• Барање за e-mail/факс услуга за испорака на заклучници



Контакт
contact@kb.com.mk

контакт центар:
(02) 3 296 800

Купопродажба на странски платежни средства



Купопродажба на девизи за денари за правни лица - резиденти и нерезиденти (девизен пазар), се врши со котирање на актуелни пазарни курсеви и опфаќа:

  • промптни купопродажби на девизи за денари,
  • термински купопродажби на девизи за денари.

Купопродажба на девизи се врши секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот.

Налозите за купување и продавање се испраќаат на факс: (02) 3113-228 и (02) 3213-425 или на e-mail: devizenpazar@kb.com.mk.

Купувањето и продавањето на девизи се договара со дилерите на Банката на телефон: (02) 3247-410 - снимен разговор и (02) 3247-413, (02) 3247-414, (02) 3247-415, (02) 3247-416, (02) 3247-417, (02) 3247-418.

Договорената трансакција се потврдува со испраќање на пропишан образец - промптна заклучница и терминска заклучница на факс: (02) 3113-228, (02) 3213-425 или на e-mail: devizenpazar@kb.com.mk.

Купопродажбата на девизи за денари во директен контакт може да се врши во просториите на Централата на Банката (зграда КБ 1), во дел од експозитурите во Скопје (Ѓорче Петров, Сити Мол, Лептокарија, Капиштец, Буњаковец, ГТЦ, 11 Октомври, Драчево, Скопјанка, Бисер, Јане Сандански, Цветан Димов, Автокоманда и Маџари) и во филијалите на Банката низ Републиката.

 
Услугите за девизен пазар достапни се и преку услугата Интернет банка.