

На корисниците кои претходно не биле идентификувани од страна на Банката и немаат трансакциска сметка во Банката, согласно Уредбата со законска сила, Банката ќе им отвори нова денарска трансакциска сметка. Со потпишување на изјавата за согласност (при издавање на ДПК), се смета дека е склучен и договорот за отворање трансакциска сметка. Договор за транскациска сметка, Општи услови за трансакциска сметка.

 

Во интерес на Вашата безбедност и безбедноста на вработените, Ве молиме да се почитуваат мерките за спречување на ширењето на Covid 19 – задолжително носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното физичко растојание и дезинфекција на рацете.

 

Користење на картичката
  

Корисниците на финансиска поддршка, Домашната платежна картичка „Купувам домашно“ ќе може да ја користат согласно Уредбата со законска сила од денот на приемот на картичката до 15.08.2020 година.
По истекот на предвидениот рок, престанува можноста за користење на финансиската поддршка согласно Уредбата со законска сила.

 

Финансиската поддршка не може да се користи со употреба на кој било друг платен инструмент, освен со Домашната платежна картичка „Купувам домашно“.

 

Картичката нема да може да се користи за:

  • подигање готовина од банкомати, од ПОС терминали или со налог за исплата на готовина на шалтерите на банките,
  • конверзија во странска валута или како замена за готовина,
  • плаќања производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали, подигнување готовина на банкомати и други терминали, опслужувани од нерезиденти и/или резиденти, вршители на дејност надвор од територијата на Република Северна Македонија,
  • пренос на парични средства кон други сметки во банката издавач на ДПК и/или кон други сметки кај друг носител на платен промет, независно дали е тоа сметка на лицето корисник на финансиската поддршка или е сметка на друго физичко и/или правно лице,
  • плаќање за македонски производи и услуги кои не ги исполнуваат дефинициите од Уредбата со законска сила,
  • плаќање на правни и физички лица кои не го исполнуваат условот за вршење дејност согласно Уредбата со законска сила.

 



Надоместоци

 

На наменската сметка отворената за исплата на финансиска поддршка, Банката:

 

  • нема да наплатува надоместоци за издавање на Домашната платежна картичка,
  • нема да наплатува членарина за првата година на важност на картичката,
  • нема да наплатува надоместоци за отворање, водење, управување, одржување и слични надоместоци за сметката поврзана со картичката, до крајот на 2020 година,
  • нема да врши уплати во периодот од издавањето на картичката до истекот на рокот за користење на финансиската помош.

 

* Уредба со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба (Службен весник број 137/20, од 27.05.2020 година) и Уредбите со законска сила за изменување на уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба (Службен весник број 147/20, од 03.06.2020 година), (Службен весник број 151/20, од 08.06.2020 година), (Службен весник број 156/20, од 12.06.2020 година), (Службен весник број 169/20, од 22.06.2020 година),(во натамошниот текст: „Уредба со законска сила“).