SMS банкарство за физички лица
Услугата SMS банкарство е информациска услуга на Банката, која им овозможува на имателите на платежни картички издадени од страна на Банката, да примаат SMS информации за промените по сметките на нивните мобилни телефони. Банката испраќа пораки за промените настанати на сметките на платежните картички, по поединечна трансакција, на мобилниот телефон на корисникот на услугата наведен во барањето за користење на услугата.
Корисник на услугата SMS банкарство може да биде секое физичко лице кое:
- е корисник на дебитна и/или кредитна картичка;
- има отворено трансакциска сметка;
- поседува мобилен телефон во мрежата на овластените мобилни оператори на територијата на Република Македонија.
Предности при користење на услугата SMS банкарство за физички лица:
- известувањa во врска со Вашата картичка на било кое место во светот;
- следење на промените на картичката 24 часа во денот, 7 дена во неделата;
- заштита од повеќекратно реализирање на иста трансакција;
- спречување на злоупотреба на картичката;
- дополнителна безбедност при вршење на трансакции.
Потребни документи
За добивање и користење на услугата SMS банкарство се потребни следните документи:
Пополнетото Барање за користење на услугата заедно со потребната дополнителна документација можете да го доставите во една од поголемите експозитури со одговорен работник или филијала на Банката.
Надоместоци за користење
За услугата SMS банкарство се наплатуваат следните надоместоци:
НАДОМЕСТОЦИ ЗА SMS БАНКАРСТВО ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА
|
Регистарција за услугата
|
без надомест
|
Известување за обновување на картичка
|
без надомест
|
Известување за реиздавање на изгубена/украдена картичка
|
без надомест
|
Известување за реиздавање на PIN
|
без надомест
|
Известување за прилив на сметката на картичката
|
3 денари со вклучен ДДВ
|
Известување за одлив на сметката на картичката реализиран на POS терминал или на банкомат
|
3 денари со вклучен ДДВ
|
Сите пораки испратени во текот на месецот ќе бидат наплатени директно од Вашата трансакциска сметка на почетокот на следниот месец.
Лица за контакт
Неда Радњанска, Раководител на одделение за трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168-265
Факс: (02) 3220-987
e-mail:
Елена Арсова Бегиќ, Раководител на одделение за банкарски картички
Телефон: (02) 3168-108
Факс: (02) 3114-232
e-mail: