• Филијали и експозитури



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Осигурување

 

Osiguruvanje
 

Осигурителни полиси според Вашите потреби, со истите услови и попусти како во осигурителните компании.


Намалете ги Вашите трошоци и добијте комплетна услуга за неживотно осигурување преку мрежата на Комерцијална банка. Со симболична инвестиција во осигурителна полиса, обезбедувате сигурна и безгрижна иднина за Вас и Вашите најблиски.

Сега, со само една посета на Банката можете да добиете:

  • Квалитетни полиси за осигурување од нашите искусни партнери Осигурување Македонија АД Скопје - ВИГ и Триглав осигурување АД Скопје.
  • Добивате еднакви цени и попусти како и во осигурителната компанија.
  • Комплетна услуга на едно место, без потреба од одделна посета на банка и осигурително друштво.
  • Можност за плаќање на рати.
  • Помош од нашите вработени за избор на најсоодветната полиса за Вашите потреби.



Преку мрежата на Комерцијална банка можете да ги добиете полисите обезбедени преку нашите партнери:

Осигурување Македонија АД Скопје:

  • хипотекарна полиса
  • осигурување на домаќинство


Триглав осигурување АД Скопје:

  • патничко осигурување
  • каско-осигурување
  • автоодговорност
  • зелена карта



Хипотекарна полиса

Служи за осигурување на стан или куќа од основни ризици додека објектот е под залог поврзан со кредит од Комерцијална банка. Овие полиси се посебно креирани за корисниците на кредит во Комерцијална банка и имаат специјална цена. Полисата се склучува само еднаш и трае до исплата на кредитот, односно нема потреба да ја обновувате на годишно ниво.

Со хипотекарната полиса отворена преку Комерцијална банка ги намалувате трошоците за станбен кредит, а целата постапка ја вршите на едно место и во рамки на кредитната документација.


Осигурување на домаќинство

Ви нуди целосен мир преку широкото покритие од ризици за Вашиот дом: пожар, поплава, земјотрес, провална кражба, удар од гром, експлозија, демонстрации, лизгање на земјиште итн. Износот за осигурување е симболичен, а Ве штити од огромни штети во случај на непогода или друг осигурен настан.

Полисите за осигурување на домаќинство се склучуваат на една година, а согласно Вашите потреби може да одберете покритие кое најмногу ќе Ви одговара од полисите кои следат:

  • Економична полиса
  • Проширена полиса
  • Проширена плус полиса
  • Специјална полиса



Патничко осигурување

Ве штити при патување во странство од трошоци за здравствено лекување при ненадејна болест и незгода, транспорт во матичната земја или трошоци за купување неопходни работи заради авионско доцнење на багаж повеќе од 20 часа.

Одредени земји, како, на пример, оние од Европската Унија, задолжително бараат патничко осигурување при влез во земјата.
 

Каско-осигурување на моторни возила

Со полисата за каско-осигурување добивате најшироко покритие од ризици за Вашето возило, а до одредено ограничување е покриен и багажот кај патничките моторни возила.

Каско-осигурувањето ги отстранува сите Ваши грижи. Со оваа полиса го осигурувате Вашиот автомобил од штети при: сообраќајна незгода, паѓање или удар со предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, поплава, порој и високи води, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражба и разбојништво во цела Европа, злонамерни постапки и обештетување на трети лица, оштетување на тапацир при давање помош на лица повредени во сообраќајна незгода, намерно предизвикана штета на возилото за да се спречи дополнително и поголемо оштетување на автомобилот, но и на други предмети или лица.


Автоодговорност и Зелена карта

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно за да се вклучи возилото во сообраќај. Со оваа задолжителна полиса се осигурувате од одговорност за штети кои сте ги причиниле на трети лица, а дополнително можете да ги осигурате и стаклата на Вашето возило.

Износот на годишната премија зависи од видот на моторното возило. Полисата можете да ја набавите уште при самата уплата на средства за купување на возилото – и да ја намалите потребата од повторна посета на шалтери.

Зелената карта служи за заштита на осигуреникот во случај на сообраќајна незгода во странство, доколку тој е причинителот. Валидноста на Зелена карта е поврзана со трајноста на полисата за автоодговорност и може да се извади само во иста осигурителна компанија од каде што е изведена таа полиса.


Постапка во еден чекор

За да добиете повеќе информации и да купите осигурителна полиса потребно е само да ги посетите експозитурите и филијалите во кои имаме лиценцирани вработени за оваа услуга и кои ќе Ви помогнат да ја одберете најповолната полиса за Вас. Потребно е само да ја понесете соодветната документација, зависно од полисата и важечки документ за лична идентификација.



Лице за контакт



Бојан Слабев, Самостоен стручен соработник за инвестиции, одржување и осигурување
Телефон: (02) 3168-419
e-mail: Bojan.Slabev@kb.com.mk
Веб-страницата на Комерцијална банка АД Скопје користи колачиња (cookies). Колачињата (cookies) се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство. Повеќе информации за начинот на користење и како да ги промените Вашите подесувања за користење на колачињата, може да најдете во документот Политика за колачиња (cookies).
Прифаќам