Траен налог за физички лица
Сопственикот на трансакциската сметка може да отвори траен налог со кој ќе ја овласти Банката, во негово име и од средствата на неговата транскациска сметка, без надомест да врши плаќања на редовните трошоци за домаќинство (сметки за електрична енергија, парно греење, фиксна и мобилна телефонија), пренос на друга трансакциска сметка, на денарска штедна книшка во Банката, како и отплата на кредити издадени од Банката.
Сопственикот на сметката може да отвори и траен налог за пренос на средства од неговата трансакциска сметка на која било друга сметка во Банката или во други деловни банки, со надомест согласно тековната тарифа за извршување на плаќања на шалтерите на Банката.
Банката отвора сметки на слепи лица. Отворање сметка на слепо лице се врши пред двајца сведоци. Притоа, потребно е еден од сведоците да биде вработен во Банката, но може и двајцата сведоци да бидат вработени во Банката. Сведоците на клиентот целосно му ја читаат содржината на Договорот и Општите услови за отворање и работа со трансакциска сметка. Својата согласност дека ги разбира и ги прифаќа одредбите регулирани со овие документи, клиентот ги потврдува со потпишување Изјава со факсимил. Сведоците ја потпишуваат истата изјава со цело име, презиме и потпис и со тоа изјавуваат дека клиентот е запознат со содржината на документите и истите ги прифаќа и се потпишуваат. На клиентот му се издава потписен картон за трансакциска сметка на која е депониран потпис со факсимил, кој клиентот ќе го користи и во иднина при вршење трансакции на сметката.
Услугата отворање на трансакциска сметка за слепо лице може да се добие само во централата на Банката во Скопје како и во филијалите низ градовите во Републиката.
Изјава за отворање траен налог за слепо лице
Сè што треба да направите е да дојдете во една од филијалите и експозитурите со проширени услуги на Банката со последната платена сметка и документ за идентификација и да го потпишете трајниот налог.
Лице за контакт
Неда Радњанска, Раководител на одделение за трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168-265
Факс: (02) 3220-987
e-mail: