• Надоместоци за користење


  • Филијали и експозитури на Банката


  • Барање за регистрација на клиент



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Денарски сметки за правни лица



Отворање на сметка за правни лица


Со отворањето на сметка во Комерцијална банка АД Скопје, Вие како правен субјект добивате пристап до широк дијапазон на професионални финансиски услуги кои ќе Ви овозможат континуирано висококвалитетно работење. Нашата банка посветува посебно внимание на работата со правните лица, постојано нудејќи можност за советување и професионална консултација, со цел клиентите да имаат постојана поддршка во секојдневното работење.

Со отворањето на сметка во Банката, имате можност да ги користите следните финансиски услуги:
  • вршење на безготовински и готовински трансакции;
  • уплата на готови пари од дневен пазар преку Cash in банкомати*
  • целосен преглед на Вашата финансиска состојба во секој момент;
  • доставување на налози со идна валута на извршување;
  • SMS, Факс, IVR, Е-mail – правни лица;
  • работење со деловни картички;
  • 24-часовен пристап до Вашата сметка преку услугата Интернет банка;
  • пристап до услугите по најниски надоместоци.

 

* Почитувани, Ве известуваме дека од 01.01.2020 година Комерцијална банка овозможи нова услуга со која сите правни лица кои поседуваат Visa Business Debit дебитна картичка може на банкомат да вршат уплата на готовина по основ на дневен промет. Банкоматите ги прифаќаат сите книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари, а средствата се евидентираат на основната трансакциска сметка на правното лице-имател на картичката.

Искористете го и промотивен рок до 31.12.2020 година, во кој можете на банкомат да вршите уплата на дневниот промет без надомест.

Уплатата на готовина можете да ја вршите на банкоматите на Комерцијална банка на следните локации: Експозитурите во Скопје - Ѓорче Петров, Ченто, Маџари, ГТЦ 1, Стопанска комора, Лептокарија, Буњаковец, Бисер, Автокомандa и 11 Октомври и во трговските центри Скопје Сити мол и Капитол мол; филијалите - Штип, Струмица, Охрид и Прилеп.


За да отворите денарска сметка за правни лица потребно е да ги пополните следните формулари:

 Барање за отворање на трансакциска сметка
 Договор за отворање и водење на трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата
 Општи услови за отварање и водење на трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата
 Надоместоци за услуги во денарски платен промет
 Потписни картони
  Апликација / Барање за регистрирање на клиент - правно лице
  Потписни картони (ИД картичка)

Напомена: за физичките лица кои ќе се појават во својство на потписници на сметка, управител/и, основач/и или вистински сопственик, потребно е да се приложи следниот формулар:
  Апликација / Барање за регистрирање на клиент - физичко лице


Наведените формулари е потребно да ги доставите пополнети во Централата на Банката во Скопје во Службата за отворање на сметки или во една од нашите филијали и експозитури низ Републиката и експозитури со одговорен работник во Скопје со шалтери наменети за работа со правни лица секој работен ден од понеделник до петок во периодот 08.00-16.00 часот. При отворањето на Вашата денарска сметка се почитуваат Вашите финансиски барања и притоа се става акцент на едноставното работење и управување со неа.


Работење со сметка за правни лица


За да пријавите статусна промена на правниот субјект (промена на управител, промена на назив и сл.) потребно е да ги пополните следните формулари:

 Барање за статусни промени

Во тековното работење со Вашата сметка ќе Ви бидат потребни следните формулари:

 height= Повеќенаменско барање
 Барањеза препис на налог за физичко лице
 Барање за препис на налог за правно лице
 Барање за пренос на основачки влог

Лица за контакт



Вангелија Кочковска, Раководител на одделение за отварање на трансакциски сметки
Телефон: (02) 3168–914
e-mail: Vangelija.Kockovska@kb.com.mk

Горан Јакимовски, Координатор за платен промет во земјата
Телефон: (02) 3168-907
e-mail: Goran.Jakimovski@kb.com.mk