Основни информации за кредитите за правни лица
Комерцијална банка АД Скопје посебно внимание обрнува на кредитната подршка на правни лица. Во Банката ќе добиете советодавна, квалитетна и ефикасна услуга од нашиот стручен тим кој ќе Ви помогне во реализацијата на Вашите барања.
По поднесување на барањето за кредит, Банката прави формален преглед дали е комплетна документацијата. Доколку документацијата е комплетна, барањето се обработува, при што се оценува бонитетот на барателот и планираната зделка за која се наменети средствата.
Информациите за комитентот, подносител на барањето за кредит, Банката ги обезбедува од самиот комитент и од сопствени извори.
Комитентот во разумен рок е информиран за поднесеното барање со известување дали бараниот кредит е одобрен или не.
На врвот ^
Максималниот рок на отплата на кредитите може да биде до 10 години со вклучен грејс период од 2 години.
На врвот ^
На искористениот износ на кредит, Банката наплатува еднократен надомест во висина од 0.05 % до 1.5% зависно од видот на кредитот, рокот на враќање на кредитот и изворот на средствата за кредитот.
Надомест за проценка на вредноста на недвижниот имот (повеќе на линк).
Надомест за издавање согласности поврзани со имот врз кој е воспоставено заложно право во корист на банката (повеќе на линк).
На врвот ^
Потребна документација
1. Барањето за кредит треба да ги содржи следните елементи:
- Полн назив на претпријатието;
- Адреса на претпријатието;
- Основачи и органи на управување;
- Доколку основачите се основачи во други друштва, да се наведат друштвата и процентот на учество во капиталот на друштвото;
- Управување во други друштва;
- Шифра на дејност;
- Матичен број;
- Број на жиро-сметка/сметки;
- Деловна банка/банки;
- Намена и износ на бараниот кредит со образложение;
- Основна дејност;
- Организациона поставеност;
- Број на вработени и квалификациона структура;
- Техничко-технолошка опременост и искористеност на капацитетите;
- Асортиман на производство прикажан во физички и во вредносен обем;
- Склучени договори за работа;
- Спецификација на поголеми купувачи и добавувачи;
- Извештај за состојбата на залихите;
- Задолженост во други банки и финансиски организации;
- Преземени идни обврски (акредитиви, гаранции и сл.);
- Опис на понуденото обезбедување;
- Извори на отплата (CASH FLOW);
- Склучени извозни договори и очекувани девизни приливи по извршен извоз;
- План на девизни приливи и одливи.
За долгорочните кредити е потребно доставување на инвестициона програма со финансиски превидувања за периодот на отплата на кредитот.
2. Копии од решението за регистрација на друштвото со сите прилози*;
3. Картон за депонирани потписи заверени од матичната банка*;
4. Известување за претежна дејност на друштвото*;
5. Промет на денарски и девизни сметки на комитентот во други банки;
6. Завршни сметки за последните 2 години и периодична пресметка (за потребите на Банката);
7. Девизен биланс – структура на побарувања и обврски од странство прикажани по валути и рокови на доспевање за наплата, односно плаќање;
8. Ревизорски извештаи за друштва кои се законски обврзани да изготвуваат вакви извештаи;
9. Список на целокупниот имот со кој располага барателот на кредит (недвижен и повижен), потпишан од барателот;
10. Доказ за сопственост на понуденото обезбедување:
10.1. Имотен лист за недвижен имот;
10.2. Фактури, УЦД за залог на опрема.
* само за оние клиенти кои немаат отворено жиро-сметка во Комерцијална банка АД Скопје
На врвот ^
Лица за контакт
Дирекција за кредитирање на индустрија
Билјана Хаџи Велкова, Директор на дирекција за кредитирање на индустрија
Телефон: (02) 3168-544; (02) 3168-545; (02) 3168-549; (02) 3168-550
e-mail:
Дирекција за кредитирање на агроиндустриски комплекс
Елена Спировска, Директор на Дирекција за кредитирање на агроиндустриски комплекс
Телефон: (02) 3168-507; (02) 3168-526; (02) 3168-524; (02) 3168-522
e-mail:
Дирекција за кредитирање на трговија и туристичко стопанство
Антина Живковиќ, Директор на дирекција за кредитирање на трговија и туристичко стопанство
Телефон: (02) 3161-966; (02) 3168-567; (02) 3168-568
e-mail:
Дирекција за кредитирање градежништво, сообраќај и останати дејности
Наташа Стоименова, Директор на дирекција за кредитирање на градежништво, сообраќај и останати дејности
Телефон: (02) 3168-530; (02) 3168-535; (02) 3168-536; (02) 3168-537
e-mail:
Сектор за кредитирање на стопанството
Илија Мирчевски, Главен координатор за кредитирање на стопанство
Телефон: (02) 3168-504
Факс: (02) 3247-468
e-mail:
e-mail: